3Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
ФудбалМакедонските млади фудбалери им се реваншираа на врсниците од БиХ Македонската репрезентација составена од фудбалери до 17 години попладнево ја совлада соодветната селекција на Босна и Херцеговина со 1:0.Победничкиот гол го постигна Дитмир Хоџа во петтата минута од судиското надополнување на второто полувреме. Ова беше своевиден реванш за поразот (1:3) на избраниците на селекторот Димитар Капинковски од пред два дена. Натпреварите се играа на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Македонија У-17 во март ја очекуваат настапи во квалификациите за пласман на Европското првенство против селекциите на Шкотска, Лихтенштајн и Романија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамПорше ја отфрла групацијата Фолксваген: Се здружува со кинески производител!Порше ќе ги пресметува своите емисии на CO2 во Европа заедно со кинескиот производител на автомобили „Xpeng“ наместо со групацијата Фолксваген во 2026 и 2027 година.Овој потег треба да ѝ олесни на групацијата Фолксваген да ги исполни европските цели за емисии и да го намали ризикот од големи казни, според нов извештај во кој се цитира аналитичарот Матијас Шмит. Со исклучување на Порше од просекот на групата, Фолксваген ќе може да го подобри својот вкупен резултат. Просечните емисии на групацијата Фолксваген во Европа во 2025 година, вклучувајќи го и Порше, беа 100 g/km, додека целта на Европската Унија беше 93,6 g/km, објавува „CarScoops“. Доколку производителите не ги исполнат целите, казната е 95 евра за секој грам CO2 над дозволената граница по возило. Вкупните казни за групацијата Фолксваген за периодот од 2025 до 2027 година би можеле да достигнат дури 1,5 милијарди евра. Порше би можел дополнително да влијае на просекот на групата, бидејќи продажбата на неговите електрични автомобили во Европа ослабе. Побарувачката за „Taycan“ и целосно електричниот „Macan“ особено е намалена, додека компанијата се насочува повеќе кон модели со мотори со внатрешно согорување. Не е познато колку „Porsche“ ќе му плати на „Xpeng“ за обединување на емисиите. Сепак, очигледно се проценува дека таков договор е финансиски поповолен од ризикот „Volkswagen Group“ да ги надмине дозволените вредности и да плати високи казни. „Xpeng“ продаде околу 19.000 електрични автомобили во Европа во првите шест месеци од оваа година, што е раст од 126 проценти во споредба со истиот период минатата година. Алијансата „Porsche-Xpeng“ останува отворена за други производители на автомобили кои сакаат да се приклучат. Производителите можат да формираат или да ги менуваат овие групи до 31 декември. Извор: Б92Тагови: Порше Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнглеов: Спречена е голема катастроф во битолско ЛозаниОгнена линија долга неколку километри.Голем пожар беснее кај селото Лозани, битолско, а огнот стигнал и до непосредна близина на куќите. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, објави видео од местото и порача дека опасноста сè уште трае. Според Ангелов, благодарение на пожарникарите од Битола и локалното население била спречена голема катастрофа. Директорот на ДЗС посочи дека куќите се наоѓале веднаш зад местото каде што пожарот бил активен. Линијата на пожарот е долга неколку километри, поради што се активираат тимови за брз одговор. На пат кон селото се упатуваат и четири теренски возила Пинцгауер на Дирекцијата за заштита и спасување. Тагови: ДЗС стојанче ангелов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружбаГрадоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување. Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и реквизити, со цел создавање на модерен спортски комплекс на отворено. Место каде младите карпошани ќе се собираат, ќе се дружат, ќе спортуваат и рекреираат, исполнувајќи го слободното време со спорт и позитивна енергија. Кејот на Вардар има потенцијал да стане вистинско спортско срце на Карпош– простор за сите генерации, а особено за младите. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook