Македонскиот атлетичар Роберто Димитриевски го освои првото место на „Килкис Треил 2024“ - Канал 5

Македонскиот атлетичар Роберто Димитриевски го освои првото место на „Килкис Треил 2024“

 Роберто Димитриевски од атлетскиот клуб Велес викендот во Кукуш, Грција, стигна прв на целта и го освои златниот медал на „Килкис Треил маратон“ 2024 насловен „По патот на хероите“.

Македонскиот атлетичар Роберто Димитриевски го освои првото место на „Килкис Треил 2024“

Патеката долга 4.800 метри, Димитриевски ја истрча за 23:24 минути.

Втор на целта стигна уште еден Македонец, Валентин Михајловски од АК „7 Ноември“ од Гевгелија со време 25:31 минути, а трет грчкиот атлетичар Кирјанос Сапедикис со време 28:25 минути.

Во изјавата за МИА, Димитриевски потенцира дека е горд што го освоил првото место во родниот град на Гоце Делчев, а неговата победа воедно на најубав начин преку спортот и дружењето е камче плус во мозаикот на добрососедските односи и пријателство меѓу двата соседни народи. Тој појаснува дека грчките атлетичари со кого цело време се тркал за првото место на крајот му подале рака и му ја честитале победата.

-Трчав на непознат терен со многу угорнини и надолнини и други препреки во карпи со провалии ,а потоа низ шума со некои шумски животни кои беа на патот. Беше многу топло и напорно но успеав уште на почетокот да им избегам на останатите натпреварувачи и стигнав прв на целта. Многу сум среќен и горд што преку спортот се дружиме и на најубав начин ги зајакнуваме врските и пријателствата меѓу двата соседни народи, истакна Димитриевки при примање на пехарот.

Инаку, освен на 4.800 метри, се одржа и трка на 19.000 метри, во која дисциплина немаше пријавено македонски атлетичари.

Димитриевски веќе од денес на патеката во Градскиот парк во Велес започна со подготовки за маратонот на 22 јуни во Грција „По патеките на Свети Апостол Павле“ што ќе се трча од Метхони до Пидна - археолошкото наоѓалиште.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штрајкот во Загреб продолжува: Сообраќаат само еден трамвај и еден автобус

Штрајкот на работниците во јавниот превоз и во претпријатието „Чистоќа“ продолжи во Загреб. 

Штрајкот во Загреб продолжува: Сообраќаат само еден трамвај и еден автобус

Утринава на улиците има еден трамвај и еден автобус, додека „Чистоќа“ ангажираше 20 камиони.

Јавниот превоз и комуналното претпријатие утрово го продолжија штрајкот во Загреб. Утрово на улиците во Загреб има еден трамвај и еден автобус, како и 20 камиони на компанијата „Чистоќа“ (Čistoća), кои ќе го собираат отпадот од болниците, училиштата, градинките и касарните.

Претседателот на Синдикатот на возачи и сообраќајни работници на „Загрепски електричен трамвај“ (ZET), Владимир Јозиќ, изјави дека денеска ќе се одлучува дали штрајкот е законит.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, претходно изјави дека ги цени работниците, но дека не може да се согласи со ултиматумите на синдикалните лидери, пренесуваат хрватските медиуми. Тој наведе дека платите на возачите во „Загрепски електричен трамвај“ се зголемиле за повеќе од 60 проценти во изминатите три години, а на комуналните работници во „Чистоќа“ – за повеќе од 85 проценти. Томашевиќ изјави дека синдикалните лидери сега бараат зголемување од над 20 проценти за една година, што е финансиски неодржливо.

Окружниот суд во Загреб ќе одржи подготвителни рочишта по тужбите поднесени од „Загреб холдинг“ (во чиј состав се „Чистоќа“ и „Загрепски електричен трамвај“) против репрезентативните синдикати, со барање за забрана на најавениот штрајк. Работниците во јавниот превоз во Загреб штрајкуваат од вчера, бидејќи синдикатите бараат повисоки плати и подобри материјални права во новиот колективен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. 

ЈП Комунална хигиена: Во текот на минатата недела се отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии

Најголемо количество отпад од диви депонии е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува на жителите на градот Скопје да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот.

Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја нарачаат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644.

Услугата се наплатува според однапред утврден Ценовник објавен на веб-страницата на Претпријатието (https://khigiena.com.mk/grid/?id=22).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура

Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура, продолжува реконструкцијата на училиштата и студентските домови.

Мицкоски: Над 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките во делот на образовната инфраструктура, што направи Владата во изминативе две години и три месеци за подобрување на условите за учениците и студентите, изјави:

„Што се однесува до образовната инфраструктура, во овој момент можам да кажам дека Владата има инвестирано повеќе од 90 милиони евра за овие 26-27 месеци. Од коишто половина се директно од Министерството за образование, во делот на студентските домови. Еве, утре еден таков нов, реконструиран, модерен, современ студентски дом ќе биде пуштен, тоа е студентскиот дом „Стив Наумов“. Многу скоро ќе биде и вториот студентски дом „Кузман“, но исто така и сите студентски и ученички домови ќе бидат и веќе почнат е тој процес на нивна реконструкција и обновување. Нешто што со децении не било направено. Има многу работи коишто треба да се направат. Приоритет по приоритет, еден по еден, тие приоритети ги решаваме. И отприлика уште 45 милиони евра преку АА програмата, односно преку оној проект на децентрализирање средства од централниот буџет кон општините се наменети за проекти во образованието, реконструкција на основни и средни училишта.

Така што, инвестициите се огромни и тоа можам да кажам дека претставува еден приоритет на оваа Влада и ве поканувам еве утре заедно да, мислам дека утре е потврден настанот, во рамките на „Стив Наумов“ студентскиот дом, да можеме заедно да го отвориме, да прошетаме, да видиме како сето тоа изгледа и какви услови ќе имаат нашите студенти.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер