Македонски концепт: Бујар Османи да одговара за штетата нанесена на граѓаните

Бујар Османи да одговара за штетата нанесена на граѓаните, итно повлекување од претседателската трка.

Политичката партија Македонски Концепт не е изненадена од информацијата која доаѓа од Италијанското МВР, која открива скандалозни документи кои ги прикривал Бујар Османи од Македонската јавност кои јасно ја посочуваат одлуката на 25 членки на Европскта Унија да се дозволи слободно движење на Граѓаните на Република Македонија со валидни пасоши со името Република Македонија до крајот на септември 2024 година.

Бујар Османи мора да одговара за штетата нанесена на Граѓаните на Република Македонија поради нарушувањето на правото и слободата на движењето на Граѓаните на Република Македонија преку неговото криминално, свесно и скандалозно прикривање на одлуката на 25 земји членки на Европската Унија во својство на Министер за Надворешни Работи на Република Македонија.

Бујар Османи докажа дека себе се смета за личност која е над Уставот на Република Македонија и секојдневна практика му стана прекршување на Уставот, правата и слободите на Граѓаните на Република Македонија за кои што мора да сноси одговорност веднаш!

Бујар Османи не заслужува да биде државен портир а не пак висок државен функционер, Македонски Концепт повикува на негово итно повлекување од Претседателската трка и забрана за држење јавна функција бидејќи се докажа за анти-државен елемент кој работи спротивно на интересите на своите сограѓани!

Центар за комуникации и анализи на Македонски концепт

Васко Наумовски гостин во вестите на Канал 5

За последните тензии на релација Скопје-Атина, колку се реални заканите на Грција за ново вето и дали воопшто досега некој го прекршил Преспанскиот договор  Ивана Стојановска разговара  професорот Васко Наумовски.

За последните тензии на релација Скопје-Атина, колку се реални заканите на Грција за ново вето и дали воопшто досега некој го прекршил Преспанскиот договор, во живо во вестите Ивана Стојановска разговара професорот по меѓународно право и поранешниот македонски амбасадор во САД Васко Наумовски.

Ивана повели со разговорот.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Велковски: Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока цел

-Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока национална, општествена и лична цел, потенцирал Велковски.

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, заедно со претставникот на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денeска во детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден присуствуваа на промоција на проектот: „Градење на здрави навики во исхраната кај децата од предучилишна возраст", информираат од МТСП.

-Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока национална, општествена и лична цел, потенцирал Велковски и додал дека здравата и безбедна храна е неопходност за подобар раст и развој на децата, особено во првите години од животот.

Во рамките на соработката со УНИЦЕФ почнала и реализацијата на проектот: „Градење на здрави навики во исхраната кај децата од предучилишна возраст", во партнерство со Асоцијацијата ЕДУЛЕНД, а активно учество во проектот земало и Здружението за одржлив развој АРЕТЕ.

-Како резултат на овој проект произлегоа едукативни обуки кој што почнуваме да ги пилотираме првично во 4 градинки за вработените во предучилишните установи, а понатаму во план е да опфатиме уште 30 градинки низ целата држава. Она што ме радува е дека на овие обуки учесници се вработените во детските градинки: директор, стручни работници и соработници, воспитувачи, негуватели и вработени во кујните каде се приготвува храната за децата. Исто така се изработи и Прирачник со насоки за здрава исхрана, рекол техничкиот министер за труд и социјална политика.

Велковски додал дека воспитувачите и негувателите од раното детство имаат клучна улога во обликувањето на здравите прехранбени навики на децата, не само преку храната што ја нудат во градинките, туку и, како што рекол, преку однесувањето што го моделираат, нивните интеракции со децата за време на оброците, дискусиите и активностите што ги преземаат со децата.

-Од овие причини, практичното унапредување на нивните професионални компетенции има големо значење, потенцирал министерот за труд и социјална политика во техничката Влада.

Таравари: Наредна недела ќе има договор за нова влада

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари очекува до крајот на идната недела да се постигне договор околу идната влада. 

Тој на новинарско прашање на настан во Гостивар посочи дека, владее позитивна атмосфера помеѓу работните групи на ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.

- Се надевам дека до крајот на идната недела ќе имаме завршен договор со програма на Владата и со распределба на ресори, односно кој и каде ќе биде како министер. Ние како претседатели на партии сме имале две средби, понатаму интензивно работат работните групи, се надевам до понеделник ќе излеземе со заедничка програма, а до петок ќе имаме завршен договор меѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, практично договор за нова влада, изјави Таравари.

Тој испрати и порака до претседателот на Управниот суд кого јавно го посочи дека вршел притисок врз судиите при одлучувањето во предметите поврзани со изборните нерегуларности.

- Јас би му испратил порака на претседателот на судот да размисли дека не е убаво да се врши притисок врз судиите. Времето кога можеа да вршат притисоци веќе помина и ќе има нова влада којашто нема да дозволува вакви притисоци врз одлуките, рече Таравари и појасни дека судот треба да донесе правична одлука.

притисни ентер