Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
1Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ТехнологијаМакедонскиот тим со „Експлозивниот ајвар“ подготвен за светскиот натпревар по роботикаМакедонскиот тим со „Експлозивниот ајвар“ подготвен за светскиот натпревар по роботика „FIRST Global Challenge“ во Атина . Со „Експлозивниот ајвар“, како што е името што му го дале на роботот, петмина средношколци од Македонија и нивните двајца ментори ќе учествуваат на светскиот натпревар по роботика „FIRST Global Challenge“ што од денеска до недела се одржува во Атина и заедно со нивни врсници од над 190 земји ќе се обидат да најдат одржливи решенија преку инженерството и роботиката за глобалните проблемите меѓу кои и справување со кризата со храна, јави дописничката на МИА од Атина. Учениците Димитриј Митковски, Елени Трпковска, Давид Маневски, од средното училиште „Георги Димитров“, ученикот Тимотеј Николовски од „Михајло Пупин“ и Марко Јанкуловски од средното училиште „Јахја Кемал“, заедно со нивните ментори Јаков Спировски и Ален Куљеван се подготвени за предизвиците на овогодинешниот натпревар. Непосредно пред почетокот роботската Олимпијада, дописничката на МИА од Атина, го посети штандот на нашата репрезентација на стадионот „Мир и пријателство“, каде што се одржуваат натпреварите, поразговара со членовите на тимот, кои ги споделија нивните очекувања и искуството, а говорат и за роботиката во нашата земја, за која велат дека постои интерес од младите, но недостига промоција и поддршка. Двајцата ментори веќе имаат искуство на натпревари во роботика, Јаков Спировски учествувал како натпреварувач, Ален Куљеван и претходнo ја имал истата задача како сега, а двајцата изразуваат оптимизам за учеството и ја коментираат дадената задача за сите натпреварувачи. -Оваа година предизвикот на Олимпијадата во роботика е „Хранење на иднината“, која симболично, преку топки, што се светските проблеми што се моментално актуелни и тие топки претставуваат некој вид на храна, енергија или вода, преку кои се докажува пораката за подобрување на иднината преку роботика и сите природни науки што можат да се вклучат за подобрување на иднината на човештвото, вели менторот Спировски. - Прилично е тежок предизвикот со оглед на тоа дека се лимитирани деловите кои ги добиваме, но го надминавме, иако оваа година се користат поголеми топки кои треба да се пренесат во боксовите, роботот функционира супер, вели другиот ментор Куљеван. Во однос на подготовките, Спировски објаснува дека имале околу две седмици за да се подготват со просторија, а само девет работни дена кои, како што вели, ги искористиле ефективно за да го направиме самиот робот. -Иако годинава имавме малку помалку време имавме во однос на претходните години сепак мислам дека успеавме да направиме доста солиден робот и робот што може добро да перформира и надеж да освоиме некоја награда, објаснува менторот. Членовите на тимот за МИА објаснија дека на роботите најчесто им се даваат женски имиња, но и барале нешто што ќе биде традиционално македонско, па така, дошле до идејата роботот да се вика ТЕА, односно првите три почетни букви од „The Explosive Ajvar“. Ученичката Елени Трпковска, единственото девојче во нашиот тим објаснува како функционираат и како меѓусебно се координирани. -Секој има своја задача, на пример имаме еден задолжен за програмирање на целиот систем, како да работи, како да функционира, како да се движи роботот. Се поделивме по двајца бидејќи сме петмина, останатите четворица, секој работеше на различен дел за склопување, зашрафување, обработка на изгледот на роботот, објасни средношколката. Вели дека тешкотиите со кои се соочиле биле минимални, првично бидејќи на сите од тимот им е прво учество, а второ додека да се запознаат со деловите, како функционираат за да знаат како да ги склопат, но „сето тоа брзо се реши“. - Иако имавме кратко време за да го составиме роботот, сега за сега во фазата на тестирање и пробување ни оди добро и роботот се однесува супер, посочува менторот Куљеван. Ова не е прво учество на Македонија на „FIRST Global Challenge 2024“, а најдобриот пласман го имавме во 2022 година во Женева, кога тогашните натпреварувачи го освоија третото место, кога темата беше еколошка, како што објаснува менторот Спировски, кој тогаш беше натпреварувач. Со искуство на натпревари во роботика како менторот е Куљеван, а во однос на тоа дали постои интерес кај младите во Северна Македонија за оваа област вели дека „моментално не е многу популарна“. - Но, се трудиме да ја рашириме таа култура, бидејќи имаме способност, имаме многу паметни деца за тоа да го изведеме, посочува тој. Со сличен став се и учениците, кои објаснуваат дека нивните врсници не се многу информирани, не се запознаени со конкретната област, а нивните другари кога дознале за учеството ги прашале „како и ние да се пријавиме“, со што посочуваат дека сепак, потребна е поголема промоција. Средношколците Марко Јанкуловски и Тимотеј Николовски, за МИА раскажуваат како се пројавила нивната љубов кон роботиката. Марко вели дека уште од мал имал интерес за тоа како функционираат разни уреди во домаќинството, кои заедно со неговиот дедо ги отворале и гледале како функционираат со што тоа станало негово хоби, додека пак Тимотеј започнал со отворање и „проучување“ на електронските колички на далечинско. - Мене ми е хоби да правам од стари материјали и од стари електронски уреди некои нови изработки и тоа ме доведе до роботиката, вели Јанкуловски. Од учеството на натпреварот и двајцата очекуваат да се запознаат со нивни врсници од целиот свет, да разменат искуства за роботиката, но и да постигнат успех. Со оглед на тоа што конкретното натпреварување го следи моделот на Олимпијадата, свеченото отворање се одржа синоќа, на историскиот антички олимписки стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина, каде што се одржаа и првите модерни Олимписките игри. А во ист дух беше и претставувањето на тимовите, натпреварувачите од 193 држави, по азбучен ред парадираа на стадионот, секоја со своето знаме и со еден знаменосец. Присутни на отворањето, што траеше над три часа, беа министерот и заменик-министерот за дигитално управување како и основачот на „FIRST Global Challenge“, кои има свои поздравни обраќања. Позитивната атмосфера на историскиот стадион, дополнително ја „вжешти“ групата „Блек ајд пис“, кои беа најавени како специјални гости и ги забавуваа присутните на крајот од свеченото отворање. Натпреварите во роботика започнуваат утрово и ќе траат до недела. Грција за првпат е домаќин на годишниот натпревар по роботика на иницијатива на Министерството за дигитално управување, додека „FIRST Global“ е американска непрофитната организација што има за цел да ги инспирира и поттикне младите умови преку науката, технологијата, инженерството и математиката. Според организаторите, овогодишниот предизвик „Хранење на иднината“ ги инспирира учесниците да ја искористат својата креативност и критичкото размислување за да дизајнираат и изградат робот. Тимовите ќе мора да управуваат со својот робот во симулиран свет кој ја нагласува сложената и меѓузависна врска помеѓу системите за вода, храна и енергија, додека ги балансира овие глобални ресурси за да поддржи одржлив систем за храна. Велат „FIRST Global Challenge 2024 е повеќе од натпревар, таа е прослава на креативноста, генијалноста и духот на соработка на младите луѓе од секој агол на светот“, а учениците ќе се сретнат во Атина за да ги споделат своите идеи и решенија и ќе имаат „заедничка цел да изградат одржлива иднина за храна за сите“. Од 2017 година кога FIRST Global Challenge се одржа во Вашингтон се промени системот и се следи примерот на Олимписките игри, со што секоја година домаќин е различен град. Во изминатите години домаќини на светските натпревар по роботика, освен Вашингтон, беа Мексико (во 2018 година), Дубаи (2019 година), Женева (2022 година) и Сингапур (2023 година).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПедијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџеритеДури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин.Енергетските пијалаци се популарни меѓу децата и тинејџерите, а нивната консумација дополнително ја поттикнуваат социјалните мрежи, инфлуенсерите и рекламите, кои ги претставуваат како брз начин за зголемување на енергијата и концентрацијата. Една лименка енергетски пијалак од половина литар може да содржи дури 55 грама шеќер – што одговара на приближно 11 ќесички шеќер од по пет грама. Покрај шеќерот, овие пијалаци често содржат големи количества кофеин, како и други состојки, на пример таурин, ароми и бои. Дури и верзиите без шеќер не се без ризик, бидејќи сепак можат да содржат високи нивоа на кофеин. Немир, анксиозност и срцеви проблеми Педијатрите предупредуваат дека редовната консумација на енергетски пијалаци може да предизвика низа непријатни симптоми: забрзано или силно чукање на срцето, чувство на немир и анксиозност, како и треперење. Консумирањето на овие пијалаци кај младите го нарушуваат срцевиот ритам, предизвикувајќи проблеми со спиењето, како и симптоми на анксиозност или напади на паника. Младите развиваат толеранција кон кофеин, што значи дека телото се навикнува на неговото дејство, па лицето ќе почне да пие сè поголеми количини за да го постигне истото ниво на будност. Рекламите што ги привлекуваат младите луѓе Една од причините за популарноста на енергетските пијалаци е нивниот начин на рекламирање. Шарените пакувања, соработките со инфлуенсерите и врските со видеоигрите, спортот и забавата создаваат впечаток дека ваквите пијалаци се неопходен дел од активниот живот. Дополнителна забуна се верзиите без шеќер, кои понекогаш се перципираат како поздрав избор. Сепак, елиминирањето на шеќерот не ги елиминира ризиците поврзани со кофеинот, особено кај децата и адолесцентите. Во Македонија сè уште нема активна законска регулатива што ја ограничува или забранува продажбата на енергетски пијалаци на малолетници, иако во собраниска процедура во минатото беа поднесувани предлози и иницијативи за изменување на законите со цел да се воведе ваква забрана за лица под 18 години. Забраната за продажба е само еден аспект од превенцијата. Важно е да се разговара со младите за тие да ги разберат последиците од ваквата консумација. Некои ги пијат од љубопитност, други за да се вклопат во друштвото на врсниците, а некои поради замор, стрес или тешкотии со концентрацијата. Сепак, преку Извештај на Институтот за јавно здравје, се препорачува воведување на даноци за засладени пијалаци, строги правила за обележување и ограничување на рекламите за производи со висока содржина на шеќер и кофеин. Од таму препорачуваат, особено за младите лица, водата да биде прв избор, потоа чајот и домашно цедениот сок без додаден шеќер, младите да имаат доволно сон, редовна исхрана и физичка активност. Извор: index.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗнаци дека во домот имате стеници и чекори што мора да ги преземете веднашСтениците се многу здодевни штетници кои предизвикуваат чешање доколку ве каснат, предизвикувајќи алергиски реакции и секундарни инфекции на кожата. Според стручните лица од Bed kingdom, ова се знаци на кои треба да обратите внимание, пренесува Мирор. Чудна миризба: Стениците испуштаат необичен мирис, а експертите објаснуваат: „Еден од раните знаци на наезда од стеници е чуден мирис на застоено во спалната, дури и кога нема очигледна причина за тоа – како на пример, куп валкана облека. Кога стениците се загрозени, испуштаат таканаречени феромони за тревога, кои имаат слаб мирис на малини, коријандер или нешто слично. При сериозни наезди, овој мирис може да се измеша со мирисот на мртви стеници и отфрлени чаури, создавајќи мирис што потсетува на 'рѓа.“ Каснувања: Ако се разбудите со „црвени каснувања што чешаат“, тоа може да биде знак за присуство на стеници. Тие обично се хранат со крв во текот на ноќта, често каснувањата се во групи или поединечни. Според стручните лица, тие генерално не се опасни, но некои луѓе може да бидат алергични – доколку забележите отоци, побарајте лекарска помош. Јајца: Јајцата на стениците тешко се забележуваат бидејќи се ситни – долги се само 1 мм – но можете да барате сè што наликува на мали зрна ориз во вашиот кревет. Тие можат да се залепат на различни површини, најчесто по должина на рабовите и споевите на душекот или зад наслонот на креветот. Обвивки: „Стениците се „преслекуваат“ неколку пати во текот на својот животен циклус, што значи дека отфрлената кожа може да варира по големина“, објаснуваат експертите. „Можете да ги препознаете по нивниот жолтеникав, проѕирен изглед на рабовите, наборите и процепите на душекот, па дури и на други места, како што се пукнатини во ѕидовите или во мебелот.“ Дамки од крв: Откако ќе завршат со хранењето, од телото на стеницата може да истече крв доколку ја згмечите додека спиете – на пример, при ненадејно движење или превртување во креветот. Ако забележите вакви траги, а нема друга очигледна причина за нив, најверојатно тие се знак за наезда. Темнокафеави траги: Мали, темни дамки од изметот на стениците со големина на врв од молив може да се појават на душеците, чаршафите, наслоните за глава, па дури и на ѕидовите. Бидејќи се многу помали од дамките од крв, тие се потешки за забележување. Исто така, тие испуштаат слаб мирис на 'рѓа, што придонесува за непријатна, застоена миризба. Живи стеници: Возрасните единки се долги околу 5 мм и имаат тенденција да се кријат на најразлични места, почнувајќи од самиот кревет па сè до неговата околина. Со малку труд, тие можат да се забележат, што е прв чекор кон нивно отстранување. Ако забележите некои од овие значи, постелнината, навлаките и облеката за кои се сомневате дека биле изложени на стеници, исперете ги на висока температура согласно упатствата за одржување. Темелно извакуумирајте ги достапните процепи и рабови на душекот, а содржината безбедно одложете ја во затворена кеса. Избегнувајте прскање на креветот со случајно избрани хемикалии или преместување на потенцијално заразените работи од една во друга просторија. Ако најдете живи стеници или јасни знаци за нивно присуство, најдобро е да повикате служба за дезинсекција. Стениците може да се појават и во уредни домови, најважно е што порано да се препознаат зашто проблемот полесно се решава пред да се прошират низ целиот дом. Извор: vecernji.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Шоу бизСрпски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријавиТврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан. Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал. Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред. Што содржеше објавата На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат. Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена. Обвинителството нареди истрага Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни. Извор: Индекс.хрТагови: Бака Прасе приведување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook