ФудбалМакедонските фудбалерки убедливо ја совладаа армиската екипа на Велика БританијаМакедонската женска фудбалска репрезентација попладнево забележа убедлива победа со 7:0 над женската армиска екипа на Велика Британија која е во студиска посета на регионот во чест на роденденот на кралот Чарлс.Натпреварот се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а правдата ја делеше главната судијка Ангела Рајчевска и нејзините асистенти, Јована Софронијоска и Мартин Дејаноски. Во текот на посетата на регионов, фудбалерките од британската армија имаат одиграно пријателски натпревари со Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаЛДП: На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август?По серијалот на контрадиктрони изјави на премиерот, Либерално-демократската партија (ЛДП) прашува: на кој Христијан Мицкоски треба да му веруваат граѓаните?Дали на оној Премиер кој во април јавно призна дека на неговиот сопствен вицепремиер Арбен Фетаи повеќе не му се работи во Владата и не му се живее во Македонија, па му овозможи на државна сметка и плата да замине за Брисел како „специјален претставник“? Или пак, треба да му веруваме на истиот тој Премиер кој сега, во август, изјавува дека бил „најсреќен“ кога на македонските граѓани им се затегнуваат условите за американски визи, за демек така да се спречело нивното иселување? Не може да биде точно и едното и другото. Дали Мицкоски беше искрен во ТВ интервјуто во април кога со разбирање говореше за неодговорните функционери што бегаат од земјата, или е искрен во август кога им се радува на административните иселенички рампи за обичните граѓани? Или не бил искрен ниту тогаш, ниту сега? Или, пак, има толку лоши советници за односи со јавноста што го доведуваат во ситуација пред граѓаните да изгледа како тотален хипокрит? Да излезете со вака длабоко спротивставени ставови во рок од само неколку месеци е сериозно загрижувачки за некој што ја води државата. Државната политика за спречување на иселувањето не се води со радост за туѓите визни ограничувања, туку со создавање услови дома. Младите и семејствата не остануваат затоа што некој им ја затворил вратата надвор, туку кога овде ќе добијат подобри плати, квалитетни јавни услуги, подобро здравство и образование, и пред сѐ — институции на кои можат да им веруваат. И да, кога ќе видат дека законите важат за државните функционери - сите закони, и за работни односи, и за платите, и Кривичниот Законик. Без исклучок! За функционерите на Владата очигледно секогаш има обезбедено државен билет и народно платена позиција во Брисел, додека за граѓаните и младите, премиерот Мицкоски нуди само желби и радости за затворени граници. Оваа хипокризија мора да престане — Владата треба да почне да работи на подобрување на животот во Македонија, наместо да ја прикрива сопствената неспособност зад визните политики на други држави и зад неказнивоста. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПотврдени 919 загинати во поплавите во Непал, 4.793 се исчезнатиНајмалку 919 луѓе загинаа, а 4.793 се водат како исчезнати по катастрофалните поплави што ги погодија Непал и Тибет, откако огромен одрон на карпи и дел од глечер предизвика ненадејни поплавни бранови во хималајскиот регион.Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани, а десетици луѓе се стравува дека се заробени во тунели на хидроцентрали. Непалските власти ги засилија операциите за пребарување и спасување во погодените области. Во акцијата учествуваат и странски спасувачки тимови, кои им помагаат на локалните екипи во потрагата по луѓе заробени во тунели на хидроцентрали. Според официјалните информации, најмалку 90 лица останале заробени во повеќе тунели.Тагови: Непал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаОпштина Битола: Чествување за војводата Александар ТурунџевБитола одбележа 121 година од погубувањето на Александар Турунџев македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.Во име на Општина Битола пред споменикот кај „Ат Пазар“ и на неговиот гроб во Светонеделските гробишта положи цвеќе и се поклони советникот Александар Јаневски. Се поклонија и оддадоа почит и граѓани, здруженија како и членови на коњаницата Костурска чета Битола. Александар Турунџев беше повеќе од борец, беше симбол на храброст, на жртва и на визија. Ланската година со свечена церемонија и своевидна поворка која го симболизираше погибието на војводата Александар Турунџев, беше откриен споменикот на оваа значајна личност од македонската револуционерна борба под „Ат Пазар“ во Битола. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44