3Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата
2Светски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психолог
ТенисМакедонските тенисери со најдобар ранг во кариерата Тројцата најдобри македонски тенисери на денешната најнова ранг листа го имаат најдобриот ранг во кариерата. Димитар Грабул со новите поени има вкупно 66 и се наоѓа на 512.место (скок 5 позиции). Томислав Јотовски има најголем напреок со скок од 23 места - 794.место со 23 поени, додека Шендрит Деари има 7 поени и е на 1.131 место (напредок 11 места). Пласман со пад имаат Бесир Дургути - 1.688 место (2 поена) и Стефан Мицов - 2.011 место (1 поен). Во женска конкуренција Лина Ѓорческа е на 520.место на ВТА листата (две позиции послабо од најдобриот ранг). И Ѓорческа има скок од седум места и 64 поени. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи.По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот. За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата. Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со која се дава поддршка за органодарителството и трансплантацијата. Светлината ја пренесува пораката дека хуманоста може да спаси животи. Секој донор е надеж. Секое „да“ е нов живот. Да ја шириме свесноста, да поттикнуваме хуманост и да даваме надеж за нов живот!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЖивотУраган од четврта категорија се движи кон брегот на МексикоМоќниот ураган „Симон“ од четврта категорија се движи кон мексиканскиот брег со голема брзина.Националниот центар за урагани во Мајами утрово објави дека брзината на ветерот достигнала 225 километри на час. Симон би можел да донесе помеѓу 25 и 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а на некои места и до 76 сантиметри, се вели во соопштението на центарот. Жителите се повикуваат да се подготват. Метеоролозите предупредија на поплави и свлечишта што претставуваат опасност по животот. Државата халиско објави дека нема да има настава за понеделник и започна евакуација на десетици луѓе од загрозените подрачја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
СветВо руски напади врз Запорожје загинаа осум лица, меѓу кои три децаНајмалку осум лица, меѓу кои и три деца, загинаа, а 16 се повредени во руските воздушни напади што беа извршени рано утринава врз градот Запорожје, на југоистокот на Украина, соопштија украинските власти. Во нападите уште 12 лица се водат како исчезОва го потврди Иван Федоров, копретседавач на советот за одбрана на запорошкиот регион, откако претходните податоци на националната полиција и на регионалната воена управа укажуваа на седум жртви во овој регионален центар, што се наоѓа на само неколку десетици километри од линијата на фронтот. „Рано утринава руските сили фрлија пет наведувани воздушни бомби врз станбените населби во регионалниот центар запорожје. Две од нив погодија станбени згради“, се наведува во соопштението на националната полиција. Украинските служби за итни интервенции извлекуваа луѓе од урнатините, јави известувачот на франс прес од местото на настанот. Русија во последните месеци ги засили нападите врз украинската територија, што доведе до зголемување на бројот на цивилните жртви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00