Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ порасна на 59: Партијата на Турците влегува во власта со министерско место
2Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ порасна на 59: Партијата на Турците влегува во власта со министерско место
РакометМакедонските ракометари во третиот „шешир“ пред жрепката за ЕП 2026Откако македонската ракометна репрезентација во неделата се квалификуваше за Европското првенство следната година, денеска дозна дека ќе биде сместена во третиот „шешир“ пред ждрепката за завршниот турнир.Македонија е во ист ранг со Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка и Полска и со овие репрезентации нема да биде во иста група на почетокот на Европското првенство. Шешир 1: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија Шешир 2: Португалија, Норвешка, Исланд, Хрватска, Шпанија, Фарски Острови Шешир 3: Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка, Полска, Македонија Шешир 4: Грузија, Србија, Швајцарија, Романија, Украина, Италија Ждрепката ќе се одржи во данскиот град Хернинг на 15 мај со почеток во 19 часот. Веќе е познато дека Германија ќе игра во групата А во Хернинг, Данска во групата Б во истиот град, а Шведска во групата Е во Малме. Норвешка ќе игра во групата Ц во Осло, Фарските Острови ќе бидат во истиот град, но во групата Д, додека Исланд е сместен во групата Ф во Кристијанштад. Репрезентациите ќе бидат поделени во шест групи од по четири екипи. Европското првенство заедно ќе го организираат Данска, Шведска и Норвешка од 15 јануари до 1 февруари 2026 година./МИАТагови: ЕП 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНасилство низ Европа по натпреварот меѓу Мароко и Франција- полицајци спасуваат жива глава (ВИДЕО)Фудбалската репрезентација на Франција го победи Мароко со 2:0 во четвртфиналето на Светското првенство. Французите славеа со головите на Килијан Мбапе и Усман Дембеле. Во полуфиналето, Франција го чека подобриот од Шпанија и Белгија, кои ќе играат вечерва во 21:00 часот. British police officers fleeing rioting supporters of Morocco in London after the France-Morocco game 🇬🇧🇲🇦🇫🇷 pic.twitter.com/2wd5jGyGpo — Visegrád 24 (@visegrad24) July 10, 2026 По победата на Франција, низ цела Европа избувнаа немири, главно предизвикани од Мароканци. Беше многу интензивно во Лондон, каде што полицајци беа снимени како бегаат од група демонстранти во претежно муслиманска населба. Еден полицаец беше повреден. Некој го удрил со шише во главата. BREAKING: Young rioters attacking police officers in Paris tonight after the France-Morocco game pic.twitter.com/cIE7jtbTkl — Visegrád 24 (@visegrad24) July 10, 2026 Демонстрантите, исто така, се побунија во Париз, каде што беа измешани навивачи на Франција и Мароко. Ова видео покажува како тие нападнаа полициско возило. Француската влада мобилизираше 20 илјади полицајци низ целата земја, од кои осум илјади само во Париз. German police chase rioting Moroccan fans in Düsseldorf after Morocco lost to France in the World Cup 🇩🇪🇲🇦🇫🇷 pic.twitter.com/HqIFW3ofIn — Visegrád 24 (@visegrad24) July 10, 2026 Напади врз полицајци низ Европа Странските медиуми известуваат за немирите во холандските градови Амстердам, Ротердам, Хаг и германскиот Дизелдорф. Во Хаг, навивачите на Мароко фрлаа стаклени шишиња кон полицијата, а Амстердам објави дека се уапсени најмалку осум лица. Во Диселдорф, тројца полицајци беа повредени од пиротехнички средства фрлени кон нив од страна на мароканските навивачи.Тагови: полицајци Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38Продолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Црна хроникаОЈО: Се проширува истрагата за ботоксите- приведени се три лица, од кои двајца докториПриведени се три лица, од кои двајца доктори.Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При тоа, се приведени три лица, од кои двајца доктори. Врз основа на прибраниот доказен материјал, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. Тројца осомничени се товарат за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, додека едно лице е осомничено за кривичното дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. По предлог на надлежниот јавен обвинител, на сите четворица осомничени судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки на претпазливост. Предметот е оформен во април годинава кога беше донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против 17 физички и шест правни лица за кои постои основано сомневање дека се инволвирани во извршување на кривичните дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“. Истрагата продолжува во насока на целосно расчистување на сите околности на случајот и утврдување на евентуална инволвираност и на други лица, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ порасна на 59: Партијата на Турците влегува во власта со министерско местоПратеникот од Демократската партија на Турците се приклучи кон ВМРО-ДПМНЕ, со што владејачкото мнозинство сега брои 59 пратеници. Парламентарното мнозинство доби уште еден пратеник - Демократската партија на Турците се приклучи кон коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со што оваа пратеничка група сега ќе брои 59 пратеници. ДПТМ ќе добие министерско место во Владиниот кабинет како и раководни позиции во одредени институции, најави премиерот Христијан Мицкоски. „Членот во Владиниот кабинет и неговите обврски ќе бидат претставени пред јавноста и парламентарците следната недела. Ќе има поголем опсег портфолиото на членот на Владата кој што доаѓа од ДПТМ, ќе опфаќа повеќе области, но нема да застанеме тука. Јас очекувам дека ДПТМ ќе предложи сериозни кандидати кои што ќе бидат дел од другите институции и ќе предводат други институции.“ Името на новиот министер ќе биде познато следната недела, а коалициската соработка со ДПТМ ќе важи и за следните изборни циклуси, посочи премиерот. ДПТМ во Собранието е застапена преку пратеникот Бејџан Иљаз, кој беше избран како дел од Европскиот фронт предводен од ДУИ. Сепак, партискиот лидер Зулфикар Зејнула, вели дека политичкото партнерство со ЕП е раскинато уште пред локалните избори и оттогаш во Собранието дејствуваат независно. „Ние со Европскиот фронт пред година дена раскинавме договор, пред локални избори и година дена ДПТМ и во парламентот бевме како независна партија а исто така и во парламентот делувавме со пратеникот како независна партија. Затоа, не дека се направи пресврт, туку сега успеавме да се договориме и сега се направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за долги, долги години.“ Реконструкцијата на Владата се очекува да заврши следната недела најпрвин со разрешување на дел од акутелните а потоа и со гласање на новите осум министри. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook