КошаркаМакедонските кошаркари ја совладаа Шведска на ЕП Б дивизија за кадетиМакедонската машка кадетска кошаркарска репрезентација ја забележа втората победа во групната фаза на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Скопје, откако вечерва ја совлада Шведска со 75-74 по продолжение.По стартната победа на Украина, избраниците на селекторот Александар Јованчев дојдоа до вториот триумф во неизвесен натпревар кој во регуларниот дел заврши нерешено 67-67. Најефикасен во македонските редови беше Ѓорѓи Цветковски со 20 поени. Противник на Македонија во третото коло во рамки на групата Д ќе биде Естонија. Натпреварот ќе се игра в понеделник од 18:30 часот во СРЦ Кале.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваДуа Липа се пофали како ужива на медениот месец низ Медитеранот (ФОТО)Пејачката Дуа Липа сподели серија фотографии од нејзиниот меден месец со сопругот, актерот Калум Тарнер. Само неколку дена по свадбата, двојката отпатува на брегот Амалфи во Салерно. Омилена дестинација е Италија Извор близок до двојката откри за списанието People дека Липа и Тарнер сакале да посетат некои од најубавите места во Италија, бидејќи Италија е една од нивните омилени дестинации. Фотографиите објавени од Дуа на Инстаграм ги прикажуваат опуштените, забавни и романтични моменти на двајцата вљубени. Истиот извор истакнува дека Италија има посебно место во нивните срца и токму затоа ја избрале оваа земја за нивното прво свадбено патување. „Враќањето на Сицилија, каде што неодамна ја прославија својата свадба и создадоа нови спомени, беше нешто посебно. Затоа Италија беше природен избор за нивниот меден месец“, рече изворот. Романтични и опуштени денови Исто така, изворот забележа дека двојката ужива во секој момент од патувањето. „Тие ги поминуваат деновите на плажа, разговарајќи, смеејќи се и уживајќи во сонцето. Изгледаат толку среќни и навистина слатки заедно“, додаде изворот. View this post on Instagram A post shared by DUA LIPA (@dualipa) Како започна нивната љубов Дуа Липа и Калум Тарнер ја започнаа својата романса на почетокот на 2024 година, откако се гледаа некое време јавно и на разни настани. Двојката официјално почна да се забавува откако беа видени заедно на филмска премиера во Лондон и на други излегувања, а нивната врска брзо прерасна во нешто повеќе. Во јуни 2025 година, Тарнер првпат јавно проговори за нивната врска, а во исто време Липа потврди дека се свршени и планираат заедничка иднина. Во текот на 2025 година, нивната врска прерасна во солидна врска полна со патувања, заеднички моменти и јавни појавувања, а на крајот на мај 2026 година, ја крунисаа својата љубов со интимна венчавка во Лондон, опкружени со нивните најблиски пријатели и семејство.Тагови: Дуа Липа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ и од опозиција се обидуваат да го закочат реформскиот процесСДС и ДУИ и од опозиција не придонесуваат никако за реформските процеси и со своите постапки продолжуваат да ги блокираат законските решенија кои се дел од Реформската агенда.На СДС и ДУИ треба да им биде јасно дека станува збор за реформи кои се во интерес на граѓаните и на државата, а не за партиски прашања. Затоа е јасно дека со ваквото однесување СДС и ДУИ не и мислат добро на Македонија, а граѓаните тоа добро го препознаваат. СДС и ДУИ 7 години беа на власт и не испорачаа никакви реформи, а денес од опозиција повторно одбиваат да ги поддржат и на тој начин се обидуваат да ги закочат процесите. Наместо да придонесат кон побрза реализација на реформите и исполнување на обврските што државата ги има преземено, СДС и ДУИ здружени пак во опозиција избираат политички блокади. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи таквите обиди да го забават реформскиот процес. Сите законски решенија предвидени со Реформската агенда ќе бидат донесени во утврдениот рок, затоа што интересот на Македонија и исполнувањето на реформските обврски се над партиските калкулации и нема да дозволиме обидите за собирање на политички поени на СДС и ДУИ да го спречат напредокот на државата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖена загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи доцна синоќа на превојот Плетвар, каде едно лице го загуби животот по превртување на камион со битолски регистарски таблички.Според првичните информации, несреќата се случила на патниот правец Прилеп–Градско, во близина на селото Ореовец. На местото веднаш интервенирале итните служби, а од Итната медицинска помош од Битола било потврдено дека едно лице починало како последица на несреќата. Поради сериозноста на инцидентот, сообраќајот на оваа делница бил целосно во прекин неколку часа, додека надлежните служби вршеле увид и го расчистувале теренот. Причините за несреќата засега не се официјално соопштени, а истрагата треба да утврди како дошло до превртувањето на камионот и околностите што довеле до трагичниот исход.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter