Македонските фудбалери до 21 година ги почнаа подготовките за средбите со Грузија и со Австрија - Канал 5

Македонските фудбалери до 21 година ги почнаа подготовките за средбите со Грузија и со Австрија

Македонската репрезентација составена од фудбалери до 21 година овој месец ја очекуваат два натпревара, со Грузија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025 и со Австрија - пријателски.

Македонските фудбалери до 21 година ги почнаа подготовките за средбите со Грузија и со Австрија

Предводени од селекторот Драги Канатларовски македонските млади фудбалери денеска официјално ќе ги започне подготовките за претстојните два меча.

Еден од нашите клучни играчи во средниот ред и член на Шкупи, Хамза Рамани, даде свое видување и коментар за претстојните мечеви.

- Никако не смее да си дозволиме да потцениме ниту една репрезентација. Ова се квалификации и нема лесен противник.На сите натпревари треба да пристапиме став и да дадеме се од себе. Мечот со Грузија од квалификациите за нас е од голема важност. Треба да бидеме максимално фокусирани и посветени во текот на сите деведесет минути, да оставиме срце на терен. Само така можеме да се надеваме на позитивен резултат. Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. Верувам дека само позитивните резултати може да ја кренат уште повеќе нашата мотивација и да освежат дополнително атмосферата во тимот, која е на високо ниво, изјави Рамани за сајтот на ФФМ.

На 16 ноември во Скопје ќе гостува Грузија во рамките на четвртото коло од евро-квалификациите, пет дена подоцна, Македонците ќе се соочат со Австрија на гостински терен во контролен натпревар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромни мршојадци сѐ почесто слетуваат на преполните грчки плажи- туристите преплашени (ВИДЕО)

Ова лето, на грчките плажи се појави неочекувана атракција - мршојадци!

Огромни мршојадци сѐ почесто слетуваат на преполните грчки плажи- туристите преплашени (ВИДЕО)

Социјалните медиуми се полни со видеа од овие прекрасни птици како буквално паѓаат или слетуваат на плажите меѓу туристите. Некои дури и директно на лежалки под чадорите.

На некои луѓе можеби им е застрашувачки кога белоглавиот мршојадец, птица со распон на крилјата од повеќе од два метра, ги шири крилјата на плажата, но многу други се воодушевени од овие сцени.

Сепак, овој необичен феномен има свое многу јасно научно објаснување. Мршојадците, всушност, страдаат од исцрпеност и дехидрација среде екстремно високи температури, што ги принудува да ги прекинат своите небесни крстарења и да побараат помош од луѓето.

Имало и случаи на овие прекрасни птици кои слетуваат на хаубите на автомобили во движење, не можејќи повторно да полетаат.

Според организацијата АНИМА, Здружението за заштита и грижа за диви животни, ваквите феномени се особено чести на плажите на Крит оваа година.

„Низ Крит, граѓаните и туристите се среќаваат со исцрпени и дехидрирани млади мршојадци, понекогаш дури и во морето. Нашите теренски работници им пружаат прва помош и ги испраќаат кај нас со вечерни траекти“, соопшти АНИМА.

„На повеќето од нив им е потребна инфузиона терапија, а две птици биле подложени на ортопедска операција.“

„Во текот на последните денови од јули и првите денови од август, повеќе од 20 млади мршојадци од Крит пристигнаа во АНИМА, како и еден од Палеора во Етолија и Акарнанија“, соопшти здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладне

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.

Утре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладне

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

24 Попова Шапка, 30 Крушево, Лазарополе, 33 Претор, 34 Берово, Маврови Анови, 35 Охрид, 36 Крива Паланка, Битола, Прилеп, 37 Виница, 38 Тетово, Струмица, Гевгелија, 39 Штип, Кавадарци, Демир Капија, 40 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Попладнево ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена локална облачност која до крајот на денот ќе се намали. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во Никуштак

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во Никуштак

Директорот на Центарот за управување со кризи моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот.

На терен се ангажирани 3 противпожарни возила, а во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови.

Директорот Али од терен ја следи состојбата и директно ја координира работата на екипите, со цел навремено локализирање на пожарот, спречување на неговото ширење и заштита на населените места и имотот на граѓаните.

Се повикуваат граѓаните на максимална внимателност и претпазливост, да избегнуваат непотребно движење во погодените подрачја и да ги почитуваат упатствата на надлежните институции, соопштуваат од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер