Македонската литература на Саемот на книга во Франкфурт - Канал 5

Македонската литература на Саемот на книга во Франкфурт

Повеќе од 400 наслови од над 250 македонски автори, наградувани и преведувани, меѓу кои и 70 наслови од македонски автори преведени на европски јазици ќе бидат изложени на штандот на Република Македонија на Саемот на книга во Франкфурт, кој ќе се одржува од денеска до 15 октомври.

Македонската литература на Саемот на книга во Франкфурт
Претставувањето на Македонија на Саемот во Франкфурт годинава е во организација на Македонската асоцијација на издавачи, а финансиски е поддржано од Министерството за култура. Комесари на годинашното претставување на саемот се издавачките куќи „Три“, „Арс Ламина“, „Култура“ и КСЦ Полица.

Македонскиот промотивен штанд ќе биде сместен во петтата хала за меѓународни учесници под мотото „Магијата на македонската литература“.

- Во текот на саемските денови ќе бидат претставени пред се примероци од современата македонска книжевност, македонските автори кои веќе имаат објавено преводи на странски јазици, а фокусот на претставувањето ќе биде преведувањето на македонската книжевност на странски јазици, информира Македонската асоцијација на издавачи. Најавија дека ќе го потенцираат квалитетите на македонската книжевност, ќе работат на привлекување на интересот на странските издавачи и ќе го презентираат фондот на Министерството за култура за превод на македонска книжевност на странски јазици.

На 14 октомври во 12 часот во еден од промотивните центри на саемот ќе се одржи панел дискусија на тема „Предизвиците на патот кон меѓународна афирмација на книжевност на ,малите јазици’“. Предвидено е да учествуваат претставници од Словенечката агенција за книга, еден од нашите најпреведувани автори Лидија Димковска, Стефано Бисачи, италијански агент и сопственик на агенцијата „Темпи иреголари“ и потпретседателот на Здружението на грузиските издавачи.

Саемот на книга во Франкфурт е најголемиот настан на меѓународната издавачката индустрија. Годинава ќе има околу 7.300 изложувачи од повеќе од 100 држави и околу 300.000 посетители. Предвидени се околу 4.000 настани и присуство на повеќе од 10.000 акредитирани новинари, вклучувајќи и 2.400 блогери. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника

70 годишниот починат маж од компликации од нилската треска е осмата жртва на вирусот. Тој по потекло е од Драчево, една од мапираните места со нилска треска во Скопје. 

Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника

На 25 август бил примен во инфективната клиника во исклучително тешка состобја и бил на интезивно лекување, потврди директорот на клиниката доктор Фадил Цана. Починатиот имал и други хронични заболување кои биле дополнителн товар во лекувањето.

Во моментот на клиниката се лекуваат осум луѓе, двајца од нив се во тешка состојба. Сите се мажи од Скопје, а има еден пациент и од Свети Николе на возраст над 60 години. Во претходните четири дена нема нови хоспитализации на клиниката со вируост на нилска треска.

Во среда ќе се врши прскање против ларви од комарци прскањето ќе биде на водни површини, информираат од Град Скопје. Тие се апел до пчеларите де ги заштитат пчелите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Пред 35 години се создаде држава, но градењето на нејзината функционалност е се уште незавршена работа.

Сиљановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Пред 35 години се создаде држава, но градењето на нејзината функционалност е се уште незавршена работа – учесници во креирањето на независната македонска држава, меѓу кои поранешни функционери и јавни личности на панел-дискусија ги споделија своите искуства, откривајќи и нови моменти од закулисјето на настаните кои довеле до прогласувањето независност. Денешната претседателка а тогашен член на Уставната комисија – Гордана Сиљановска Давкова како и вториот министер за правда – Туше Гошев посочија дека владеење на правото останува предизвик за државава.

-Таа не се гради само со демократските избори и конституирањето на институциите, туку со градење функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и слободи, и се разбира со почитување на највисоките стандарди не само на домашното туку и на меѓународното право.- Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија

-Можам слободно да кажам дека со воведувањето на пропорционалниот модел на избор на пратеници во Собранието, мислам дека се стави мораториум на еден дел од Уставот на Република Македонија. // Во конкретниот случај имаме украден суверенитет од политички партии, политичките партии го зимаат суверенитетот од граѓаните. - Туше Гошев – поранешен министер за правда

Во првите мандати се пропуштија неколку шанси за создавање на попријатен амбиент за сите граѓани во земјата – смета еден од првите луѓе на тогашната Партија за демократски просперитет на етничките албанци во земјава - Насер Зибери.

-Мислам дека релацијата права – лојалност е секогаш битна за стабилност и просперитет во една земја, мислам дека во тој период имаше недостаток и на едниот елемент и на другиот. - Насер Зибери – член на поранешната партија за Демократски просперитет

Пратеникот од првиот Собраниски состав – Петар Гошев тврди дека во договорот со Бугарија е направена иста грешка како и во пресудниот Конгрес на Сојузот на Комунистите на Југославија, кога до крај не се определиле виталните интереси на републиките.

-Тоа е истото кога во член 12 од Договорот со Бугарија е договорено дека ние имаме заедничка историја. Фино! А што е заедничка историја? Не е договорено. Епа сега тоа ќе се расплетува, отплетува до не знам кога.- Петар Гошев , пратеник од првиот собраниски мандат

Според поранешниот министер за надворешни работи – Благој Ханџиски, уште на првите седници на Собранието како што вели, веќе знаел дека меѓународното признавање, прашањето за името и односите со соседите на Македонија ќе останат долгорочни проблеми за решавање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Градежништвото забележа историски раст од 22 проценти во вториот квартал

Градежништвото во второто тромесечје има најголем историски раст од 22%.

Николоски: Градежништвото забележа историски раст од 22 проценти во вториот квартал

Градежништвото во второто тромесечје има најголем историски раст од 22% што покажува дека капиталните проекти се работат со силна динамика и станува основен двигател на економијата, изјави вицпремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер