3Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
РакометМакедонските ракометни екипи ќе ги добијат ривалите во групите од Лигата на шампионитеТри македонски екипи и во новата сезона од ракометната Лига на шампиони ќе ја претставуваат нашата држава во најсилното натпреварување.Кај мажите покрај шампионот Вардар ќе игра и Металург, пред се, поради одличните резултати претходните неколку сезони токму во Лигата на шампионите, додека во женска конкуренција ЖРК Вардар ќе се обиде уште еднаш да избори место на завршниот турнир. Според новиот формат во машката Лига на шампионите 16 екипи (меѓу нив и Вардар) ќе бидат поделени во групите А и Б. Екипи од иста држава нема да можат да бидат во иста група со исклучок на Германија, која ќе има три екипи. Тимови од ист „шешир“ ќе бидат поделени во двете групи. „Шешир 1“: Барселона (Шпанија), Кил (Германија). „Шешир 2“: Веспрем (Унгарија), Киелце (Полска). „Шешир 3“: ПСЖ (Франција), Вардар (Македонија). „Шешир 4“: Копенхаген (Данска), Цеље (Словенија). „Шешир 5“: ПИК Сегед (Унгарија), Висла (Полска). „Шешир 6“: Загреб (Хрватска), Рајн Некар Ловен (Германија). „Шешир 7“: Кристијанстад (Шведска), Бешикташ (Турција). „Шешир 8“: Монпеље (Франција), Флензбург (Германија). Во вториот дел од Лигата на шампионите ќе играат 12 екипи поделени во две групи Ц и Д, а тука ќе се натпреварува Металург. „Шешир 1“: Ла Риоха (Шпанија), Металург (Македонија). „Шешир 2“: Мешков Брест (Белорусија), Сјкерн (Данска). „Шешир 3“: Чеховски Медведи (Русија), Мотор Запорожје (Украина). „Шешир 4“: Порто (Португалија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија). „Шешир 5“: Баја Маре (Романија), Војводина (Србија). „Шешир 6“: Татран Прешов (Словачка), победникот од квалификациите. Првото коло од групната фаза е предвидено да се игра во периодот од 16 до 20.септември. Противниците за Лигата на шампионите ќе ги добијат и ракометарките на ЖРК Вардар. Тие на извлекувањето се наоѓаат во „шешир“ заедно со екипите на: Крим, Букурешт и Турингер што значи дека против овие тимови нема да играат во првата фаза. „Шешир 1“: Будуќност (Црна Гора), Ференцварош (Унгарија), Ларвик (Норвешка), Митјиланд (Данска). „Шешир 2“: ЖРК Вардар (Македонија), Крим (Словенија), Букурешт (Романија), Турингер (Германија). „Шешир 3“: Ростов Дон (Русија), Савехоф (Шведска), Хипо (Австрија), Подравка (Хрватска). „Шешир 4“: Флери (Франција), Лубин (Полска), квалификант 1, квалификант 2. 16-те екипи ќе бидат поделени во четири групи, а првото коло ќе се игра од 16 до 18.октомври. Извлекувањето на групите во двете конкуренции ќе се изврши во Виена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
СветБелорусија: Амбасадата во Финска ќе биде затворенаБелорусија објави дека ќе ја затвори својата амбасада во Финска од 1 септември, соопшти вчера финското Министерство за надворешни работи.Одлуката за затворање на амбасадата, која беше отворена во Финска во 2011 година, ја донесе Советот на министри на Белорусија и ја потпиша премиерот на земјата Александар Турчин, објави финскиот весник „Хелсингин Саномат“. Последниот белоруски амбасадор во Финска беше Алексеј Самосуев, кој ја извршуваше функцијата од 2018 до 2024 година, а по него не беше назначен нов амбасадор. Финска нема амбасада во Белорусија, но Министерството за надворешни работи на земјата има канцеларија за врски во Минск, која ќе продолжи да работи. Извор: Б92Тагови: белорусија Финска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПродолжува пинг-понгот меѓу Анкара и Тел АвивАнкара вчера го осуди обидот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како што рече, да „ја претстави Турција како нова закана“.Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, објавено на платформата X, се вели дека Турција ги осудува „ситните политички тактики“ на Нетанјаху. Кабинетот на Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ во соопштение откако Турција издаде меѓународна потерница по него поради пресретнување на активистичка флотила што се упатуваше кон Појасот Газа. Израел бомбардираше воздухопловна база во северозападна Сирија оваа недела, тврдејќи дека Турција го проширува своето воено присуство во областа, тврдење што Анкара го негираше.Тагови: Анкара Тел Авив Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/чВчера (21.08.2026) во 13:15 часот, на Граничен премин Табановце, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле проверка на патничко моторно возило „порше“, со холандски национални ознаки управувано од М.А.(35), државјанин на Холандија.При извршената проверка, преку системот „Safe City“ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувало со возилото со брзина од 168 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. М.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за стореното кривично дело.Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter