Македонскиот јазик и новите технологии-како децата да го зачуваат мајчиниот јазик - Канал 5

Македонскиот јазик и новите технологии-како децата да го зачуваат мајчиниот јазик

Се повеќе во секојдневната комуникација меѓу децата и младите можат да се слушнат англиски зборови, за сметка на се посиромашниот речник на македонски јазик – алармираат логопедите и наставниците. 

Македонскиот јазик и новите технологии-како децата да го зачуваат мајчиниот јазик

Децата многу често уште од најрана возраст се изразуваат со мешање на македонскиот и англискиот јазик, а неретко се случува и првите зборови да им се токму на англиски јазик. Сметаат дека тоа се должи на прераното користење на ТВ-екраните и паметните уреди, каде децата со часови на јутјуб гледаат содржини најчесто на англиски јазик, но понекогаш и од желбата на самите родители нивното дете да го владее странскиот јазик од најмали нозе.

- Посебно изложеноста на Бејби ТВ или на некои цртани од јутјуб канали што ги пуштаат децата секако, англискиот е многу по лесен за меморирање отколку македонскиот затоа што самите зборови се пократки. Јас би рекла да не пуштаат воопшто ТВ односно екрани до барем до втората година од развојот на детето затоа што во тој период интензивно се учи македонскиот јазик и кога децата би биле изложени на мајчиниот полесно ќе го совладаат за подоцна да нема потреба од нас би рекла,-Наташа Шатировска – логопед.

„Не ми текнува како беше зборчето на македонски“ е реченица која се почесто ја слушаат и наставниците. Тие велат дека учениците сами создаваат средина во која преовладува англискиот јазик, најчесто поради актуелните трендови на социјалните мрежи , со што го губат својот јазичен идентитет, за кој свеста треба да започне од најмала возраст од домот, а наставниците да се трудат што повеќе да ја негуваат во образовниот систем.

-Во говорот на учениците секојдвенвно слушаме мешање на македонскиот и англискиот јазик. Воедно самата синтакса е сосема нарушена. Учениците бараат превод и објаснување на зборови за кои се очекува да ги знаат според нивната возраст. Секако дека ни е познато како дојдовме до оваа состојба меѓутоа ни останува да продолжиме да се бориме и да научиме да си го цениме јазикот, Магдалена Ристеска – наставничка по македонски јазик.

И логопедите и наставниците со апел – да се создаваат повеќе книги, интерактивни игри, но и цртани серии и интернет содржини кои од најрана возраст дополнително би ги потикнале најмладите да го употребуваат и приоретизираат мајчиниот јазик.

И од Институтот за македонски јазик на вчерашното одбележување на 80 годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик, токму зголемениот број на англизми навлезени во лексиката и синтаксата на македонскиот јазик беа посочени како горлив проблем. Од институтот апелираат што поскоро да започне да се имплементира Законот за употреба на македонскиот јазик кој беше изгласан лани, а со тоа да профунционира и новиот инспекторат за употреба на јазиците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Турските власти почнаа масовна потрага по лавица, која била забележана во шумска област на Истанбул. 

Драма во Истанбул – турските власти трагаат по лавица, на дел од жителите им е наложено да не излегуваат од дома

Дивото животно вчера попладнето прво било забележано од локален жител, а потоа регистрирано и од надзорните камери. Жителите на населбата Ускум-Рукој, добиле наредба да не ги напуштаат домовите додеа трае акцијата за пронаоѓање на лавицата, по која се трага и со дронови. Според турските медиуми, се верува дека лавицата побегнала од првиватен имот, каде што било чувано како егзотично животно. Лавицата првично била пронајдена, но обидот таа да биде успиена завршил неуспешно, по што екипите и ја загубиле трагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си.

Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики.

Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца.

Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца.

Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80.

Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер