Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
МакедонијаМакедонија влегува во Вертикалниот гасен коридорПо интезивна активност на Божиновска и МЕРМС, стануваме дел од клучната европска гасна мрежа.Нов стратешки исчекор во зајакнувањето на енергетска безбедност и регионална поврзаност. Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Проширувањето на Коридорот кон Западен Балкан е резултат на интензивните дипломатски активности што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги реализираше во изминатиот период, предводени од министерката Сања Божиновска. Во рамките на посетата на Вашингтон, министерката Божиновска оствари средби со високи претставници на американската администрација, при што беше истакната важноста од развојот на регионалната енергетска поврзаност и диверзификацијата на снабдувањето со природен гас. Овие активности продолжија и на Energy Transition Summit во Атина, каде што министерката оствари билатерални средби со министрите за енергетика од регионот, по што беше отворен процесот за вклучување на Македонија во проширувањето на Вертикалниот гасен коридор кон Западен Балкан. Одлуката беше потврдена на состанокот на операторите на гасните преносни системи, одржан во Атина, на кој беше договорено приклучувањето на НОМАГАС кон оваа регионална рамка за соработка. Покрај земјите кои веќе се дел од иницијативата – Грција, Бугарија, Романија, Молдавија, Украина, Словачка и Унгарија – во процесот на приклучување се и Македонија и Србија. За Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, ова претставува значаен чекор во реализацијата на стратешката цел – Македонија да стане активен дел од европската енергетска мрежа, со сигурно, диверзифицирано и конкурентно снабдување со природен гас. Приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор не значи изградба на нов единствен гасовод, туку интеграција во координирана европска мрежа од национални гасоводи, интерконектори и терминали преку кои природниот гас ќе може да се движи по повеќе правци, од југ кон север на Европа. Оваа иницијатива директно се надоврзува на капиталните инфраструктурни проекти што ги реализира Министерството – изградбата на интерконекторот со Грција, кој треба да биде ставен во функција во текот на 2027 година, како и подготовките за интерконекторот со Србија. Со нив Македонија првпат ќе добие можност за пристап до повеќе извори на природен гас, вклучително и до течниот природен гас (LNG). ,, Со приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, значително се зголемува и стратешката вредност на овие инфраструктурни инвестиции. Наместо да бидат само национални проекти, интерконекторите со Грција и Србија стануваат дел од поширока европска транспортна мрежа, што ќе овозможи подобро искористување на капацитетите, поголема флексибилност и повисоко ниво на сигурност во снабдувањето, а со тоа земјата станува и важна транзитна точка за снабдување со гас во регионот и Европа“ истакна министерката Божиновска. Во услови кога Европа забрзано ја трансформира својата енергетска архитектура и ги диверзифицира снабдувачките правци, приклучувањето кон оваа иницијатива претставува навремено позиционирање на Македонија во новата европска енергетска мапа. Дополнителен показател за значењето на Коридорот е и големиот интерес на енергетските компании за транспортните капацитети. Ова потврдува дека Вертикалниот гасен коридор веќе се препознава како една од клучните идни рути за транспорт на природен гас во регионот. Формалното приклучување кон иницијативата се очекува во септември во Солун, кога и официјално ќе се потпише декларацијата за пристапување кон рамката за соработка на Вертикалниот гасен коридор. Со овој чекор, Македонија не само што ја зајакнува сопствената енергетска безбедност, туку се позиционира како важен дел од новата регионална инфраструктура што ќе придонесе за посигурно, поконкурентно и поотпорно снабдување со природен гас за целиот регион. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: гасен коридор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter