Македонка добитник на наградата топ 25 имигранти во Канада

Александра Настеска, претставничка на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за Монтреал и активист за зачувување на животната средина, е еден од добитниците на наградата топ 25 имигранти во Канада за 2013 година.

Наградата, чии добитници ги бираат граѓаните, ги слави непознатите успешни приказни на најистакнатите имигранти, а Настеска е првата Македонка која ја добила оваа престижна награда.

- Чест ми е и привилегирана сум да бидам еден од овие топ 25 канадски имигранти. Навистина сум изненадена и мошне возбудена да ја споделам оваа вест со моето семејство и пријатели. Да се биде победник, рамо до рамо со извонредни луѓе кои оствариле огромен придонес за Канада, како на пример професорот и автор на книгата „Јас нема да мразам“, д-р Изелдин Абјулеш, номиниран за Нобелова награда, НБА кошаркарската ѕвезда Стив Неш и судијата Мајкл Тулок помеѓу другите, ви дава огромно чувство на успех, изјави Настеска.

Таа изрази надеж дека победата ќе придонесе кон зголемување на, како што рече, видливоста на Македонците во Канада и воедно ќе ја демонстрира нашата способност и посветеност кон понатамошно унапредување на Канада во земја која ги почитува и слави различностите.

На Настеска, која беше една од 600-те номинирани и 75-те финалисити, наградата и беше врачена во четвртокот на церемонија во Торонто, хостирана од страна на Нил Коксал, познат новинар и водител на канадски вести. На настанот беа присутни и претставници на ОМД од Канада, како и канадско-македонските медиуми.

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

притисни ентер