Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
1Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
Други спортовиМакедонските млади веслачи со помош на МОК ќе настапат на Светското првенство во ТракаиМакедонскиот олимписки комитет во соработка со Веслачката федерација на Македонија во целост ги покри сите финансиски трошоци за 5 члената млада македонска веслачка репрезентација во однос на нивното учество на младинското Светско првенство во Тракаи, Литванија.На шампионатот кој започнува денеска и ќе трае се до недела, ќе учествуваат повеќе од 700 веслачи од 59 држави . Младата македонска веслачка репрезентација е од 26 Јули во Тракаи каде учествуваше на кампот на Меѓународната веслачка федерација (ФИСА), а каде македонскиот тренер Марио Јованоски, помогнат од своите колеги од САД и Словенија, Џон Паркер и Јан Илар, заедно работеа на подобрување на формата и техниката на нашите млади спортисти. Попладнево ќе се одржат и првите натпреварите на кои ќе ја видиме формата на младите македонски веслачи. Магдалена Карамитерска и Ксенија Крањевска ќе настапат во дубл скул, во дисциплината скиф ќе не претставуваат Ана Димоска во женска и Никола Аџиоски во машка конкуренција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
МакедонијаТешка сообраќајка во близина кај скопскиот аеродромТешка сообраќајна несреќа на надвозникот кај влезот на скопскиот аеродром..Автомобил се преврте од надвозникот во правец на аеродромот. Според првичните податоци на МВР повредени се повеќе луѓе. На местото на несреќата се врши увид, а засега не се познати причините за несреќата.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоМакедонија во топлотен бран: Од вторник променливо облачно со повремени врнежи од дождТоплото време продолжува и денеска, со температури до 39 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје се очекуваат температури од 21 до 38 степени. Од утре попладне, под влијание на циклонска активност, се најавува промена на времето со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни невреме, пороен дожд, град и силни електрични празнења. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието, каде повремено ќе достигнува над 50 километри на час.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-ГостиварСпоред досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината.Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) јавува дека земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала на длабочина од пет километри, додека епицентарот е лоциран на 10 километри северозападно од Гостивар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook