Македонската книжевност успешно претставена на најголемиот саем на книга во Франкфурт - Канал 5

Македонската книжевност успешно претставена на најголемиот саем на книга во Франкфурт

Голем интерес за македонскиот пишан збор имаше и на 65-тото издание на најголемиот саем на книга во светот, во Франкфурт. Одбраните дела на 18 македонски автори, најзначајните публикации од домашни автори од сите издавачки куќи, како и едицијата 130 тома македонска книжевност преведена на англиски јазик, привлече голема публика.

Македонската книжевност успешно претставена на најголемиот саем на книга во Франкфурт
Претставувањето на македонската книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт го организираше Здружението на издавачи и книжари на Македонија. Новина во начинот на презентација претставува ангажманот на посебна комисија од еминентни познавачи на македонската книжевност, која оваа година ја сочинуваат универзитетските професори и критичари проф. д-р Елизабета Шелева, проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Комисијата специјално за оваа пригода подготви избор, кој беше преведен и отпечатен во брошура на англиски јазик, со која пред странските издавачи во сублимирана форма се претстави дел од современата книжевна продукција во Македонија.

Во текот на работата членовите на комисијата извршија селекција на конкретни наслови објавени во текот на изминатата декада, што преку извадоци или во целост се вклучени во брошурата. Притоа, водено е сметка за неколку начелни параметри, но пред сè, за квалитетот на делата, за нивната жанровска разновидност, за застапеноста на автори од различни генерации, како и за претпоставената атрактивност на избраните содржини пред европскиот книжевен пазар.

Основниот концепт на ваквиот начин на презентација е да им се овозможи на делата да ја покажат својата книжевна релевантност во контакт со заинтересираните странски издавачи.

Основен слоган на презентацијата е „Куќа на зборови – куќа на светови“, што во својата англиска верзија содржи досетлива игра на зборови, а ја симболизира современата македонска литература како еден јазичен трезор, во кој свое место имаат различни поетички профили, имагинативни светови и стилски пристапи, наративни техники, мотивски јадра, изразни решенија... Симболот на „куќата“ поизразено или затскриено ги пронижува речиси сите избрани дела. Под „покривот“ на оваа „куќа“ се издвојуваат три сегменти, што обединуваат три групи текстови, блиски по своите доминантни карактеристики.

Првиот сегмент насловен „Пишување (надвор од) дома“ обединува романи и поезија, обележани како проблематизација на темата „дом и (не)вдоменост“, што е една од најпровокативните теми на современата хуманистичка сфера. Во вториот сегмент со наслов „Умешностите на занаетот“ се претставени мајсторски книжевни остварувања, кои се доминантно артистички, фикционални, интертекстуални, пародични. Третиот сегмент наречен „Отклучување на интимата“ се занимава со дискурс што е потенцирано емоционален, еротичен, исповедно реалистичен. Овие три сегмента во брошурата и во комплетната презентација се поткрепени со визуелни амблеми, што претставуваат стилизации од македонското културно наследство, и тоа, првиот со илустрација на „Охридска куќа“, вториот со „Филигранска пеперутка“, а третиот со „Големата мајка“.

Во вака осмислената презентација беа вклучени вкупно 18 македонски современи автори: Кица Б. Колбе, Митко Маџунков, Лидија Димковска, Никола Маџиров, Николина Андова-Шопова, Димитрие Дурацовски (шестмина во првиот сегмент); Венко Андоновски, Ермис Лафазановски, Влада Урошевиќ, Александар Прокопиев, Блаже Миневски и Владимир Мартиновски (во вториот сегмент) и Луан Старова, Оливера Николова, Драги Михајловски, Оливера Ќорвезироска, Лилјана Дирјан и Игор Исаковски (во третиот сегмент).

Осумнаесеттемина застапени автори не го исцрпуваат богатството и комплексноста на македонската литература, а сепак, нивната репрезентативност би можела да биде поттик за заинтересираност и внимание на европските издавачи за спецификите и вредностите на македонската култура воопшто.

При претставувањето на македонската книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт беше промовиран и Повикот за финансирање на објавување и преведување дела од македонската литература на странски јазици на Министерството за култура на Република Македонија, како значаен фактор во афирмацијата на македонските културни вредности во светот, кој побуди голем интерес кај многу издавачи и институти за книга и книжевност низ светот, поради значајното олеснување во реализацијата на евентуалните преводи на македонски автори во странство.

На 11.11.2014 г., во рамки на Саемот на книга во Франкфурт, се одржа централниот настан на штандот на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија, со претставувањето на современата македонската литература. Промоцијата, насловена „Куќа на зборови/Куќа на светови“ (House of Wor(l)ds), со почеток во 12 часот, а Соња Стојменска-Елзесер, Елизабета Шелева и Весна Мојсова-Чепишевска зборуваа за трите концепти што беа опфатени со овој наслов: „Пишување (надвор) од дома“, „Умешноста на занаетот“ и „Отклучување на интимноста“. Во рамки на промоцијата беа претставени и авторите Луан Старова, Лидија Димковска и Никола Маџиров кои прочитаа извадоци од своето творештво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски: Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуација

Столе Димитриевски за ВАР одлуката за пенал.

Димитриевски: Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуација

“Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуација. Ние никогаш не би добиле таков пенал”, изјави македонскиот голман Столе Димитриевски по поразот од Шкотска (1-2) во Глазгов во рамки на Лигата на нациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како настанала „коњската сила“?

Иако моќноста на моторот кај современите автомобили официјално се изразува во киловати (kW), коњските сили (hp) сè уште се користат во секојдневната употреба. Но, зошто?

Како настанала „коњската сила“?

Кон крајот на 18 век, шкотскиот пронаоѓач Џејмс Ват создал нова, поефикасна парна машина.

За да ги стави своите подобрувања во контекст што е попријателски кон луѓето, Ват сметал дека споредувањето на неговиот мотор со моќта на коњ ќе им помогне на клиентите да ја разберат вредноста на неговиот нов изум, пишува Ревијахак.

Ват работел со коњи во рудник за јаглен. Тој проценил дека просечното животно може да помести 100 килограми јаглен на растојание од 30 метри за една минута.

Од друга страна, тој пресметал дека неговата парна машина може да ја изврши истата работа како десет коњи, и затоа тврдел дека има десет коњски сили. Ова значело дека неговиот мотор во суштина може да помести 1.000 килограми, низ рударско окно, 30 метри секоја минута.

Ова добро резонирало кај клиентите, а тврдењата на Ват за перформансите на моторот формираа основа за споредба со машините на конкурентските инженери.

Наскоро сите почнуваат да ја користат единицата коњски сили, како груба проценка дефинирана на начин што би бил разбирлив за обичните луѓе.

И токму благодарение на Џејмс Ват денес ја имаме мерната единица дефинирана во Меѓународниот систем на единици (SI) - „ват“. За да се конвертира 1 kW (киловат) во коњски сили, потребно е да се помножи со 1,35962.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјата

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември.

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјата

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина.

На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членовите на Советот, претставници на делегации, вработени во општината и бројни сограѓани, кои со положување цвеќе и минута молчење им оддадоа почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата.

Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани. Со своето обраќање, тој сподели спомени и сведоштва за времето на борбата и ослободувањето, потсетувајќи на храброста, жртвата и решителноста на генерациите кои ја извојувале слободата.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање истакна дека 14 Ноември не е само историски датум, туку и потсетник за одговорноста што секоја генерација ја има кон својата заедница и иднината.

-Денес, кога се поклонуваме пред споменот на борците и хероите, ја изразуваме нашата длабока почит кон нивната храброст и жртва. Тие ни ја оставија слободата како највредно наследство, а наша должност е тоа наследство да го чуваме и да го надградуваме. Денес, нашата борба е поинаква - таа е борба за подобри услови за живот, современа инфраструктура, квалитетно образование, безбедни населби и еднакви можности за сите граѓани. Наша заедничка цел е да ја градиме Општина Ѓорче Петров во општина во која младите ќе ја гледаат својата иднина, семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а секој граѓанин ќе биде почитуван - истакна Стојкоски.

Тој посочи дека вистинската вредност на локалната самоуправа не се мери само преку реализираните проекти, туку и преку довербата, одговорноста и грижата за граѓаните.

Одбележувањето на 14 Ноември е потсетник дека слободата не се подразбира, дека историското наследство треба да се чува, а иднината да се гради со работа, единство и одговорност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер