Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
1Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
2Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)
ЖивотМакедонскиот кашкавал патувал со сплавови на Вардар до СолунЗа квалитетот на македонскиот традиционален овчи кашкавал не треба посебно да се зборува. Надалеку е и одамна прочуен. Но, дали и колку ни е познат податокот дека уште пред Првата светска војна се носел на пазарите во Грција со сплавови кои пловеле по реката Вардар. Ова особено било карактеристично за југоисточниот дел на Македонија, иако транспорт се организирал и од други градови, региони на државата, но на поинаков начин. Најчесто со коњи и маски. Со Благој (Гојчо) Јаневски од Гевгелија, раководител (бригадир) на бачилото „Смрдливи вирови“ во Галичник, се навративме на тоа време. Неодамна го посетивме. Разговаравме многу, прашувавме уште повеќе: за сточарството некогаш и сега, за чувањето овци, за табиетот на овие животни, за пасиштата, за третманот на професијата, за традицијата, производството,... На софрата послана со мушама - кафе и чај, чувството преубаво. Чист воздух, мали кутренца од расата „кангал“ која се повеќе му го зема приматот на шарпланинецот, неколку коковчиња и по некоја овца што не отишла со стадото на пасење од само за неа познати причини. Тивко, се слуша само ветерот, студено на носот и дланките, а Гојчо раскажува... - Мојот прадедо имал 20 коњи и 1.500 кози. Семејството било големо, околу 50 луѓе, браќа, синови, внуци,.. Цела тајфа. Двајца - тројца со коњите береле граѓа (дрва) од планина. Граѓа за десет куќи. Дрвата потоа се ределе во водата, се врзувале. Така се правеле сплавовите. Обично шест - седум сплавови тргнувале за Солун. Патувале четири дена по Вардар,... Сплавовите „оделе“ еден по друг. На нив луѓето, но, и јарињата. Котле со грав, леб, јоргани, подница (рогозина),... Се си носеле, вели Гојчо. Мајсторот напред, на првиот сплав. Ако се замрачи, се трга на страната на Вардар, го врзува сплавот со ортома покрај брегот и сите останати позади го следат. Се редат еден позади друг. Спиеле на сплавовите. Утредента го продолжувале патот. Ќе одат во Солун, ќе ја продадат граѓата и ќе се вратат. И млекото и сирењето се носеле до Солун со сплавови. Сплавови веројатно имало и од Велес, но често стоката од овој дел на Македонија, како што ни кажа Гојчо, се транспортирала со каравани. Притоа, најголемиот товар паѓал на маските. Тие сочинувале 80 отсто од караванот. Останатите 20 проценти биле коњи. Интересно е што овците се молзеле исклучиво на бачило, во планина, а „бачот“ (мајсторот за сирење, кашкавал) го правел таму само телемето (подкиселеното млеко, млекото со мајата). Потоа, со вреќи, телемето се носело на мандарата каде што се произведувал кашкавалот. - На Кожуф се уште стојат патиштата, всушност патеките направени од движењето на коњите во тоа време, пред Првата светска војна, широки по два метра. Транспортот повеќе бил со маски. Коњи имало, но повеќе се чувале маски зашто векот им е подолг, а се и поекономични. Еден коњ јаде колку три маски и, нормално, е поиздржлив, додава бригадирот. Го свртевме муабетот на табиетот на овците. Потпрашавме и дали некогаш видел како волк напаѓа стадо. - Овците се многу мили и умни животни. Ако доволно ги познаваш, по нивната реакција ќе забележиш кога ќе врне дожд, кога снег. Два-три дена пред да врне знаат дека ќе се расипе времето. Ако треба да врне дожд, кога ќе наближат 500 метри до трлото почнуват да трчаат, да се буцкаат, потскокнуваат, си играат. Сите трчаат, до една, и рипкаат. И нема утка. Сигурно заврнува. Пред да заврне снег, пак, брстат смрека што обично никогаш не јадат. И да се најадени, ништо, упорно пасат, не можеш да ги прибереш... Еве и сега, кога дојдовте, овците не блекаа ама после почнаа да блекаат зашто им ја отворија вратата од трлото. Знаат дека одат на паша, нагласува Гојчо. Исто така, знаат, чувствуваат и кога е транспортот - од планина во пониските делови ако почнува студот, и обратно, од долу во планина кога почнува топлото време. Блеат, ги чекаат вагоните и сами влегуваат во нив. Овците многу добро го познаваат овчарот. Кога ќе почне да вика по нив, го слушаат и право одат накај него. Овците - водачи носат клопотарци, а останатите ги следат, слушајќи го звукот на колопотарецот. - Некои овци се стрвни, сами одат накај одгледувачот да им даде лепче. Кога плевиме, ако видат дека носиме нешто рацете, веднаш одат накај нас. Даваат да ги галиме, некои дури и сами се тријат од нас, се чешаат, вели Гојчо. И приказната за волците е многу интересна. Тие, нагласува нашиот соговорник, се смрдливи животни, имаат многу јак, непријатен мирис. А кога тргнуваат во напад на некое бачило (стадо овци), испуштаат гасови, што е многу карактеристично. - Кога се приближува волкот кон трлото, постојано прди. Тоа го чувствуваат кучињата и веднаш тргнуваат накај него. Им дозволува да му се приближат, но на максимум 50-на метри. Потоа се врти кон нив и почнува да ржи. Толку силно што, како што се велело порано, молњи од уста му излегуваат. Ако кучињата ги спуштат опашките, почнат да цвилат и се свртат назад, да си одат, тогаш волкот е сигурен дека нема достоен противник и го напаѓа стадото. Но, ако кучињата се спротивстават, почнат и тие да ржат и продолжат кон него, тогаш волкот бега или, пробува да избега, зашто кога се шарпланинци во прашање, најчесто го фаќаат и растргнуваат. Ако, пак, успее да избега, никогаш веќе не се враќа на истото место, објаснува Благој. Во текот на разговорот кој сосема спонтано „скокаше“ од една тема на друга, Гојчо, видно разочаран, прогнозира дека за околу 30 години во Македонија ќе нема кој да ја продолжи традицијата на овчарење. Не само што помладите не сакаат да се занимаваат со оваа работа, туку и државата, вели, вооопшто не води сметка, особено не за ресурсите. Во 70-тите години Македонија броела околу 2,3 милиони овци, а денес се максимум 650.000. Само на Бистра, пред 50 години имало 150.000 овци, а сега се 15.000. Искористувајќи ги природните води, државата пред 50 години направила преку 50 базени, чешми, поилки, резервоари за овците. Сега, според бригадирот, се е скршено, скапано, пропаднато, а ништо не е преземено. Имаме само 15.000 овци, а не можеме да ги напоиме. - Она што го дала природата, не го користиме ни три отсто. Ни пропаѓаат 97 проценти од расположливите ресурси. Во други земји прават брани, за кога врне дожд, да се собере водата и да ја искористат, да ги напојат овците. А нам ни дала природата, но ништо не сме направиле, апсолутно ништо и како ќе одиме напред?, смета Гојчо. Во овој контекст, за крај, ни раскажа една анегдота. - Некој странски дипломат, посетил повеќе места низ Македонија, но ништо не бендисал толку како галичкиот кашкавал, сирењето и печеното јагне. Си земал од кашкавалот, едно парче - многу вкусно, второ парче - многу вкусно,... Рекол: Може да видам кој го произведува ова? Излегува чичко Санде, постар човек, како мене, со мустаќи. „Седни до мене“, му рекол дипломатот. Овој седнал. „Ти го произведуваш кашкавалот?“ - „Јас“. - „Колку плата имаш?“ - „Околу 500 марки“, во тоа време. - „Кај мене ќе дојдеш, 5.000 марки ќе ти дадам, но овој кашкавал ќе го правиш“. На тоа Санде, иако неписмен ама стручен, се насмеал и му одгворил: „Важи, но и планината цела да ја донесеш кај тебе зашто нема друго поднебје како ова, со ваква трева и ваков воздух за овој кашкавал да се произведе. Мора и планината да дојде со нас за да го добиеме овој квалитет.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СудбинаЧетири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот Трагично пешачење во канадската покраина Британска Колумбија заврши со смртта на мајка и нејзината ќерка, кои беа нападнати од четири гризли мечки. Истражителите користеа ДНК анализа за да потврдат кои животни стојат зад ужасниот напад, а експертите се сомневаат дека жените биле плен, што го прави овој случај особено редок, објави Би-Би-Си. Џенифер Балкарас (48) и нејзината 20-годишна ќерка, Села Рид, отидоа на кратко попладневно пешачење на почетокот на ноември во областа Вајт Касл во западна Канада. Кога не се вратија дома, нивното семејство пријави дека се исчезнати. Потрагата заврши трагично. Телата, или поточно останките, на двете жени беа пронајдени во близина на планинарска патека, на околу 150 метри оддалеченост. По нападот, истражителите зедоа примероци од ДНК од животните за кои се сомневаше дека учествувале во трагедијата. Резултатите потврдија дека четири гризли мечки - возрасна женка и нејзините три младенчиња, стари околу една година, се одговорни за смртта на мајката и ќерката. Сите четири мечки подоцна беа еутанизирани за да се заштити јавноста, соопшти Службата за заштита на Британска Колумбија (BCCOS). Истрагата, исто така, откри особено вознемирувачка можност - дека нападот не бил резултат на изненадувачка средба или одбранбена реакција од страна на животните, туку дека мечките ги сметале жените за плен. „Нашата истрага, исто така, покажа дека ова веројатно бил предаторски напад, за кој можам да ви кажам дека е многу редок“, изјави инспекторот на BCCOS, Џеф Тајр, за АП. Експертите велат дека ваквите напади се исклучително невообичаени, бидејќи мечките генерално не напаѓаат луѓе за да ги јадат. Според проценките на Министерството за животна средина, земјиште и паркови на Британска Колумбија, во канадската покраина живеат помеѓу 10.000 и 13.000 гризли мечки. Видот е наведен како загрозен во покраината. Средбите меѓу луѓето и гризли мечките што завршуваат со напади се релативно ретки, но ризикот се зголемува кога луѓето го изненадуваат животното или кога тоа ги брани своите младенчиња или извор на храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПаника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)Дражавјанинот на Хондурас, Рони Александар Гомез-Алберто, кој двапати бил депортиран од Соединетите Американски Држави, бил уапсен откако наводно се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на „Јунајтед ерлајнс“ и тврдел дека има бомба. Инцидентот се случил во понеделник вечерта за време на летот од Њуарк до Њу Орлеанс, а неговото однесување ги натерало пилотите да издадат предупредување за киднапирање, објави „Фокс њуз“. Летот 2174 безбедно слета на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекала полицијата. Гомез-Алберто подоцна бил уапсен, а Министерството за внатрешна безбедност на САД потврдило дека е обвинет за обид за влегување во пилотската кабина. Според одделот, Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) поднела барање за негово притворање по неговото апсење. „На 10 ноември 2026 година, ICE поднела барање за притворање на Рони Александар Гомез-Алберто, државјанин на Хондурас кој нелегално е присутен во Соединетите Американски Држави, откако се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот“, изјавил портпарол на Министерството за внатрешна безбедност за „Фокс њуз“. Според американските власти, Гомез-Алберто првпат бил уапсен во септември 2011 година откако нелегално ја преминал границата во близина на Ел Индио, Тексас. Тој бил повторно уапсен во октомври 2014 година, во близина на Колумбус, Ново Мексико. По двете апсења, тој бил депортиран од Соединетите Американски Држави. TERRIFYING MIDAIR SCARE: A twice-deported illegal immigrant allegedly claimed to have a bomb and tried to storm the cockpit of United Flight from Newark to New Orleans, triggering an in-flight hijacking alert. Authorities say Honduran national Rony Alexander Gomez-Alberto—previously deported in 2011 and 2014, then released by an immigration judge in 2020—was arrested upon landing and faces terrorizing and false arson charges. ICE has placed a detainer as federal investigators weigh additional charges. — FOX & Friends (@foxandfriends) November 11, 2026 Тој повторно бил уапсен од страна на Граничната патрола во 2019 година откако се обидел нелегално да влезе во земјата во близина на Сан Исидро, Калифорнија. Сепак, тој бил ослободен од притвор во јануари 2020 година откако судија за имиграција наредил негово ослободување во исчекување на постапката за депортација. Локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, објавија дека осомничениот е обвинет и за пренесување лажни информации за планирано палење и терористичка закана, како и за нарушување на јавниот ред. Министерството за внатрешна безбедност конкретно изјави дека тој упатил закана со бомба за време на летот, што предизвикало тревога кај екипажот и патниците. Јунајтед ерлајнс потврди дека авионот слета безбедно и дека полициските сили го пречекале авионот по пристигнувањето. „Летот 2174 на „Јунајтед“ од Њуарк до Њу Орлеанс слета безбедно по инцидент во кој беше вклучен еден патник. Полицијата го пречека авионот по пристигнувањето“, соопшти компанијата. Авионот „Боинг 737 MAX 9“ превезуваше 46 патници и шест члена на екипажот. Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека властите ќе продолжат да преземаат мерки против лицата кои се нелегално во Соединетите Држави и кои вршат кривични дела.Тагови: авион Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЖена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)Неидентификувана жена е сериозно повредена кога разбојник ја прегазил за време на кражба на автомобил во вторник наутро (10 ноември) во населбата Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло. Таа претрпела тешка трауматска повреда на мозокот, морала да биде интубирана и била однесена во болницата Санта Каса. Безбедносна камера го снимила моментот кога осомничениот разбојник се приближил до жртвата, ја презел контролата врз автомобилот и ја прегазил додека бегал, објави „Глобо“. Злосторството се случило на улицата Хозе Крис, во близина на плоштадот Паскоал Мартинс и авенијата Маркес де Сао Висенте. Воената полиција била повикана околу 6:35 часот наутро. Видеото го прикажува разбојникот како се приближува до жената, која штотуку излегла од аптека и влегувала во својот автомобил. Mulher é atropelada por criminoso durante roubo de carro na Barra Funda, em SP; vítima está em estado grave https://t.co/1YgWxOzUul #g1 https://t.co/u3s3bC5oFw — g1 (@g1) November 10, 2026 Осомничениот ја преминува улицата и се крие зад дрвја, чекајќи жената да влезе во возилото. Потоа ѝ се приближува и седнува на задното седиште. Кога го забележува нападот, жената излегува од возилото. Разбојникот потоа седнува на возачкото седиште, но жртвата се обидува да го спречи грабежот. Следува физичка пресметка, при што мажот ја турка. Таа паѓа и ја удира со главата на земја. Потоа крадецот го става автомобилот во рикверц и ја удира со својот автомобил. Луѓето на блискиот паркинг се обидуваат да го спречат да избега, викајќи му да застане, но осомничениот успева да избега со автомобилот. Вработен на паркингот, кој бил сведок на инцидентот, рекол дека жената се обидела да ја зграби вратата од автомобилот за да го спречи крадецот да избега. „Таа се обидела да ја повлече вратата, но тој успеал да се врати во рикверц токму кога таа ја зграбила. Потоа била фрлена назад со сета сила, ја удрила главата и ја изгубила свеста“, рекол сведокот. Според него, луѓето на местото на настанот истрчале за да го спречат возачот да ја прегази жената. „Трчавме за да не ја прегази. Малку забавил, потоа малку забрзал и скршнал, но и покрај тоа, гумата сепак ја зафатила главата. Потоа продолжил да вози“, рекол сведокот. Жената била однесена во болница со тешка трауматска повреда на мозокот и крварење од увото. Таа мораше да биде интубирана пред да биде префрлена во болницата Санта Каса во Сао Паоло. До последното ажурирање, немаше информации за тоа каде се наоѓа крадецот и украдениот автомобил.Тагови: автомобил разбојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34