Македонските одбојкари и одбојкарки викендов ги стартуваат евроквалификациите - Канал 5

Македонските одбојкари и одбојкарки викендов ги стартуваат евроквалификациите

Македонските сениорски одбојкарски репрезентации во машка и женска конкуренција овој викенд ги почнуваат квалификациите за пласман на европските првенства во 2026 година.

Македонските одбојкари и одбојкарки викендов ги стартуваат евроквалификациите

Македонските одбојкари денеска отпатуваа за Тбилиси каде утре од 14 часот го играат воведниот натпревар од квалификациската група Ф против Грузија.

По враќањето од Грузија следен противник на избраниците на селекторот Хари Наковски ќе биде Грција, на 25 август во Скопје.

Машкото Европско одбојкарско првенство, 34 по ред, ќе се одржи во 2026 година, а домаќини ќе бидат Бугарија, Романија, Италија и Финска.

Прв пат по пауза од деценија и половина, во евроквалификациите ќе настапат и македонските одбојкарки.

Избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ во воведниот натпревар од квалификациската група Ф ќе играат против Австрија, утре од 20:15 часот во салата „Јане Сандански“ во Скопје, по што следува дуелот на гостински терен против Грција, на 28 овој месец во Солун.

Домаќини на Европското одбојкарско првенство во женска конкуренција во 2026 година ќе бидат Азербејџан, Турција, Чешка и Шведска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

3100 лица во Гостивар побарале лекарска помош

3100 лица во Гостивар досега побарале лекарска помош.

3100 лица во Гостивар побарале лекарска помош

. Засега нема официјална потврда од што се затруле, поради како што изјави министерот за здравство ембаргото од Обвинителството да не се откриваат резултатите додека трае истрагата.Надлежните уверуваат дека се реагирало веднаш и не се криеле информации..

Од Институтот за јавно здравје тврдат дека обвинителството им наложило да земат примероци во време кога мал бил бројот на пријави за заболувања за сами да излезат на терен. за тоа дали некој ги попречувал службите да земат мостри, директорката рече дека нема информации, и ниту ги потврди ниту ги демантираше

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена

Обвинителството ги објави резултатите од анализата на примероците на вода во гостиварско од кои се констатира дека таа не може да се употребува за ниту една намена. Водата е многу загадена.

Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење.

Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното претпријатие, со штетна матeрија ја направиле неупотреблива водата за пиење во преливната комора на системот кој ја снабдува со вода Општина Гостивар и дел од околните села.

Тие на 25 јуни дале налози на вработени во претпријатието да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи во близина на преливната комора со вода за пиење за да го тестираат притисокот на водата.

На 16 јули, при извршен увид на лице место, констатирано е дека две од потопните пумпи се уште биле во употреба и преку потисни црева поставени низ преливниот отвор ја пренесувале водата со штетна материја-колиформни бактерии од отворен систем – канал во комората каде се наоѓа вода од системот за пиење со определен дефиниран квалитет во затворен систем.

Во системот дошло до мешање односно пренесување на вода со штетни материи од каналот во главниот цевковод за водоснабдување.

По наредба на јавен обвинител, Институтот за јавно здравје изврши анализи на земени примероци од површинската вода од отворениот канал при што е констатирано дека водата е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена поради присуство на колиформни бактерии од 2419,6 cfu/100 мл наспроти максимално дозволените 50 cfu/100 мл а во примероците земени од каптиран извор е констатирано дека водата има зголемен број на аеробни мезофилни бактерски колонии како и наод на колиформни бактерии каде во референции треба да има 0 cfu/100 мл додека во водата се пронајдени 39 cfu/100 мл. Поради високата загаденост водата станала неупотреблива и не е безбедна за употреба и консумација од страна на луѓето.

Дополнително анализиран е примерок земен од чешма на Ул. ЈНА во Гостивар каде е констатирано дека во водата има високо присуство на хлор и тоа концентрација на резидуален хлор од 1,1 мг/л кој претставува отстапување од максимално дозволената вредност според важечкиот правилник каде е опишан оспег од 0.2 до 0.3 мг/л но не повеќе од 0.5 мг/л.

Имајќи предвид дека настанатите промени од загадувањето не можат лесно да се отстранат, јавниот обвинител оцени дека се исполнети обележјата кои даваат основано сомнение дека е сторено наведеното кривично дело.

Основното јавно обвинителство Гостивар продолжува да презема истражни дејствија за целосно испитување на настанот. Осомничените се лишени од алобода и во текот на утрешниот ден јавен обвинител ќе одлучи дали и какви мерки за нивно обезбедување ќе предложи на судот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски се соочува со сериозна криза,протестите во Киев траат веќе пет дена

Зеленски се соочува со сериозна криза. Притисокот од улицата и од војската расте. .

Зеленски се соочува со сериозна криза,протестите во Киев траат веќе пет дена

Претседателот на Украина Володимир Зеленски се соочува со една од најсериозните политички кризи од почетокот на руската инвазија, поради протестите против разрешувањето на министерот за одбрана Михаило Федоров.

Протестите во Киев траат веќе пет дена, поттикнати од смената на популарниот министер, кој честопати влегуваше во судири со военото раководство околу прашањето за модернизација на армијата.

Според „Киев пост“, ова се најдолгите непрекинати протести директно поврзани со војната. Минатата недела илјадници луѓе се собраа во главниот град, носејќи импровизирани транспаренти и пеејќи ја државната химна. Стотици демонстранти повторно се собраа во понеделникот, иако бројноста беше помала по руските напади за време на викендот.

Зеленски со денови одржува состаноци со клучни советници и воени команданти, обидувајќи се да најде решение што ќе ги задоволи сите страни и ќе спречи продлабочување на поделбите додека војната продолжува.

Според украинските медиуми и аналитичките проценки, во тек се разговори за враќањето на Федоров на функцијата, како и за судбината на врховниот командант Олександр Сирски, чија позиција станува сè понесигурна.

Портпаролот на Зеленски синоќа изјави дека засега не се очекува никаква одлука.

Сè почести се повиците за разрешување на Сирски.

Во четвртокот наутро спонтано започнаа протести за поддршка на Федоров, млад министер кој се залагаше за технолошка модернизација на вооружените сили – потег на кој военото раководство често се спротивставуваше.

„Ситуацијата несомнено е сериозна; гледаме како списокот со барања се зголемува“, изјави Олександр Салиженко, експерт од движењето „Чесно“. На подоцнежната, мошне бурна прес-конференција, Федоров изјави дека Сирски му поставил ултиматум на Зеленски, со што всушност изнудил негово разрешување. Федоров потоа повика на отстранување на Сирски; неговите поддржувачи се организираа на социјалните мрежи и на улиците, гласно извикувајќи: „Сирски, заминувај!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер