Македонија засега безбедна, дали вирусот може да стигне преку пратки!?

Во земјава нема регистрирано ниту еден случај на заболен или сомнителен од коронавирусот, но почнува да се чувствува загриженоста од новиот смртоносен вирус.

На социјалните мрежи дел од кинеските компании кои работат по принципот на продажба преку пратки за цел свет веќе јавуваат за намален обем на нарачки заради стравот да не се заразат со коронавирусот. Светската здравствена организација неодамна соопшти дека пратките и пакетите од Кина не се потенцијален ризик за пренесување на заразата од корона вирусот бидејќи според сите нивни анализи вирусот не живее долго на површината на предметите како што се пратките на кои и до најблиската дестинација им се потребни најмалку два дена за да пристигнат за кое време многу се мал ризикот вирусот да се прошири. Иако најчест начин на пренесување на болеста е со контакт сепак граѓаните со поделени мислења за нарачките од Кина.

Засега нема намален обем на нарачките преку интернет платформите од Кина велат од Пошти преку кои и стасуваат најголем дел од пратките. За разлика од кај нас, жители на Сплит изјавиле дека пратките првин ги стерилизираат. Минатата недела Хрватската пошта престана да испорачува мали пакувања од Кина, каде што се појави коронавирусот, поради што повеќе од 250.000 нарачани пакети се во мирување додека во Србија се очекува намалено пристигнување на пратки заради големиот број откажани летови за Кина. Засега се знае за четири Македонци кои се во карантин за да се утврди дали се заразиле со корона вирусот. Тројца се на крузеорт „Дајмонд Принцес“, кој веќе четврти ден е претворен во пловечки карантин, крај брегот на Јокохама а од пред 6 дена во двонеделен карантин во Франција е македонската државјанка која беше евакуирана од Вухан. Од мерките за заштита засега на аеродромот се вклучи термалната камера а министерот за здравство Филипче изјави дека сите кинески работници кои треба да се вратат во Македонија договорено е прво таму да поминат 14 дневен карантин пред да тргнат на пат.

ИДФ ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија.

Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува „Tајмс оф Израел“.

Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабалија, пред да биде извршен нападот.

Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновата најава ги вклучува областите Ал-Ататра и Ал-Карам во Појасот Газа. /МИА

Протест на британските плажи поради загадување на водата

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа вчера на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите. /МИА

Брајтон објави за заминување на тренерот Де Зерби

 Прес-службата на премиерлигашот Брајтон објави дека Роберто Де Зерби ќе ја напушти функцијата главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Раководството на Брајтон се договорило со 44-годишниот фудбалски стручњак за предвремен раскин на договорот кој е со важност до летото 2026 година.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани италијанскиот тренер.

Де Зерби дојде во Брајтон во септември 2022 година. Под негово водство тимот освои 38 победи, 20 пати ремизираше и претрпе 30 порази.

Оваа сезона Брајтон е на 10. место во поредокот во Премиер лигата, со 48 бодови од 37 натпревари. /МИА

притисни ентер