Македонските фудбалери вечерва против Малта по втора победа во евроквалификациите - Канал 5

Македонските фудбалери вечерва против Малта по втора победа во евроквалификациите

Најдобрата фудбалска репрезентација  на Македонија на Националниот стадион во Та Кали  вечерва од 20:45 часот ќе се обиде по втор пат да ја совлада Малта во квалификациската група Ц и да ги задржи шансите за пласман на ЕУРО2024.

Македонските фудбалери вечерва против Малта по втора победа во евроквалификациите

Гостувањето во Малта доаѓа три денови по освоениот бод против европскиот првак Италија во Скопје со кој избраниците на селекторот Благоја Милевски ја прекинаа серијата од два порази.

Поради болки во грбот во македонскиот состав вечерва ќе недостасува стандардниот голман Столе Димитриевски, а дополнително е повикан чуварот на мрежата на Шкендија, Давор Талески. Вечерашната пресметка ќе ја пропушти и искусниот Аријан Адеми кој се жали на повреда на листот на ногата, иако старо новиот капитен на Динамо Загреб синоќа го одработи последниот тренинг пред средбата.

За македонскиот национален тим ова ќе биде шестиот официјален меч со Малта во историјата. Црвено жолтите имаа скор од 4 побееди и едно реми. Последната победа, нашите најдобри фудбалери ја извојуваа на почетокот на овој квалификациски циклус кога ја совладавме Малта со 2-1 со головите на Елмас и Чурлинов.

Македонската репрезентација по 4 одиграни средби е четвртопласирана во групата Ц со четири бодови, а Малта е последна без бодови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Музејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.

Фото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облека

Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше...

Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет.

Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година.

Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз.

Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед.

https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embed

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Пијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. 

Пијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот Океан

Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари.

Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет.

Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон.

Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба.

Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот.

Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден.

Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот.

Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода.

„Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој.

„Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер