Македонските џентлимени на мотори собраа 2.300 долари во борбата против машките болести - Канал 5

Македонските џентлимени на мотори собраа 2.300 долари во борбата против машките болести

 Македонските џентлимени на мотори, кои на 30 септември трета година по ред се приклучија на глобалното движење „The Distinguished Gentleman's Ride" собраа 2.300 долари кои ќе бидат наменети во борбата против рак на простата.

Македонските џентлимени на мотори собраа 2.300 долари во борбата против машките болести

Околу 150 елегантно облечени моторциклисти продефилираа низ градските улици обидувајќи се да ја подигнат свеста за машкото здравје. Со тоа тие се приклучија на останатите 110.000 моторциклисти од 630 градови во 100 држави низ светот. На глобално ниво беа собрани над шест милиони долари.

Официјално е објавено и видеото од движењето во главниот град на Македонија.

Движењето започна во 2012 година во Сиднеј кога Mark Hawwa облечен во фин машки костум заедно со свои пријатели одлучи во чест на негов пријател кој не ја доби битката со ракот на простатата да продефилира низ улиците. Движењето од година во година зема се поголем замав со зголемување на бројот на учесници и градови кои се приклучуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец

Обвинителството тргна по трагите на убиецот токму со првичниот исказ на Росанка Трајковска, која денеска пред судот повторно одговараше на прашањата, со срам појаснувајќи дека насилникот се обидел да ја силува.

Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец

Трајко Бојковски со вперен поглед кон камерите, се поклони, па влезе во судницата во која беа повикани и Росанка Трајковска и Слоботка Арсовска, двете повозрасни жени кои според Обвинителството, дваесет и петгодишнот овчар од Старо Нагоричане се обидел, но не успеал да ги убие како останатите четири жртви. Со сослушување на двете преживеани жени кои според обвинението куртулиле од речиси сигурна смрт продолжи судскиот процес за случајот „сериски убиства во Старо Нагоричане“. Обвинителството тргна по трагите на убиецот токму со првичниот исказ на Росанка Трајковска, која денеска пред судот повторно одговараше на прашањата, со срам појаснувајќи дека насилникот се обидел да ја силува.

-Јас седев на кревет, вратата крцна, ми фрли на глава нешто, ме удираше по глава и по гради со рака, па со телефонот. Цел саат ме тепаше. Некој му сврте на телефон, или нешто тропна, па тој избега. Не можев ни да викнам. Срам ми е да кажам што ми правеше, јас сум стара жена. Ме фаќаше, по стомак, секаде.- Росанка Трајковска

Слоботка Арсовска пак, прстот во судницата го впери кон Бојковски посочувајќи дека тој е напаѓачот кој ја кутнал на земја, а се спасила бидејќи почнала да вика по нејзиниот син, иако тој не бил таму. Го познавала од претходно, знаела кој е, кога среде ноќ влегол кај неа дома.

-Беше околу 1 часот ноќта, јас станав и го видов Трајко кој стоеше во ходничето и го прашав кој те пушти, тој молчеше, трет пат кога го прашав, тргна да ме дави. Ме турна на земја со неговите две нозе, јас почнав да викам по син ми Јоване, Јоване и во тој момент ме пушти и побегна. Бев во несвест до сабајлето.- Слоботка Арсовска

За разлика од првото рочиште, сега Бојковски не гледаше во таванот и одговараше нормално, одби лично да им постави прашање на жените кои сведочеа. На следното рочиште, на барање на адвокатот Тони Цветковски кој му е доделен на обвинетиот по службена должност, ќе сведочат психијатриските вештаци.

Трајко Бојковски е обвинет за четири убиства, а за дел од случаите насилната природа на смртта се докажуваше со ексхумација на телата откако претходно жртвите биле закопани како да починале од природна смрт. Обвинителството смета дека главниот мотив за убиствата е некрофилија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за правда: Хрватска – наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграција

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.

Министерство за правда: Хрватска – наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграција

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, на која беше потврдена подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на правосудството и владеењето на правото.

На средбата се разговараше за тековните реформски активности и идните приоритети во спроведувањето на Реформската агенда, со посебен акцент на размената на знаења и искуства во усогласувањето на законодавството со европското право, како и на натамошното јакнење на институционалната соработка.

Хрватска е наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграција, а нејзиното искуство од процесот на интеграција во Европската Унија е од особено значење за нашата држава. Ова искуство, особено во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди, претставува значајна поддршка за нашата држава на патот кон членство во Европската Унија.

На средбата беше потврдена заедничката определба за продолжување на партнерската соработка и размената на искуства, со цел унапредување на реформите и забрзување на процесот на европска интеграција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Софија Вергара можеше да има многу поинаква кариера. Знаете ли што студирала?

Софија Вергара, 54-годишната актерка најпозната по улогата на Глорија Делгадо-Причет во „Модерно семејство“ и како судија во „Америка има талент“, планирала да тргне по сосема поинаков пат пред да стане актерка.

Софија Вергара можеше да има многу поинаква кариера. Знаете ли што студирала?

Колумбиско-американската ѕвезда студирала стоматологија во нејзината родна Колумбија, но никогаш не дипломирала.

Студирала стоматологија

Вергара зборуваше за тој период од својот живот во ток-шоуто на Хари Коник Џуниор. Таа откри дека студирала стоматологија две години, но на крајот се откажала. „Одев на стоматолошки факултет, но не го завршив. Студирав две години“, изјавила таа во тоа време.

Студирала стоматологија, но никогаш не работела со пациенти. Се откажала од колеџ само два семестри пред дипломирањето за да ги искористи можностите во манекенството и глумата.

Родниот град добива огромна статуа

Вергара подоцна имала успешна кариера во Холивуд, а нејзиниот роден град Баранкила ја почестил со монументална скулптура. Бронзената статуа беше откриена на 10 јули 2025 година, на нејзиниот 53-ти роденден, на шеталиштето Гран Малекон.

Градоначалникот на Баранкила, Алехандро Чар, нагласи колку градот е горд на актерката. „Баранквила ви се поклонува и му вели на целиот свет: ви благодарам што сте тоа што сте, ви благодарам што сте од Баранкила“, рече тој.

„Каков подобар начин да се прослави роденденот на Софија од откривањето на ова прекрасно дело што ја претставува нејзината радост, харизма, автентичност и личност“, додаде тој. Статуата е создадена од скулпторот Јино Маркез, кој работеше на неа седум месеци со помош на шест студенти и поранешни студенти на локалното уметничко училиште. Скулптурата е висока 7,5 метри и тежи 5,5 тони.

Статуата предизвика контроверзии

Вергара, која наводно била на одмор со своето семејство во времето на откривањето, не присуствуваше на настанот. Статуата брзо привлече внимание на интернет, а многумина коментираа дека скулптурата не личи баш на актерката. Некои дури ја споредија со познатата статуа на Кристијано Роналдо која некогаш предизвика потсмев на социјалните мрежи.

Корисниците на Редит исто така не беа импресионирани. „Кој го одобри ова?!“ напиша еден корисник. „Ако правиме статуи, можеме ли да најдеме некој што може да прави лица?“ додаде друг. Еден коментатор се пошегува и за пропорциите на скулптурата: „Изгледа како да ја направил некој со голем фетиш за стапала“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер