Македонските кошаркари последни на „Трофеј Македонија“ - Канал 5

Македонските кошаркари последни на „Трофеј Македонија“

Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ што се одржуваше во СЦ „Јане Сандански“ изминатите три дена.

Македонските кошаркари последни на „Трофеј Македонија“
Нашиот национален тим во последниот меч на турнирот загуби од селекцијата на Босна и Херцеговина со 75:69, (26:20,14:13,17:27,18:9) и со скор од една победа и два порази „Трофеј Македонија“ го завршија на последното место.

Во првите две Македонија беше далеку од игрите и изданијата од претходните две кола. „Црвено-жолтите“ на стартот на третата делница влегоа во посакуваниот ритам и преку расположениот Ромео Тревис и стандардно добрите Војдан и Дамјан Стојановски успеаја да направат резултатски пресврт. На осум минути пред крајот Македонија водеше со 65:59. Тогаш Босна и Херцеговина направи серија од 12:0 што се покажа како решавачка за победникот на овој дуел.

Најефикасни во редовите на домашниот тим беа Ромео Тревис со 16, Александар Костовски со 14 и браќата Војдан и Дамјан Стојановски со 11 односно 10 поени.
Победник на турнирот е Белгија(2-1 победи-порази), втора е Црна Гора(2-1), а трета БиХ(1-2). /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Двојните аршини на СДС, ДУИ и Таравари се потврдија во случајот со нивниот кандидат Валбон Лимани

Наместо јасни одговори и преземање одговорност за скандалот со водата во Гостивар, јавноста е сведок на двојните аршини од страна на СДС, ДУИ и Таравари кога станува збор за нивниот кандидат Валбон Лимани.

ВМРО-ДПМНЕ: Двојните аршини на СДС, ДУИ и Таравари се потврдија во случајот со нивниот кандидат Валбон Лимани

Воедно, Лимани јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност, а оние што секојдневно зборуваат за отчетност, СДС, ДУИ и Таравари остануваат неми. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, избираат да молчат.

Тоа е уште една потврда дека за овие политички партии принципите важат само кога треба да се напаѓаат политичките противници. Кога станува збор за нивните функционери, тогаш нема ниту критика, ниту барање за оставка, ниту преземање одговорност.

Граѓаните на Гостивар заслужуваат вистината да биде целосно расветлена и секој што има одговорност да ја понесе, без разлика на политичката припадност. Институциите и избраните функционери мора да бидат одговорни пред граѓаните, а не заштитени од партиски интереси.

Затоа, очекуваме СДС, ДУИ и Таравари јавно да кажат дали го поддржуваат ставот на Валбон Лимани дека никој не треба да сноси одговорност за скандалот со водата или, конечно, ќе застанат на страната на граѓаните и ќе побараат отчетност.

Граѓаните заслужуваат отчетност, транспарентност и ефикасно решавање на проблемите. Тоа треба да биде единствениот приоритет на сите избрани и именувани функционери.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: За масовното труење во Гостивар мора да има оставки, политичка и кривична одговорност

Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните. Институциите и целиот здравствен систем целосно потфрлија во својата основна обврска – да го заштитат здравјето на луѓето. 

СДСМ: За масовното труење во Гостивар мора да има оставки, политичка и кривична одговорност

За овој скандал мора да има и политичка и кривична одговорност.

Граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина: што точно се случило, зошто труењето не било спречено, каде затаиле институциите и зошто илјадници луѓе биле оставени да пијат загадена вода.

Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни. Тоа значи дека цели 22 дена гостиварчани пиеле загадена вода, а надлежните институции не презеле ништо.

Зошто Центарот за јавно здравје не вршел редовни анализи на водата?

Првите пациенти биле регистрирани на 13 јули, по што секој ден се пријавувале по околу 200 нови случаи. Зошто никој навреме не го истражил наглото зголемување на бројот на заболени?

Првите детални препораки од Институтот за јавно здравје биле објавени дури на 18 јули – пет дена по појавата на првите пациенти.

Уште поскандалозно е што само три дена пред да се утврди дека гостиварчани пиеле контаминирана вода, Центарот за јавно здравје издал извештај дека водата е безбедна за пиење.

Наместо брза реакција, итна координација и навремено информирање на јавноста, се случија хаос, молк и целосен институционален колапс.

Здравствените власти не побараа навремено испитување на водата и не презедоа итни мерки за заштита на населението. Наместо нив, по допрен глас постапувало Обвинителството.

Но Обвинителството тактизираше додека епидемијата се ширеше. Резултатите од анализите се криеја зад „тајноста на истрагата“, додека лекарите и граѓаните не знаеја со што се соочуваат.

Цената ја платија граѓаните со своето здравје. Денес повеќе од 3.000 граѓани на Гостивар се регистрирани со симптоми на труење, а уште многу други се лекуваат во домашни услови.

СДСМ бара итно да се утврди целиот синџир на одговорност – од локалните институции до министерот за здравство.

Бараме итни и неотповикливи оставки од:

• Министерот за здравство Сашо Клековски;

• Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска;

• Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов;

• Одговорните лица во надлежните центри за јавно здравје;

Мицкоски треба да прекине да ги штити. Јавното здравје е над секој функционер. Одговорност мора да има!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем шумски пожар во Франција, евакуирани 12 000 луѓе

Хаос во Франција: Властите издадоа итна наредба, луѓето бегаат.

Голем шумски пожар во Франција, евакуирани 12 000 луѓе

Шумскиот пожар што вчера зафати област во близина на басенот Аркашон, во францускиот департман Жиронд, се прошири на околу 2.000 хектари, а речиси 12.000 луѓе се евакуирани од претпазливост, соопшти префектурата.

Утринава властите наредија евакуација на уште околу 7.000 луѓе, а мерката се однесува на шест кампови и една станбена зона северно од Кап Фере – популарна туристичка дестинација во текот на летната сезона – објави „Фигаро“.

Префектурата синоќа соопшти дека најмалку 4.600 луѓе веќе биле евакуирани од своите домови и од сместувачките капацитети во загрозеното подрачје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер