КултураМакедонски стрип-автори на фестивал во Косово Македонски стрип-автори и карикатуристи ќе учествуваат на 10. Интернационален фестивал на стрип и карикатура во Призрен, организиран од Асоцијацијата на косовски стрип-автори Џенет Комикс.Специјални гости од Македонија се стрип-авторите Иванка Апостолова, Александар Стеванов, Златко Крстевски, Весна Ничевска-Саравинова и карикатуристот Јордан Поп Илијев. Апостолова денеска ќе го промовира стрип-албумот „Personal Futurism / Public Politics”, а Стеванов ќе го претстави краткиот стрип „Вистинска љубов“, илустриран од Кирси Салонен, кој е второнаграден на конкурсот на Интернационалниот стрип салон во организација на Стрип центарот на Македонија. Јордан Поп Илијев ќе зборува за македонските карикатуристи, а Ничевска-Саравинова и Крстевски пред косовската публика ќе ги претстават најновите случувања поврзани со македонскиот стрип. Покрај автори од Македонија и Косово, на фестивалот ќе има учесници и од Бугарија, Србија, Турција, Словенија, Албанија и од Кипар. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПрви снимки од разодниот земјотрес од 7 степени во Кина: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)Првите снимки од земјотресот што го погоди кинескиот регион Тибет почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи, додека се очекуваат подетални информации за последиците од земјотресот.Според претходните извештаи, земјотресот го погодил подрачјето на округот Бакен во регионот Нагку, а неговите силни потреси предизвикале паника кај жителите, објави ДПА. ⚡️⚠️ #BreakingNews: The moment of the magnitude 7.0 earthquake in Tibet: https://t.co/OXxyVzKdm2 — #Inside_News (@insider_der) October 22, 2026 Според достапните информации, земјотресот имал магнитуда од 7,0 степени, а епицентарот бил на релативно мала длабочина, што може да го зголеми неговото влијание во околното подрачје. Сепак, во моментов нема сигурно потврдени податоци за бројот на можни жртви или обемот на материјалната штета. UPDATE: Footage captures shaking from a reported M7.0 earthquake in Baqing County, Nagqu, Tibet. China - Sismo - Terremoto - Temblor https://t.co/tyNYJmUjwx — GeoTechWar (@geotechwar) October 22, 2026 Надлежните служби ја следат ситуацијата, додека се очекуваат нови информации од терен. Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борбаВо чест на утрешниот државен празник, општинската зграда во Кавадарци е симболично осветлена во боите на македонското знаме.Со овој симболичен гест оддаваме почит кон храброста, пожртвуваноста и непокорниот дух на македонските револуционери, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност. Отсега, по повод секој државен празник, општинската зграда ќе свети во боите на македонското знаме, како симбол на почит кон нашата историја, традиција и национален идентитет. Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамСиндикатите на автомобилски гигант го отфрлија планот за замрзнување на платите и бонусите Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година.Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година и можноста за укинување на бонусите, објави „Ројтерс“. Претседателот на синдикатот „ОС КОВО“, Јарослав Повшик, на состанок со членовите на синдикатот изјави дека вработените нема да прифатат замрзнување на платите или укинување на бонусите, објави „Ројтерс“. „Фолксваген“ планира да ги замрзне платите на околу 660.000 вработени низ целиот свет до 2030 година, соопшти работничкиот совет на групата претходно оваа недела, потврдувајќи ги претходните медиумски извештаи за плановите за намалување на трошоците. Мерките се дел од пошироката стратегија на „Фолксваген“ за подобрување на финансиската одржливост и спроведување реструктуирање на бизнисот во услови на зголемени негативни влијанија врз автомобилската индустрија. „Шкода“ е еден од клучните производители во чешката индустрија, со три фабрики и развиена мрежа на добавувачи. Компанијата беше профитабилна и имаше повисоки маржи на профит од некои други брендови во рамките на групацијата „Фолксваген“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook