Македонските фудбалери до 16 години на тест средби со Ерменија - Канал 5

Македонските фудбалери до 16 години на тест средби со Ерменија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 16 години ќе одигра два натпревари со соодветната селекција на Ерменија. Натпреварите ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ на 11 и 13 март.

Македонските фудбалери до 16 години на тест средби со Ерменија
Селекторот Горан Станиќ за овие контролни дуели ги повика следните фудбалери:

Голмани: Филип Џамтовски (Македонија Ѓ. П.), Матеј Андов (Вардар); Одбрана: Божидар Митревски (Работнички), Ване Тасевски (Сасуоло, Италија), Мишко Арсовски (Работнички), Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Борис Јакимовски (Работнички), Ален Јусуфов (Рапид Виена, Австрија);

Среден ред: Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Рони Синани (Гостивар), Бојан Димовски (Вардар), Кире Трпчевски (Работнички), Ален Личина (Работнички), Кушрим Таири (Шкендија), Елези Агон (Шкупи), Владе Новевски (Војводина, Србија), Бесир Бефтијари (Теплице, Чешка), Амар Колешинац (Олимпија, Словенија);

Напад: Давид Тошевски (Работнички), Ибраим Ариф (Академија Пандев).

- Натпреварите со Ерменија се убава можност да ја провериме формата на некој фудбалери. Поради откажувањето на кампот во Дојран не бевме во можност да видиме со каков квалитет располагаат дел од фудбалерите кои настапуваат во странство. Тие за прв пат ќе бидат со нас. На тој начин ќе добиеме појасна слика за нивниот потенцијал. Истовремено ќе ја провериме формата на останатите. Веќе имаме зкажано 7-8 натревари и веруваме дека до квалификаците ќе ја достигнеме посакуваната форма, истакна Станиќ .

Со овие средби започнува серијата на подготвителни дуели на оваа генерација за октомврискиот квалификациски циклус кој ќе се одигра во октомври во Скопје. Покрај Македонија на турнирот ќе настапат и селекциите на: Словачка, Молдавија и Босна и Херцеговина. До почетокот на квалификациите репрезентацијата ја очекува и развоен турнир во април каде ќе ни гостуваат националните тимови на Романија, Израел и Лихтенштајн. Во мај Македонија ќе игра два натпревара со Азербејџан, а во април на домашен терен со Кипар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Терористички напад пред израелската амбасада во Белград: Напаѓачот извикувал „Алах Акбар“

Малолетник со два ножа, извикувајќи Алах Акбар, доцна синоќа е убиен, откако

Терористички напад пред израелската амбасада во Белград: Напаѓачот извикувал „Алах Акбар“

Се работи за момче од Шабац, кое според полицијата, бил приврзаник на џихадистичката Исламска држава и веќе било следено од безбедносните служби како потенцијална закана. Полицаецот кој во самоодбрана смртно го застрелал напаѓачот, минал со полесни исекотини. Според министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, се работи за терористички напад, а нивото на терористичка закана е подгигнато на највисоко ниво.

-Тоа ниво се зголемува на црвен степен. Toa значи дека од наутро ќе биде засилена контролата и присуството на полициските сили на сите места кои се важни поради инфраструктурните објекти и поради собирање на поголем број граѓани. , изјави Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи

Во актуелната наелетризирана постизборна состојба во Србија, црвено ниво на безбедност не значи забрана за јавни собири, но значи зголемено присуство на полиција онаму каде што има. Од Студентската листа стравуваат дека актуелната влада во заминување може да го злоупотреби нападот пред амбасадата, дури и да прогласи вонредна состојба, со што би се пролонгирало конституирањето на новото собранието и новата влада, рече во интервју, кандидатот за пратеник на листата, Немања Ѓуриќ. Темата за евентуално прогласување вонредна состојба стана актуелна во дел од српските медиуми по упадот на група граѓани во телевизија „Информер“, собирите пред Пинк и јавниот сервис, но и заканата на Вучиќ дека како партија ќе се самоорганизираат, ако државните органи останат неми на инцидентите.

-Вонредна состојба се воведува тогаш кога заканата за државата и за граѓаните е огромна, односно кога под закана е опстанокот на државата и на граѓаните. Во овој момент тоа не постои, а дали некој ќе се обиде тоа да го исценира и да создаде таква слика, останува да видиме. , изјави за „Инсајдер.рс“, Предраг Петровиќ, Центар за безбедносна политика

Синоќешниот е втор теористички напад пред израелската амбасада во Белград, откако пред две години маж со самострел рани жандарм кој го обезбедуваше. И тогаш беше прогласно црвено ниво на закана, кое траеше шест дена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонски Телеком воведува прва самостојна 5г плус мрежа во земјава

Македонски телеком ја воведува првата самостојна 5г+ мрежа во Македонија, која треба да донесе побрз и постабилен мобилен интернет и нови дигитални услуги.

Македонски Телеком воведува прва самостојна 5г плус мрежа во земјава

Од компанијата информираат дека инфраструктурата е веќе поставена, а новите функционалности постепено ќе се активираат и ќе им бидат достапни на корисниците до крајот на годинава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

Филипче треба да одговори на едноставно прашање: како државата се откажува од гасификацијата, ако гасоводот со Грција се гради со инвестициски грант и заеми од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој?

Министерство за енергетика: Филипче зборува неточно, ги игнорира фактите, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија, а домашната гасоводна мрежа се оспособува за ставање во функција.

Филипче треба да одговори на едноставно прашање: како државата се откажува од гасификацијата, ако гасоводот со Грција се гради со инвестициски грант и заеми од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој?

Според проектните податоци од 19 октомври, на македонската делница се испорачани 64 километри цевки, заварени се 43, а 18 километри се поставени во ров. Експропријацијата е реализирана во обем од 97 проценти. Тоа се конкретни работи на терен, а не политички најави.

Паралелно се работи на трасата и проектирањето на поврзувањето со Србија. Новите интерконекции создаваат услови за повеќе правци и извори на снабдување. Затоа поврзувањето на буџетските усогласувања со наводна определба за зависност само од руски гас го изоставува токму она што се прави за диверзификација.

Министерството утрово веќе појасни дека изградбата на гасоводи и планираната набавка и складирање природен гас за стратешки резерви се одделни процеси, со различни финансиски и технички предуслови. Обезбедувањето резерви зависи и од достапен складиштен простор и транспортен капацитет. Буџетската промена сама по себе не докажува дека инфраструктурните проекти се напуштаат.

Од претседателот на СДСМ очекуваме одговорна критика, заснована на целосни информации. Издвојувањето бројки, без да се објаснат намената на средствата, одделното финансирање и напредокот на проектите, ја доведува јавноста во заблуда. Политичката пресметка не смее да биде поважна од точното информирање на граѓаните.

Гасификацијата продолжува. Министерството останува отворено за конкретни прашања и проверка на документите и резултатите.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер