Уапсен е братот и најблиската соработничка на Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ – исчезнале 390 милиони евра
2Уапсен е братот и најблиската соработничка на Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ – исчезнале 390 милиони евра
3Николоски пред Комората на вештаци: Зад секоја професионална судска одлука, стои стручното знаење на вештаците
Други спортовиМакедонските одбојкари најавуваат нов триумфОдбојкарската репрезентација на Македонија вечер во СЦ „Борис Трајковски“ ќе одигра уште еден натпревар против Австрија од Европската лига. По вчерашните 3:0 нашите одбојкари најавуваат нов триумф, но исто така се внимателни бидејќи ривалот може да биде незгоден, како што беше вчера во третиот сет. - Првите два сета ги одигравме феноменално и било која репрезентација, исклучок се првите пет од Европа, ќе беше совладана. Имавме околу 5-6 грешки во тие два сета, а кога ќе ги сведеме грешките на минимум лесно е да се игра и противникот тогаш греши. Тоа е рецептот за победа и на вториот дуел со Австрија. Првиот натпревар добро го одработевме, со помош и на „нашата статистика“ точно ја знаевме играта на ривалот, но тоа е веќе минато и немаме право на кикс, изјави капитенот Никола Ѓорѓиев. Синоќа се одиграа и другите два дуела од групата А. Полска како гостин го победи Израел со 3:0, додека Естонија ја совлада Данска со 3:1 и го потврди првото место во групата и пласманот на завршниот турнир. Табела А група: Естонија 23 бодови, Полска 15, Македонија 13, Австрија 9, Данска 5, Израел 4. Репрезентациите на Македонија и на Австрија имаат по еден натпревар помалку.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СкијањеОлимписката шампионка Брињоне ја заврши кариерата Актуелната двократна олимписка шампионка во велеслалом и супер-Џи, Федерика Брињоне, денес објави дека ја завршила својата натпреварувачка кариера поради повреда.- По два дена на снегот, сфатив дека ногата не ми се опоравила и дека премногу ме боли. Поради оваа причина, решив да ја завршам мојата натпреварувачка кариера. Ова беше тешка одлука, и покрај сè што направив за да се вратам, сериозноста на повредата не ми дозволува. Би сакала да учествувам само во уште една, последна трка, ќе ве известам кога - рече Брињоне на Инстаграм. Италијанската скијачка се врати на патеките во вторник за прв пат по операцијата во август, кога ѝ беа вметнати плочи и завртки во левото колено по повеќекратни фрактури на ногата и скинати предни вкрстени лигаменти. Брињоне беше двократна светска шампионка во 2023 и 2025 година, а има сребро и бронза од Зимските олимписки игри во 2022 година и бронза од 2018 година.Тагови: Федерика Брињоне Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка? Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната втора Надзорна расправа за Алта банка, побара од директорот на Македонската берза, Иван Штериев, да одговори што конкретно проверила Берзата.Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната втора Надзорна расправа за Алта банка, побара од директорот на Македонската берза, Иван Штериев, да одговори што конкретно проверила Берзата пред да се реализираат трансакциите за купување на Алта банка АД Битола и друштвото кое денес работи под името Алта осигурување. Цветков посочи дека случајот со Алта банка АД Битола отвора сериозни прашања за функционирањето на финансискиот систем, институционалната одговорност и транспарентноста на пазарот на капитал. „Станува збор за случај кој не смее да се третира само како редовна, деловна или техничка постапка за продажба на акции, особено, ако се има предвид дека станува збор за банкарска институција, чија сопственичка структура претрпе сериозни промени и дека во постапката се вклучени повеќе институции со различни надлежности и одговорности“, рече Цветков. Тој посочи дека Македонската берза има важна институционална улога во обезбедувањето законито и транспарентно функционирање на пазарот, еднакви услови за учесниците и навремено објавување информации од значење за инвеститорите. „Јавноста има право да знае како се случувале овие процеси, кој носел одлуки, врз основа на која информација и дали во секоја фаза биле почитувани принципите на законитост, транспарентност, еднаков третман и заштита на интересите на засегнатите страни“, рече Цветков. Во таа насока, Цветков побара конкретен одговор кои документи и одобренија биле доставени до Македонската берза од надлежните институции, кога биле доставени и дали Берзата е подготвена целосно да ја објави хронологијата на постапките. „Преку Македонска берза поминаа и трансакциите за купување на Алта банка АД Битола и трансакциите за купување на друштвото што денес е Алта осигурување. Што конкретно провери берзата по секој од двата случаи пред да се извршат овие трансакции? Кои одобренија ѝ беа доставени од институциите и на кој датум? Дали сте подготвени да ја објавите таа хронологија?“, праша Цветков. Во дополнителното прашање, Цветков го отвори и прашањето за можните правни последици од продажбата на акциите, барајќи да се разјасни дали биле проверени овластувањата на Народната банка за нивна продажба и дали постои ризик од нова штета за граѓаните доколку следуваат тужби и меѓународна арбитража. „Проверивте ли дали Народна банка Македонија смее да ги продава тие акции, односно што доколку утре следуваат тужби и меѓународна арбитража, дали постои ризик за граѓаните на Македонија повторно да бидат оштетени?“, праша Цветков, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен е братот и најблиската соработничка на Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ – исчезнале 390 милиони евраИстрагата за грабежот од повеќе милиони евра на трезорот на Алта банка доби нов епилог.Дубравко Мацура, брат на претходно притворениот сопственик на банката Давор Мацура, и Татјана Бундало, директорка на Алта Пеј Груп, беа уапсени утрово по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, соопшти „Телеграф.рс“. Двајцата новоуапсени се товарат за директна вмешаност во подигање огромни суми пари од трезорот на банката. Дубравко Мацура ќе биде донесен во обвинителството на сослушување денес попладне, по што ќе се донесе одлука дали да се одреди притвор. Од друга страна, сослушувањето на Татјана Бундало сè уште не е закажано, бидејќи обвинителите во моментов собираат дополнителна документација за нејзината улога во овој финансиски синџир. Фиктивни уплати и физичко подигање готовина Утринската акција е продолжение на голема истрага започната кратко по изборите, а само три дена откако Народната банка на Србија (НБС) ја одзеде лиценцата за работа на Алта банка. Сопственикот на банката, Давор Мацура, директорот на одделот за благајна и управување со готовина, и еден соработник за благајничко работење беа тогаш зад решетки. Сите се уште се во притвор. Обвинителството се сомнева дека Мацура ја оштетил банката за повеќе од 45 милијарди динари, или астрономски 390 милиони евра. Документацијата на обвинителството, до која КРИК имал пристап, открива добро развиен механизам - само мал дел од овие пари биле физички изнесени од зградата, додека поголемиот дел никогаш не стигнале до трезорот на банката: Физичко отстранување (17 милиони евра): Според истрагата, соработниците во благајната физички изнеле готовина од банката во име на Мацура, без да остават никаква писмена трага во деловните книги. Фиктивни приходи (околу 370 милиони евра): Најголемиот дел од сумата доаѓа од приходите на менувачницата на Мацура, Алта Пеј. Овие пари биле лажно евидентирани во документацијата како да биле уредно доставени во трезорот на банката, додека Мацура, како што се сомнева обвинителството, ги чувал за себе.Тагови: Алта банка Давор Мацура Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00