Македонскиот гулаб вртач лета низ Балканот без регистрација - Канал 5

Македонскиот гулаб вртач лета низ Балканот без регистрација

Автохтониот македонски гулаб вртач го има скоро во сите земји од Балканот и Унгарија, но тој лета низ балканското небо без регистрација. 

Македонскиот гулаб вртач лета низ Балканот без регистрација

Од целосно признавање како автохтона птица и раса и запишување во регистарот на Европскиот сојуз на одгледувачи на птици и ситни животни го дели учество на еден конгрес и одржување на една меѓународна изложба, вели Тодор Маџаров, претседател на Здружението „Македонски вртач" од Струмица и долгогодишен одгледувач на овој вид гулаби, но и други птици и животни.

На влезот во неговиот двор, каде што е сместен гулабарникот, но и кафези за одгледување зајаци и украсни патки, нè пречека силното гугање од стотината гулаби, но и нивната послушност кон сопственикот кога им нареди секој да си влезе во својот дел од гулабарникот. Тие ја извршија неговата наредба, а тој веднаш почна да раскажува зошто македонскиот гулаб вртач не е регистриран како автохтона птица.

– Битката за регистрирање на нашиот гулаб и запишување во регистарот на европскиот сојуз трае долги години. На еден од конгресите успеавме да учествуваме и го презентиравме нашиот гулаб. Но, потребно е да се учествува и на други конгреси, а немавме пари. Пропуштивме неколку конгреси и заради тоа сè уште сме стасус кво, раскажува Маџаров.

Продолжува дека македонскиот вртач може само така да се нарекува, а не и дунек, бидејќи тоа е турско име за гулабот.

– За мене е најболно што гулабот е признат дека е автохтона македонска птица, па дури дека е и со потекло од Струмица, но не е регистриран и затоа секој го краде. Исто како што ајварот стана словенечки, а шарпланинецот српски. Сето тоа е поради наша неорганизираност, па дури би додал и од завист зошто друг да го направи тоа, а не јас, со тага објаснува Тодор.

Објаснува дека струмичкиот вртач во Србија и во другите држави од поранешната држава стасал по заминувањето на старешините од некогашната ЈНА, кои со себе ги понеле и гулабите што ги одгледувале додека биле на служба во Струмица. Додава дека голема е разликата меѓу гулабите поштари и високолетачите од нашиот вртач.

– Кога се врши оценување на македонскиот вртач, најпрво се гледа каков му е кружниот лет над гулабарникот и да добие една висина од 200 до 300 метри и кога ќе се пушти друг гулаб на земјата тој почнува вертикално да паѓа и да се врти околу својата оска. Тоа вртење се оценува. Значи имаме добар лет, имаме кружен лет и имаме примање, па вртење и приземјување во гулабарникот. Бодовите од оценувањето од двајцата судии се собираат и се добива пласманот, објаснува Маџаров, кој и самиот е судија.

Интересно е неговото објаснување за гулабите поштари како знаат да се вратат во својот гулабарник, иако летаат и по илјадници километри.

– Самиот гулаб поштар треба да биде чистокрвен и да не е вкрстуван со други раси и докажано е дека тој ја следи ултравиолетовата светлина, што не ја гледа ниту еден друг ‘рбетник. Кога ќе тргне гулабот прави еден или повеќе кругови, по што поставува визуелен контакт со гулабарникот и се враќа назад, на местото каде што е роден, бидејќи тоа останува запишано во неговиот генетски код, вели Тодор Маџаров.

Љубовта за одгледување гулаби ја наследил од неговите предци, па дури вели дека тоа му е аманет од дедо му.

– Во 1913 година, кога дедо ми дошол во Струмица од кукушката околија, од големото богатство што таму го имал и го оставил, со себе ги понел само двата најстари гулаба ставајќи ги во пазувите. Од тие гулаби потекнува нашата семејна љубов кон овие птици, раскажува Тодор.

Жали што нема кој да ја наследи неговата љубов кон гулабите, но и покрај тоа што е веќе во седумдесет и втората година од животот се надева дека уште долго ќе им се радува на „паѓањата" на неговите вртачи и секој нареден ден ќе го поминува со нив. Се потсетува и на бројните признанија што ги има освоено за своите гулаби, но сепак најголема награда ќе му биде регистрирањето на македонскиот гулаб вртач во европските аоцијации.

Според неговите податоци во Струмица има стотина огледувачи на гулаби вртачи, а во државата вкупниот број на гулаби е околу 10 илјади. Маџаров има регистрирано и сопствена одгледувачница за гулаби и патки./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола.

НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси

Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката.

Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа.

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец.

Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски.

Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива.

Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер