Македонските одбојкари гостуваат кај Естонија - Канал 5

Македонските одбојкари гостуваат кај Естонија

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва го игра првиот натпревар од А групата од Европската лига. Нашата селекција гостува кај Естонија, која ја има улогата на фаворит. Голем проблем за избраниците на селекторот Жарко Ристоски е тоа што нашата репрезентација не одигра ниту еден контролен натпревар во рамките на подготовките.

Македонските одбојкари гостуваат кај Естонија

За двете репрезентации ова се првите натпревари во групата, а досега останатите ривали одиграа по два натпревара. Полска и Австрија имаат по две победи и се на делба на првата позиција на табелата со по шест бодови, додека Израел и Данска имаат по два пораза.

Дуелот Естонија - Македонија почнува во 20 часот, а утре двете репрезентации ќе одиграат уште еден натпревар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: О. Кавадарци започнува со поставување информативни табли со QR-кодови на колективните станбени згради

Општина Кавадарци започнува со поставување информативни табли со QR-кодови на колективните станбени згради, како дел од процесот на дигитализација и модернизација на општинските услуги.

Јанчев: О. Кавадарци започнува со поставување информативни табли со QR-кодови на колективните станбени згради

Општина Кавадарци започнува со поставување информативни табли со QR-кодови на колективните станбени згради, како дел од процесот на дигитализација и модернизација на општинските услуги. Со едноставно скенирање на QR-кодот, граѓаните ќе можат брзо и безбедно да:

- проверат дали имаат неплатени обврски по основ на данок на имот и комунални такси;

- ги платат своите обврски електронски;

- добијат увид во наплатата на ниво на зграда;

- пристапат до платформата eDanoci.mk, достапна 24 часа дневно.

Деталните информации за даночните обврски ќе бидат достапни исклучиво за сопственикот, по безбедна идентификација и верификација, со целосна заштита на личните податоци.

Со ова современо решение, Општина Кавадарци ја унапредува транспарентноста, ја олеснува комуникацијата со граѓаните и поттикнува навремено исполнување на даночните обврски.

Вашите навремено платени даноци се инвестиција во иднината и развојот на Општина Кавадарци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тухел: „Пуштете ги децата - секогаш ќе има училишта, Светското првенство е на секои четири години“

Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги повика родителите да ги остават своите деца да останат будни цела ноќ за да го гледаат осминафиналниот натпревар на Светското првенство против Мексико.

Тухел: „Пуштете ги децата - секогаш ќе има училишта, Светското првенство е на секои четири години“

Фудбалерите на Англија ќе играат против Мексико во Мексико Сити во ноќта меѓу недела и понеделник – во 1:00 часот по британско време, односно во 2:00 часот по средноевропско време – во натпревар од осминафиналето на Светското првенство.

Како што пренесува Би-би-си, родителите се во дилема дали да им дозволат на своите деца да го гледаат натпреварот, бидејќи распустот сè уште не е почнат.

„Напишете оправдување за училиштето и дозволете им да гледаат“, рече Тухел.

„Училишта секогаш ќе има, но Светското првенство се игра на секои четири години. Нека гледаат. За четири дена нè очекува важен натпревар и ни е потребна поддршка од сите, особено од децата“, изјави Тухел. Англија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство, откако со пресврт ја совлада Демократска Република Конго со 2:1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во болница во северна Германија: Сите пациенти евакуирани, има загинати

Двајца пациенти загинаа рано утринава, на 2 јули, во пожар во болница во Лудвигслуст, во северниот дел на Германија, а најмалку 34 лица се повредени, соопшти противпожарната служба на тој град. 

Пожар во болница во северна Германија: Сите пациенти евакуирани, има загинати

Болницата беше целосно евакуирана откако избувна пожарот, а противпожарната служба соопшти дека за пациентите се грижат на безбедна локација во рамките на болницата, пренесува „Тагесшау“ (Tagesschau).

Според првичните информации, пожарот избувнал во собата на еден од пациентите, по што се запалил и покривот на одделот за радиологија. Како што се наведува, пожарот сега е под контрола, а поради густиот чад, жителите на околните улици се предупредени да ги држат прозорците и вратите затворени, пренесува Танјуг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер