ТенисМакедонските тенисерки подобри од репрезентативките на ИсландМакедонската женска тениска репрезентација ја забележа првата победа со конечни 2:1 во групните натпревари од Третата Евро-африканска зона во ФЕД-купот. Марија Еленова ја победи Софија Јонасдотир со 6:2, 6:1, а Катарина Маринковиќ беше поуспешна од Ана Софија Гронхолм со 6:4, 6:2. Во двојки, меѓу истите тенисерки, репрезентативките на Исланд беа поуспешни со 2:0 во сетови (7:6, 6:4) но поразот на значеше ништо за конечниот резултат од дуелот. Нашите најдобри тенисерки утре играат со репрезентацијата на Литванија, која е апсолутен фаворит во групата./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Битола: Спортска Битола го наполни стадионот на натпреварот Македонија против Црна ГораСиноќа спортот и верната публика на фудбалот, покажа и докажаа дека Битола е спортски град.Под рефлектори на стадионот „Петар Милошевски“ се играше меѓународниот натпревар меѓу младите селекции на Македонија и Црна Гора. Натпреварот заврши со резултат 1:1. Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на Општината Борче Димитровски, како и бројни спортски работници беа на трибините на стадионот. „Задоволство беше да бидам дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, на натпреварот меѓу младата селекција на Македонија која со реми ги заврши настапите на домашен терен во квалификациите за младинското Европско првенство, откако во Битола одигра 1-1 против младата селекцијата на Црна Гора. Ова беше голем ден за спортска Битола, многубројната публика покажа и докажа дека Битола го сака, живее за спортот и за вакви големи настани под рефлектори на стадионот кој ги има сите услови и за меѓународни натпревари. Верувам дека и во иднина трибините на стадионот ќе бидат полни како вечерва, особено и со млади гледачи, кои вистински знаат да се радуваат на вакви големи натпревари“ вели градоначалникот на Битола. Во два дена, два големи спортски настани беа одиграни во Битола, пред два дена ракометен, а синоќа фудбалски спектакл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Салата со пестоВо петок (25.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Александра Илиевска.Состојки за денешниот рецепт: 2 - 3 домати свежа рукола една кеса 1 кромид тегличка песто 100 гр. сирење малку сусам Омлет 4 јајца 100 гр. сирење маслиново масло малку сусам сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРоналдо ја напушта репрезентацијата, дебатата се проширува: Се вклучи и селекторот на БелгијаЗаминувањето на легендарниот капитен Кристијано Роналдо од португалската репрезентација стана тема и на прес-конференцијата што ја одржа селекторот на Белгија, Марк ван Бомел. Холандскиот стратег ги коментираше постапките на Жорже Жезус, конкретно прашањето околу ветувањето дадено на играч дека ќе добие шанса за настап. Ван Бомел смета дека тренерот не треба однапред да гарантира минутажа, бидејќи начинот на кој се одвива натпреварот може да наметне потреба од поинакви одлуки. „Ако дадете такво ветување, мора да го исполните. Никогаш не сум му ветил на играч дека ќе игра, бидејќи никогаш не се знае што може да се случи. Мора да ги оставите опциите отворени, дури и ако му кажете на играчот дека постои голема веројатност да влезе во игра. Тоа е она што можете да го направите“, истакна селекторот на Белгија. Неговата порака се однесува на разликата меѓу најавување на евентуален настап и давање цврсто ветување за кое играчот очекува дека тренерот ќе го исполни. Ван Бомел остави простор за можноста португалскиот тренер да имал свои причини за таквиот потег, но повтори дека таков пристап не е дел од неговиот начин на работа. – Жорж Жесус веројатно имал свои причини, но на пријателски натпревар е полесно да се вети дека некој ќе одигра 40 или 60 минути. Да се ветуваат такви работи, да се размислува... Мислам дека никогаш не сум го направил тоа – додаде тој. Роналдо го напушти собирот по изјавите на Жесус и разговорите со претседателот на португалската федерација. Претходно, тој се загреваше на натпреварот против Норвешка, но не доби шанса да заигра. Капитенот најави дека во соодветно време детално ќе ја изнесе својата верзија за причините за заминувањето.Тагови: Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook