КултураМакедонската литература на саемот на книгата во Франкфурт На штандот на Република Македонија на Саемот на книгата во Франкфурт денеска ќе се одржи централен настан со учество на писателите Луан Старова, Никола Маџиров и Лидија Димковска и музички перформанс на Зоран Маџиров.Саемот почна на 8 октомври и ќе трае до утре. Комесар на претставувањето на македонската литература годинава е Здружението на издавачи и книжари на Македонија (ЗИКМ), а претставувањето е под слоганот „Куќа на зборови, куќа на светови“. РМ на саемот има специјално дизајниран штанд и публикација со избор и превод на кратки извадоци од творештвото на 18 македонски автори. На штандот се претставени и капиталните проекти на Владата и Министерството за култура, како и Конкурсот за превод на дела на македонски автори од издавачки куќи од странство. Концептот на претставувањето првпат е осмислен од универзитетски професори по литература – Соња Стојменска-Елзесер, Весна Мојсова-Чепишева и Елизабета Шелева. Осумнаесеттте автори се распоредени по шест во три сегменти, секој со различна тема и поврзан со познати мотиви од културното наследство. Првиот сегмент е насловен „Пишување (надвор од) дома“ и опфаќа автори и дела кои тематизираат дом и (не)вдоменост, а симболично е ислустриран со „Охридска куќа“. Вториот сегмент „Умешностите на занаетот“ содржи мајсторски книжевни остварувања симболично поврзани со познатата Филигранска пеперутка и третиот сегмент „Отклучување на интимата“ со дела и автори кои се занимаваат со емоционален, еротичен, исповедно реалистичен дискурс, а е стилизиран со илустрација на Големата мајка. Комисијата работела на концептот два месеца. Селектирала наслови објавени во последната декада и притоа начелни критеиуми биле: квалитетот на делата, жанровската разновидност, автори од различни генерации и атрактивност за европскиот книжевен пазар. Се работи за најатрактивниот и најголем саем на книгата во светот, со над 65-годишна традиција. Претседателот на ЗИКМ Горјан Лазаревски е задоволен што по неколку години пауза, повторно Здружението ќе ја има улогата на комесар и очекува успешно претставување и контакти на македонски издавачи со странски агенти. Македонската издавачка продукција минатиот месец беше претставена првпат и во Гетеборг, најголем саем на книгата во Скандинавија, а по Франкфурт претстои и учество на саемот во Истанбул, од 8 до 16 ноември 2014 година, каде комесар на РМ ќе биде Сојузот на албанските издавачи. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПрви снимки од разодниот земјотрес од 7 степени во Кина: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)Првите снимки од земјотресот што го погоди кинескиот регион Тибет почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи, додека се очекуваат подетални информации за последиците од земјотресот.Според претходните извештаи, земјотресот го погодил подрачјето на округот Бакен во регионот Нагку, а неговите силни потреси предизвикале паника кај жителите, објави ДПА. ⚡️⚠️ #BreakingNews: The moment of the magnitude 7.0 earthquake in Tibet: https://t.co/OXxyVzKdm2 — #Inside_News (@insider_der) October 22, 2026 Според достапните информации, земјотресот имал магнитуда од 7,0 степени, а епицентарот бил на релативно мала длабочина, што може да го зголеми неговото влијание во околното подрачје. Сепак, во моментов нема сигурно потврдени податоци за бројот на можни жртви или обемот на материјалната штета. UPDATE: Footage captures shaking from a reported M7.0 earthquake in Baqing County, Nagqu, Tibet. China - Sismo - Terremoto - Temblor https://t.co/tyNYJmUjwx — GeoTechWar (@geotechwar) October 22, 2026 Надлежните служби ја следат ситуацијата, додека се очекуваат нови информации од терен. Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борбаВо чест на утрешниот државен празник, општинската зграда во Кавадарци е симболично осветлена во боите на македонското знаме.Со овој симболичен гест оддаваме почит кон храброста, пожртвуваноста и непокорниот дух на македонските револуционери, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност. Отсега, по повод секој државен празник, општинската зграда ќе свети во боите на македонското знаме, како симбол на почит кон нашата историја, традиција и национален идентитет. Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
АвтомобилизамСиндикатите на автомобилски гигант го отфрлија планот за замрзнување на платите и бонусите Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година.Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година и можноста за укинување на бонусите, објави „Ројтерс“. Претседателот на синдикатот „ОС КОВО“, Јарослав Повшик, на состанок со членовите на синдикатот изјави дека вработените нема да прифатат замрзнување на платите или укинување на бонусите, објави „Ројтерс“. „Фолксваген“ планира да ги замрзне платите на околу 660.000 вработени низ целиот свет до 2030 година, соопшти работничкиот совет на групата претходно оваа недела, потврдувајќи ги претходните медиумски извештаи за плановите за намалување на трошоците. Мерките се дел од пошироката стратегија на „Фолксваген“ за подобрување на финансиската одржливост и спроведување реструктуирање на бизнисот во услови на зголемени негативни влијанија врз автомобилската индустрија. „Шкода“ е еден од клучните производители во чешката индустрија, со три фабрики и развиена мрежа на добавувачи. Компанијата беше профитабилна и имаше повисоки маржи на профит од некои други брендови во рамките на групацијата „Фолксваген“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook