3Ревизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Слабости во набавките и управувањето со залихите
Други спортовиМакедонските одбојкари посакуваат барем некој бод против фаворизираната ЕстонијаМакедонската одбојкарска репрезентација против Естонија ќе го почне второто учество во Европската лига. На гостувањето во Парну нашите одбојкари одат со цел да освојат барем некој бод со што би си ги зголемиле шансите за повторување на ланскиот резултат кога играа во полуфиналето. Селекторот Жарко Ристоски фаворитската улога, не само на дуелите со Македонија, туку и во групата и ја додели на Естонија. - Задоволен сум од подготовките на кои сите репрезентативци го дадоа максимумот. Играме против Естонија, многу силна селекција која има три настапи во последните шест години на Европските првенства. Најголемата опасност доаѓа од нивните четворица најискусни играчи, предводени од Адо Крек кој беше колега на нашиот Никола Ѓорѓиев во тимот на Париз волеј. Не сме оптоварени со императив од две победи, но ќе се потрудиме да им зададеме колку можеме поголема мака и од овој двомеч да се вратиме барем со некој освоен поен, рече Ристоски на денешната прес-конференција. Капитенот Никола Ѓорѓиев очекува добро издание на Македонија. - Ја респектираме Естонија и малку се плашиме од нив, но истото тоа важи и за нив кои тотално не почитуваат и од сознанијата што ги имам одат барем на една победа со нас. Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата, добри услови, работевме напорно и одиме „гради во гради“ со цел да не бидеме со нула бодови по двата натпревари што заедно со максимални 18 поени на домашен терен е рецептот за „фајнл-фор“, потенцира Ѓорѓиев. Македонија на 10 и 11 јули гостува во Естонија, потоа следуваат шест натпревари на домашен терен, по два со Израел (18 и19 јули), Данска (25 и 26 јули) и Австрија (1 и 2 август), за натпреварите во А групата македонската селекција да ги заврши на гостувањата во Полска на 7 и 8 август. Во Б-групата учесници се Словенија, Турција, Грција, Белорусија, Хрватска и Романија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалТухел: „Пуштете ги децата - секогаш ќе има училишта, Светското првенство е на секои четири години“ Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги повика родителите да ги остават своите деца да останат будни цела ноќ за да го гледаат осминафиналниот натпревар на Светското првенство против Мексико.Фудбалерите на Англија ќе играат против Мексико во Мексико Сити во ноќта меѓу недела и понеделник – во 1:00 часот по британско време, односно во 2:00 часот по средноевропско време – во натпревар од осминафиналето на Светското првенство. Како што пренесува Би-би-си, родителите се во дилема дали да им дозволат на своите деца да го гледаат натпреварот, бидејќи распустот сè уште не е почнат. „Напишете оправдување за училиштето и дозволете им да гледаат“, рече Тухел. „Училишта секогаш ќе има, но Светското првенство се игра на секои четири години. Нека гледаат. За четири дена нè очекува важен натпревар и ни е потребна поддршка од сите, особено од децата“, изјави Тухел. Англија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако со пресврт ја совлада Демократска Република Конго со 2:1.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
СветПожар во болница во северна Германија: Сите пациенти евакуирани, има загинатиДвајца пациенти загинаа рано утринава, на 2 јули, во пожар во болница во Лудвигслуст, во северниот дел на Германија, а најмалку 34 лица се повредени, соопшти противпожарната служба на тој град. Болницата беше целосно евакуирана откако избувна пожарот, а противпожарната служба соопшти дека за пациентите се грижат на безбедна локација во рамките на болницата, пренесува „Тагесшау“ (Tagesschau). Според првичните информации, пожарот избувнал во собата на еден од пациентите, по што се запалил и покривот на одделот за радиологија. Како што се наведува, пожарот сега е под контрола, а поради густиот чад, жителите на околните улици се предупредени да ги држат прозорците и вратите затворени, пренесува Танјуг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМарк Закерберг го разби најголемиот мит за создавањето на ФејсбукМарк Закерберг, основачот на Фејсбук, откри што, според него, филмот „Социјалната мрежа“ целосно го пропуштил. Тој исто така откри дека го погледнал само еднаш. Еден од најбогатите луѓе на светот, Закерберг, чие богатство денес се проценува на околу 189 милијарди долари, го основал Фејсбук во 2004 година од студентска соба на Харвард, кога имал само 19 години, пишува Унилад. Филмот од 2010 година е еден од првите големи холивудски филмови што го прикажуваат подемот на модерна технолошка компанија. Го следи Закерберг од неговите студентски денови и раскинувања, преку создавањето на Фејсбук, до правните спорови што следеа по неговиот метеорски успех, вклучувајќи го и судирот со ко-основачот Едуардо Саверин. За време на гостувањето во емисијата „The Colin and Samir Show“, Закерберг изјави дека го гледал филмот само еднаш, и тоа заедно со вработените во неговата компанија. „Знаев дека сите секако ќе го гледаат, па решивме да одиме заедно. Беше прилично необично искуство“, рече тој. Тој призна дека авторите на филмот точно погодиле некои детали, како на пример облеката што ја носел во тоа време, но смета дека целосно погрешно ги прикажале неговите мотиви. „Најголемиот проблем беше што филмот сугерираше дека го создадов Фејсбук за да освојам девојка. Тоа едноставно не е точно“, рече Закерберг, додавајќи дека бил во врска со својата сегашна сопруга Присила Чан уште пред да го започне Фејсбук. Закерберг исто така се осврна на една од најраспространетите приказни за создавањето на социјалната мрежа. „Со текот на годините, на интернет се создаде цела митологија за тоа како настанал Facebook. Луѓето го поврзуваат Facemesh – мала, шегаџиска страница што ја направив – со Facebook, само затоа што и двете имиња го содржат зборот 'face' (лице). Сепак, Facemesh беше шега и немаше никаква врска со Facebook“, објасни тој. Тој додаде дека и денес, повеќе од две децении подоцна, луѓето му зборуваат за тоа како Facebook бил создаден како сајт за оценување на изгледот на другите луѓе. Според Закерберг, Facebook уште од самиот почеток бил замислен како многу поголем и посериозен проект отколку што е прикажано во филмот. Од своето основање, компанијата ги презеде Instagram и WhatsApp, а во 2021 година, целата компанија го промени своето име во Meta.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook