КултураМакедонската филхармонија со концерт „Симфониски метаморфози“Македонската филхармонија денеска во салонот на Македонската опера и балет ќе се претстави со концертот симболично насловен „Симфониски метаморфози“.Ова уникатно музичко доживување на сцената ќе ги претстави еден од најталентираните млади диригенти на денешницата, Владимир Куленовиќ (Србија/САД), а во улогата на солист ќе се појави виолинистот Филип Квинт (САД). Енергичниот Куленовиќ, кој живее и работи во САД, дебитираше со Македонската филхармонија изминатата година, на концерт кој беше високо оценет од публиката и критиката. Американскиот виолинист со руско потекло, Филип Квинт, кој исто така е и талентиран актер, ќе го отсвири драматичниот Концерт за виолина и оркестар бр. 3 од Камиј Сен-Санс. Музичката критика за Квинт вели дека „свири со леснотија, блескав тон и брилијантна техника“. Филип Квинт свири на виолината „Рубин“ изработена од Антонио Страдивари, на која до сега свиреле уметници како Лејла Јосефович и Вадим Репин. Оркестарот ќе се претстави со Свитата бр.1 од операта „Кармен“ на Жорж Бизе, „Апотеоза“ од македонскиот композитор Михајло Николовски, како и едно од најлегендарните симфониски дела на 20-от век, „Симфониски метаморфози“ од Пол Хиндемит. Ова симфониско дело, првенствено скицирано како балетска музика, се заснова на теми од делата на Карл Марија фон Вебер, вешто оркестрирани во атрактивна симфониска музика. Опишуван од медиумите како „восхитувачки талент и потенцијал“, Владимир Куленовиќ продолжува да остава печат како млад диригент во подем. Како постојан диригент на Симфонискиот оркестар на Јута и Операта на Јута, Владимир Куленовиќ диригира преку 100 претстави годишно, а исто така одржува густ меѓународен распоред на концерти, работејќи со солисти како Леон Флајшер и Миша Мајски. Оваа сезона во Европа, Куленовиќ се враќа да диригира со Белградската филхармонија, а во 2013 дебитира со Словенечката филхармонија и Загребската филхармонија. Во изминатиот период Куленовиќ работи со оркестарот „Бетовен“ од Бон, оркестарот на Националниот уметнички центар на Отава, оркестарот на Школата за музика „Џулијард“, орекстарот на фестивалот „Вербие“ итн. Владимир е поканет да ја продолжи соработката со Курт Мазур и Оркестарот на Лајпциг, како дел од проектот Менделсон-Бартолди 2012. Владимир Куленовиќ е добитник на престижната награда „Алфред Б. Витни“ за најдобро сколастичко достигнување на Бостонскиот конзерваториум каде дипломира со највисока оценка и најдобар студент, здобивајќи се со дипломи за диригирање и пијано. Виолинистот Филип Квинт е многустран уметник чии интереси му носат неколку Греми номинации, настапи со истакнати оркестри низ целиот свет во сали како „Гевандхаус“ во Лајпциг и „Карнеги Хол“ во Њујорк, главна улога во интернационалниот филмски хит „Downtown Expess", како и истражување на танго музиката со неговиот квинтет. Оваа сезона, Квинт настапува со Лондонската филхармонија под водство на Дамијан Иорио, Симфонискиот оркестар на Феникс и Грегори Вајда, Симфонискиот оркестар на Сан Антонио и Кристијан Мачелару, Филхармонијата на Рочестер и Фабиен Габел и многу други. Во изминатиот период Филип Квинт има настапувано со оркестрите на Чикаго, Детроит, Индианаполис, Хјустон, Вајмар, Ливерпул, Кејптаун, Младинскиот оркестар на Пласидо Доминго, оркестарот „Орфеј“, а под водство на истакнатите диригенти: Марин Алсоп, Курт Мазур, Марко Паризото, Мартин Пантелеев, Карлос Мигел Прието, Макјл Стерн и многу други. Квинт настапува на фестивали како „Претежно Моцарт“ во Њујорк, фестивалите во Карамур, Равинија, Аспен, фестивалот за камерна музика во Рим, летниот фестивал „Ла Џола“, фестивалот на Националната галерија во Вашингтон и др. Во 2009 година, Квинт го основа квинтетот „Квинт“-состав посветен на истражување на музиката на Астор Пиацола и аргентинското танго. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео-фото: Што се случи синоќа во близина на Киев? Повредени војници, пукање, уништен автобус...Во украинското село Петропавливска Боршчахивка, во предградието на Киев, вчера дојде до судир откако цивили се собрале пред објект во кој се сместени припадници на Националната гарда. Во официјалното соопштение од единицата „Азов“ при Првиот корпус на Националната гарда се наведува дека се прошириле „непроверени информации“ според кои во привременото сместувалиште незаконски се приведени и се мачат воени лица. Според Националната гарда, дел од војниците во објектот биле неодамна мобилизирани, додека други биле задржани откако неовластено ги напуштиле своите воени единици, во очекување на прераспределба во други единици. Четворица војници се здобиле со повреди и се испратени во болница на лекарски преглед. „Командата на Националната гарда, во соработка со полицијата и другите надлежни органи, ја презеде истрагата за овој инцидент. Доколку се докаже дека во просториите на воениот објект се случиле какви било незаконски, насилни дејствија, одговорните соодветно ќе бидат казнети“, соопштија од Првиот корпус на Националната гарда. Украинската национална гарда наведе дека деталите за повредите и здравствената состојба на војниците ќе бидат објавени дополнително, притоа повторувајќи дека нема смртни случаи. Националната полиција потврди дека интервенирала на лице место и ги отфрли тврдењата дека луѓе биле незаконски задржани или дека некој го загубил животот. 🇺🇦 Ce 2 novembre 2026, une bien curieuse découverte suivie d'une confrontation importante a éclaté à Petropavlivska Borshchahivka, périphérie de Kiev, après la diffusion de témoignages et de vidéos sur les réseaux sociaux faisant état de la présence d'une quarantaine de militaires ukrainiens retenus dans le sous-sol d'une maison, où ils auraient été séquestrés, battus et torturés. Selon les premières accusations, certains détenus auraient subi de graves blessures, tandis que leurs proches auraient été empêchés de leur rendre visite et que des sommes d'argent auraient été réclamées pour obtenir leur libération. L'affaire prend une dimension très sensible cat l'unité occupant les lieux est le 14e régiment d'assaut de la Garde nationale ukrainienne, rattaché au 1er corps d'Azov. ⤵️ https://t.co/8oKc2fDJ2W — François-Xavier Consoli (@FranXavConsoli) November 3, 2026 Според полициското соопштение, полициски службеници биле испратени на локацијата по повик од вработен во приватна служба за итна медицинска помош, кој пријавил дека бил спречен да стигне до маж кој се наоѓал во зградата. При пристигнувањето на лице место, полициските службеници затекнале припадници на Националната гарда и локални жители собрани пред една куќа.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп го нападна Иран, гори островот Кешм во Ормускиот теснец ! Трамп го нападна Иран,американскиот претседател се заканува: „Ми треба само еден час за да ја освоам планината Пиук!“Американските сили извршија жестоки воздушни напади врз иранскиот остров Кешм во Ормускиот теснец – и сето тоа среде вжештена политичка атмосфера и избори во Соединетите Американски Држави! Според официјални извори, овој напад врз најголемиот остров во Персискиот Залив – инаку главното упориште на иранските ракетни фрлачи – претставува директен одговор на провокацијата и нападот на иранската Револуционерна гарда врз американски авион. Додека иранската државна агенција известува за серија моќни експлозии што синоќа го потресоа островот, првиот човек на Белата куќа, Доналд Трамп, во свој стил . „Финансиски ги осакативме, немаат ни пари ни гориво, а нивниот народ станува сè поуморен!“ – изјави Трамп, порачувајќи дека Белата куќа воопшто не брза, туку дека сите конци ги држи во свои раце. Сепак, она што им падна во очи на сите беше неговата скандалозна изјава во пресрет на конгресните избори, во момент кога тој се соочува со пад на поддршката и притисок да го стави крај на крвавиот конфликт што трае уште од февруари. Трамп ладнокрвно изјави дека САД „можеби ќе треба да одат на планината Пајк“ (локација поврзана со иранската нуклеарна програма), додавајќи дека тоа „не е ништо страшно“ и дека може да се изведе за – само еден час! 🇺🇸🇮🇷 Trump on Iran: "When was the last time we fired anything? This isn't a war. This is a very soft war": Speaking on the eve of the midterms, Trump said there has been no shooting for months. But hours before the interview aired, US forces reportedly struck Iranian air defenses on Qeshm Island in the Strait of Hormuz, after Iran fired a surface-to-air missile at a US jet. Trump also warned the US "might have to go after Pickaxe", Iran's suspected underground nuclear site, adding: "We can do that in, literally, one hour." How soft is a war with airstrikes? — Global Strategy (@World_At_War_6) November 3, 2026 Од друга страна, од Техеран пристигнуваат остри пораки. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, вели дека дипломатските разговори се во тек, но дека Иран е подготвен повеќе од кога било и за војна и за преговори, оставајќи ѝ на Америка да избере помеѓу „мудар пат“ и воена агресија.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето на Ѓоко РистовВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов.Тој е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари. Во истрагата, во домот на неговите родители во неготино беа пронајдени 350 илјади евра, скриени во ѕид. Обвинителството тврди дека ристов лично ги сокрил парите и дека не може да го докаже нивното потекло. Во досегашната постапка беа презентирани материјални докази, телефонски комуникации и сведочења. На едно од претходните рочишта сведочеше и адвокатот Фехми Стафа, кој претходно беше осуден за поткуп.Тој негираше дека му предал пари на Ристов.Обвинетиот судија ја негира вината.Случајот го води судијката Билјана Коцевска, а обвинението го застапува Искра Хаџи Василева.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00