Македонските кошаркари загубија од Естонија во претквалификациите за СП - Канал 5

Македонските кошаркари загубија од Естонија во претквалификациите за СП

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа на домашен терен загуби од Естонија со 80:76 (17:29; 26:13; 20:19 и 17:15) и по вториот пораз во групата е се подалеку од пласман во следната фаза во ова натпреварување.

Македонските кошаркари загубија од Естонија во претквалификациите за СП
По двата пораза од Косово и од Естонија ривалите од групата се во подобра позиција за освојување на едно од првите две места.

Самиот натпревар Македонија го почна добро и првата четвртина ја доби со 29:17. Во тој дел од натпреварот доминираше нашиот капитен Војдан Стојановски, но во продолжението противникот најде против игра за нашиот напад и избраниците на селекторот Јорданчо Давитков се потешко постигнуваа поени. За разлика од нас Естонија почна да погодува „тројки“ во мини серии и водството на Македонија „се стопи“ веќе на полувремето и Естонија поведе со 43:42.

Во вториот дел се играше резултатски неизвесно, се до моментот кога гостите во финишот „се одлепија“ на седум разлика и ја најавија победата. Една од причините за поразот се и 15-те промашени слободни фрлања на нашите кошаркари, како и добрата реализација за три поени на Естонија (13 тројки).

Најефикасни на натпреварот беа Војдан Стојановски од Македонија и Раин Веидеман од Естонија, двајцата постигнаа по 26 поени.

Во групата Ц Естонија и Косово имаат по една победа, Македонија е трета со два пораза. Во следното коло нашата репрезентација е слободна, а во Талин ќе играат Естонија и Косово, додека Македонија следниот дуел го игра на 12 август на домашен терен против Косово. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска

По 22 дена борба со вирусот на нилска треска, 73 годишен скопјанец почина на клиниката за инфективни болести. 

73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска

Тој е петтата жртва од нилска треска. Во моментот хоспитализирани се 21 пациент, кај 18 е потврдена инфекцијата на вирусот и невроинвазвина форма, а додека тројца се сметаат за сомнителни, потврдуваат од клиниката за инфективни болести.

На клиниката најмладиот пациент има 24 години, помладите пациенти имаат полесна клиничка слики, возраста и целокупната здравствена состојба има големо влијанине каков тек ќе има инфекцијата, објаснува доктор Цана. Според него 80 проценти од потенцијалните инфицирани пациенти се асимптоматски или со лесна клиничка слика и не бараат болничко лекување.

Нилската треска ги полни и инфективните болници во Европа. Во Италија има 311, Грција 157. Голем број европски земји кои немале случаи на нилска треска или биле во мал број оваа година се на мапата на нилската треска. Случаи на нилска треска има и во Германија, Франција, Австрија и Холандија. Во Македонија има вкупно 43 случаи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Струмица, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

На 21.08.2026 во 06:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ѓ.Р.(58) од Струмица. 

Претрес во Струмица, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Црвена застава“ калибар 9 мм, 187 парчиња муниција за пиштол, 40 парчиња муниција за пушка, две рамки за пиштол и една воздушна пушка, за кои постои основано сомнение дека неговиот син Д.Р.(33) ги поседувал без документација.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности СВР Штип и СВР Скопје

На 21.08.2026 на Градскиот стадион во Штип, во пресрет на фудбалски натпревар, Отсекот за превенција при СВР Штип спроведена кампања „Навивај безбедно за нашиот клуб“.

Превентивни активности СВР Штип и СВР Скопје

Активноста насочена кон подигнување на свеста кај навивачите и сите посетители за значењето на спортското и фер навивање и на тој начин да се придонесе за создавање безбедна спортска атмосфера, спречување на нарушувања на јавниот ред и мир, насилство, недолично однесување и други инциденти пред, за време и по завршувањето на натпреварот. Во непосреден контакт со граѓаните, посебен акцент беше ставен на одговорното однесување на младите навивачи и почитувањето на упатствата од организаторите и полициските службеници.

На 21.08.2026 во вечерните часови на подрачјето на општина Зрновци, полициски службеници од ОВР Кочани реализираа соседска патрола, при што беа остварени повеќе средби со граѓани на кои беше дискутирано за повеќе области од секојдневното живеење, безбедноста на младите, спречување на меѓуврсничко насилство, одржување на стабилтен јавен ред и мир и други.

Денеска (22.08.2026), полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, на подрачје на Полициското одделение Мирковци – општина Чучер Сандево реализираа превентивна активност за заштита од пожари. Притоа, во разговор со жителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како што се фрлање и палење ѓубре, палење на стрништа, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично, со цел брза и навремена реакција на институциите. Покрај тоа, граѓаните беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото „Предизвикување општа опасност“, регулирано во Кривичниот законик по член 288, со што се предвидува казна затвор од шест месеци до пет години. За време на активноста на жителите им се делеше пропаганден материјал за заштита од пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер