МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми
1МВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми
МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа
1МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа
КултураМакедонскиот филм „Мими“ од 13 октомври со кино проекции низ државатаМакедонскиот долгометражен игран филм „Мими“ на режисерот Даријан Пејовски од 13 октомври ќе почне со кино проекции за македонската публика. Љубителите на домашниот филм, ќе може да го погледнат филмот во кината „Синеплекс“ и „Милениум“ во Скопје, и во дел од градовите низ државата. Како што соопштија од тимот на филмот, станува збор за психолошка драма за девојка која, потисната од родовите предрасуди од родниот крај, доаѓа да живее во Скопје. Се запознава со eкстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во опсесија. Појдете во кино и погледнете ја разврската на оваа современа драма. Улогите ги толкуваат Наталија Теодосиева како Мими, Тамара Ристоска како Сара, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ, Стефан Спасов и други. „Мими“ е втор долгометражен филм на Даријан Пејовски, кој во својата филмска биографија како режисер ги запиша „Три дена во септември“ (2015), неколку краткометражни филмови, а работеше и на ТВ-сериите „Фамилија Марковски“, „Инсајдер“ и „Преспав“. Филмот е копродукција на „Скопје Филм Студио“ со „Maxima Film“ од Хрватска и „Giggling Goat Production“ од Црна Гора. Направен е со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија, ХАВЦ – Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот центар на Црна Гора. „Мими“ го отвори овогодинешниот Фестивал на европски филм „Синедејс“ и беше прикажан во земјите копродуценти во рамки на Пулскиот филмски фестивал и фестивалот во Херцег Нови. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижаМинистерството за здравство ја почитува законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ. Истовремено, очекуваме надлежните институции професионално, темелно и неселективно да ги испитаат сите наводи. Основното јавно обвинителство веќе постапува по случајот. Министерството и сите надлежни здравствени установи целосно ќе соработуваат и без одложување ќе ја достават секоја побарана информација, анализа и документација. Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа, а јавноста беше информирана за состојбата. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки. Оттука, сметаме дека обидите на СДСМ случајот да го претвори во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите. Наместо политички квалификации и прес-конференции, потребно е да им се овозможи на надлежните институции непречено да ја завршат постапката. Министерството ќе продолжи да работи транспарентно и одговорно. Наши приоритети остануваат функционалниот здравствен систем, заштитата на здравјето на граѓаните и целосното утврдување на фактите врз основа на докази.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаЧакал касна жена во Романија; мештаните ја спасијаЧакал нападна 41-годишна жена утрово, на 10 август, пред нејзиниот дом во селото Олтенешти во источна Романија. Животното ја касна жената за подлактицата и ѝ го изгреба стомакот, но таа се спаси благодарение на мештаните кои веднаш ѝ притекнаа на помош. Нападот се случи пред домот на 41-годишната жена, која итно беше пренесена во окружната болница, пренесува Digi24. Жртвата остана свесна и присебна; по инцидентот, жителите изразија загриженост и побараа од надлежните да интервенираат и да ги отстранат опасните животни од околината на селото, бидејќи стравуваат да излезат од своите домови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Селекцијата за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ се спроведува согласно утврдените критериуми Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан на проверка на моторичките способности и покрај тоа што ги исполнувал условите од јавниот повик, Министерството за внатрешни раСоопштение МВР Процесот на селекција сè уште е во тек и се спроведува во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се повикуваат кандидатите кои претходно успешно ја поминале административната селекција. Во рамки на административната селекција, меѓу другото, се утврдува исполнувањето на условот кандидатот да има најмалку „добар“ општ успех во двете завршени години средно образование и да не му биле изрекувани педагошки мерки во училиштето во кое ги завршил прва и втора година. Во конкретниот случај, кандидатот не е повикан на проверка на моторичките способности бидејќи не ја поминал административната селекција, односно не ги исполнил сите услови што се проверуваат во оваа фаза. По завршувањето на целокупната постапка, кандидатите ќе бидат известени за исходот од селекцијата, а согласно предвидената постапка ќе им биде овозможен и увид во документацијата. Министерството за внатрешни работи апелира да не се изнесуваат неточни и непотврдени информации пред официјалното завршување на процесот. Селекцијата се спроведува професионално, согласно критериумите од јавниот повик и со еднаков третман на сите кандидати, стои во соопштението од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18