3Цветаноски: БИНГО од 5,5 милиони евра за организираната криминална група – Мицкоски, граѓаните не се идиоти!
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ТехнологијаМакедонската мобилна апликација Challenger препознаена од Google Play во кампањата #WeArePlay“Македонската мобилна апликација за одржливо живеење Challenger е избрана од Google Play за иновација која ја претставуваат земјава за европската кампања #WeArePlay. Со цел да ги стави во центарот на вниманието европските бизниси кои создаваат влијателни апликации и игри, #WeArePlay ја препозна компанијата GreenIT заедно со други две наши компании, како лидер на македонската стартап сцена. #WeArePlay, како што најавуваат од кампањата, ги споделува приказните на поединци и тимови низ Европа кои градат успешни бизниси преку апликации и игри на платформата Google Play. Ко-основачите Стефан, Олга, Симон, Митко и Теодора се пресреќни што се избрани да ја претставуваат својата земја во оваа престижна кампања. - Ние сме неверојатно горди што нашата апликација Challenger е дел од кампањата #WeArePlay на Google Play. Ова признание не само што го става Challenger на мапата, туку и го привлекува меѓународното внимание на растечката стартап сцена во Македонија. Тоа е доказ за капацитетот на нашата земја за иновации, а преку кампањата испраќаме порака до светот дека имаме што да понудиме и сме спремни за раст и инвестиции, вели ко-основачот Олга Рајчиќ. Таа смета дека ова достигнување ќе инспирира повеќе млади луѓе од земјава да ја искористат технологијата и креативноста за да изградат подобра иднина. - Ова нека биде потсетник дека сме способни за големи нешта кога го насочуваме нашиот ум и дека, со соодветни ресурси и поддршка. Ова е возбудлив момент не само за нашиот тим туку и за целата наша заедница, истакна Рајчиќ. Како што велат ко-основачите, од своето основање, апликацијата Challenger на GreenIT е пионер на патот за поодржливо живеење во земјава. Оваа мобилна апликација ги охрабрува своите корисници да се одлучат за поеколошки транспортни методи, како што се пешачење и возење велосипед, наместо да користат автомобили. За секој изминат зелен километар, корисниците заработуваат Челинџер поени со кои може да се добијат награди и попусти во локалните бизниси. Корисниците на мобилната апликација се приклучуваат на дневни, неделни и месечни предизвици за да се натпреваруваат и да се мотивираат едни со други, поттикнувајќи чувство на припадност и доброто за општеството. Со ова се претставува дополнителна вредност преку апликацијата, правејќи го зеленото живеење не само потреба, туку и забавно и привлечно искуство. - Сакаме нашите корисници и деловни корпоративни партнери да ни се придружат во градењето подобра заедница. Challenger е повеќе од само апликација – тоа е платформа за создавање општество каде што граѓаните и корпорациите ќе можат да работат заедно кон заедничка цел – почиста и поздрава животна средина“ додаваат ко-основачите. Откако веќе се здобија со значајно признание во 2019 година, кога победија на регионалниот натпревар за Зелени идеи, со поддршка на организацијата АРНО, GreenIT постојано ја надоградува својата апликација. Тимот моментално работи на воведување дополнителни функционалности во апликацијата, и овој пат има за цел да ги мотивира компаниите да бидат активен дел од промената заедно со своите вработени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХоџа: Почист воздух за граѓаните со новите гасни централи„Ваквите инвестиции покажуваат дека економскиот развој, енергетската сигурност и заштитата на животната средина можат да одат заедно и да носат конкретни придобивки за граѓаните“, порача министерот Хоџа„Кога зборуваме за зелен пресврт, зборуваме за конкретни промени. Токму затоа се важни инвестициите во нови и поефикасни технологии, особено кога се работи за Скопје и борбата против загадувањето на воздухот“, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на денешното свечено пуштање во употреба на новата когенеративна постројка на компанијата „ТЕССА Енерџи“ во Скопје. На настанот, на кој се обратија и премиерот Христијан Мицкоски и претставници на компанијата, беше презентирана првата фаза од инвестицискиот циклус, вредна 2,5 милиони евра. Постројката е опремена со две високоефикасни гасни машини кои истовремено произведуваат 2,1 MW електрична и 2,6 MW топлинска енергија, постигнувајќи вкупна енергетска искористеност до 90%. Министерот Хоџа нагласи дека инвестицијата на „ТЕССА Енерџи“ покажува колку е важна одговорноста на сите чинители во енергетиката и индустријата за постигнување позитивни промени во животната средина, како и потенцијалот на приватниот сектор за вложување во почисти технологии. Преку овој систем, отпадната топлина од производството на електрична енергија се пренесува во системот на „Енерџи Еколинк“ и се користи за загревање на водата за околу 500 домаќинства и 14 институции во општините Чаир и Бутел. Воедно, на настанот беше најавена и втората фаза од инвестицијата која предвидува изградба на нова когенеративна електрана со инсталирана моќност од 10,5 MW, со што дополнително ќе се зајакне системот за централно греење и домашното производство на електрична енергија. „Ваквите инвестиции покажуваат дека економскиот развој, енергетската сигурност и заштитата на животната средина можат да одат заедно и да носат конкретни придобивки за граѓаните“, порача министерот Хоџа, честитајќи ја успешната реализација на проектот. Министерство за животна средина и просторно планирање Тагови: Хоџа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоведена постапка за злоупотреби при издавање возачки дозволиОсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против вкупно 27 лица како соизвршители во кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик во однос на злоупотреби при издавање возачки дозволи.Една од осомничените е вработена во МВР – Одделение за управни работи Скопје, која се сомничи дека во периодот од 03.09.2020 до 24.08.2026 година, користејќи ја својата службена шифра и службените овластувања во електронскиот систем, незаконски менувала претходно креирани барања за издавање возачки дозволи од други вработени, а во одредени случаи ги отфрлала веќе оформените барања и креирала нови, во кои внесувала категории за кои подносителите не ги исполнувале законските услови. По извршените измени, барањата биле одобрувани и биле издавани возачки дозволи со невистинита содржина. До овој момент, за четири лица е утврдено сомнение дека постапувале како посредници, при што во договор и содејство со вработената во МВР посредувале за незаконско издавање на возачки дозволи. Тие пронаоѓале заинтересирани лица, и ги поврзувале со службеното лице, па ја координирале постапката до незаконското внесување и одобрување на категориите во електронскиот систем и нивно издавање. Лицата на кои им биле издадени возачките дозволи, иако не ги исполнувале законските услови за соодветните категории, ги започнале постапките со поднесување барања, по што категориите биле незаконски внесени и одобрени во електронскиот систем, а потоа лажните исправи ги употребувале како вистините, па и за нив постојат основи на сомнение за кривично дело „Фалсификување исправа“ во соизвршителство. За вработената во МВР, како и за две лица кои повеќепати ги употребувале лажните дозволи за да управуваат возила во меѓународен превоз на патници и стоки, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. За вкупно 17 лица се предложени мерки на претпазливост, додека 7 се недостапни на органите на прогонот до овој момент. Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да го истражува настанот и потенцијална инволвираност на други лица како вработени во МВР, така и посредници и евентуални корисници на вака фалсификуваните документи, како и можни други злоупотреби при издавањето и користењето на возачки дозволи.Тагови: ОЈО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦветаноски: БИНГО од 5,5 милиони евра за организираната криминална група – Мицкоски, граѓаните не се идиоти!Бинго од 5,5 милиони евра за Мицкоски и неговата организирана криминална група со прославата а за граѓаните празни џебовиЗа секој граѓанин, за секое едно македонско семејство и за Македонија, 5,5 милиони евра се огромни пари. За земјоделецот кој гледа како му пропаѓа родот затоа што нема откуп, тоа се пари за вистинска помош. За работникот кој чека подобар стандард, тоа се пари што можеле да значат повисока минимална плата. А за власта на Мицкоски - пет милиони евра народни пари се криминални договори кои скаа да ги сокријат и да ги прикажат како „нула денари“. Огромни народни пари. Парите се на граѓаните и граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина. Да ги видат документите. Да знаат кој ги добил парите, за што се потрошени и каде завршил секој денар. Мицкоски, граѓаните не се идиоти, не се талог. Должиш одговори: Кои компании добиле милиони евра и врз основа на кои критериуми? Како е избрана тричлената комисија во Државната лотарија која одлучувала за изборот на фирмата за прославата? Претседателот на таа комисија истовремено да се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите за концертот. Биле ангажирани фирми-ќерки кои добиле милиони народни пари. Провизии. Проценти. Кога точно е букиран Дејвид Гета? Јавниот повик завршува на 8 мај, а само три дена подоцна, на 12 мај, власта веќе го најавува настапот на Дејвид Гета. За три дена го договоривте? Или со Гета сè било претходно договорено, дил уште пред да заврши јавниот повик? Каде завршија парите од продадените билети? Каде документите за одлуките, зошто не ги објавите сите? Ова е огромна проневера на народни пари и уште еден доказ за арамискиот концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Велат не се пари на граѓаните? Па чиви се? Велат не се од буџетот туку од државни фирми. Не по шија по врат. Парите се на граѓаните! Доста лажете, ќе одговарате! Доаѓа времето на вистината и правдата. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одборТагови: Симона Цветаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter