3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
Научниците развија трета рака и шести прст- роботските додатоци мозокот ги прифати за помалку од еден час (ВИДЕО)
2Научниците развија трета рака и шести прст- роботските додатоци мозокот ги прифати за помалку од еден час (ВИДЕО)
КултураМакедонија успешно реализира проекти во рамките на Форумот на словенски културиВо Цетиње, Црна Гора, вчера и денеска се одржува 14-тата редовна седница на Управниот одбор на Меѓународната фондација „Форум на словенските култури“.Претставник од Република Македонија е Лидија Топузовска, која е и претседател на Програмскиот совет на оваа фондација чија цел е промоција и афирмација на особеностите на словенските народи, соопшти Министерството за култура. На седницата стана збор за стратегискиот план на „Форумот на словенските култури“ за периодот од 2017 до 2021 година, а формално беше констатирано и завршувањето на мандатот на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која во изминатите четири години ја извршуваше функцијата - претседател на Управниот одбор на оваа меѓународно етаблирана фондација. За нов претседател на Управниот одбор на „Форумот на словенските култури“ е назначен министерот за култура на Црна Гора, Павле Горановиќ. - Назначувањето на министерката за култура Канческа-Милевска за претседател на Управниот одбор на оваа фондација беше од огромна важност бидејќи овозможи Република Македонија уште поактивно да учествува и да дава свој придонес во решавањето на заедничките предизвици на „Форумот на словенските култури“. Меѓу позначајните проекти кои Министерството за култура ги реализираше со „Форумот на словенските култури“ се континуираната имплементација на проектот „100 словенски романи“, патувачката изложба „Историјата на словенските градови низ архивските материјали“, потоа проектите со кои се одбележува денот на сесловенската култура во седиштето на УНЕСКО, организирањето на семинари од доменот на музејската дејност, како и низа други активности што се реализираа во рамките на Форумот на словенските култури. Во нашата земја се одржа и семинарот на тема „Театарската музеологија во 21 век“ кој, во присуство на повеќе еминентни експерти и стручни лица од областа, овозможи да го презентираме идејниот концепт на нашиот нов виртуелен музеј, но и да размениме искуства во однос на историските реконструкции во музејот, употребата и искористувањето на новите технологии во постојаните музејски изложби, како и дигиталната содржина на музејските поставки. Република Македонија беше домаќин на неколку настани со кои се одбележа големиот јубилеј - 10 години од постоењето на оваа значајна меѓународна организација. Во рамките на одбележувањето на овој мошне значаен јубилеј, имавме можност за првпат да ја востановиме и наградата „ЖИВА“ за најдобар словенски музеј, беше отворена и изложбата „100 години театар во Скопје“ на Националниот музеј од Белград, а одбележувањето го заокруживме со свечен концерт на кој беше претставено нематеријалното културно наследство на словенските земји, се наведува во соопштението од Министерството за култура. Меѓународната фондација „Форум на словенските култури“ е формирана пред 12 година со идеја за создавање цврсти врски меѓу словенските народи и нивните култури, а благодарение на одличната регионална соработка, денес во светот се препознава како референтна глобална платформа за интеркултурен дијалог, за зачувување на културните традиции на словенските народи како трајни и универзални вредности во глобални рамки. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПалестинскиот претседател до Трамп: Исполнете ги ветувањата што ни ги дадовте Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го повика американскиот претседател Доналд Трамп да ги исполни ветувањата дадени на арапските земји за спречување на раселувањето на Палестинците и анексијата на палестинската земја.Абас го објави ова во претходно снимено обраќање на 81-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, откако не можеше лично да присуствува на сесијата втора година по ред. Тој ги повика САД да соработуваат со палестинското раководство и меѓународната заедница за спроведување на решение за две држави врз основа на меѓународното право. Абас рече дека Палестинците го поздравуваат мировниот план на Трамп, но не виделе никаков напредок на терен. Палестинскиот претседател до Трамп: Исполнете ги ветувањата што ни ги дадовте Тој, исто така, ги предупреди светските лидери за опасноста од повторување на Накба, масакрот и протерувањето што го претрпеа Палестинците во 1948 година. Палестинскиот претседател рече дека неговиот народ се соочува со еден од најопасните периоди во својата историја, наведувајќи убиства, уништување, глад и обиди за присилно раселување во Појасот Газа. Абас рече дека секој транзициски период на крајот мора да доведе до повторно обединување на Појасот Газа и окупираниот Западен Брег под една палестинска држава со една легитимна вооружена сила. Тој, исто така, го обвини Израел дека поседува повеќе од 6 милијарди долари палестински имот и побара негово итно ослободување. Абас ги отфрли, како што ги нарече, казнените мерки што му забрануваат нему и на членовите на палестинската делегација да присуствуваат на Генералното собрание, велејќи дека таквите ограничувања ги кршат обврските на САД како земја домаќин на Обединетите нации. Тој го повика Вашингтон да ги укине мерките и да му дозволи на палестинското раководство целосно да учествува на состаноците на Обединетите нации.Тагови: Доналд Трамп палестински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБред Пит во новиот филм ѝ се враќа на улогата што му донесе Оскар (ВИДЕО)Бред Пит повторно ќе го игра Клиф Бут. Нетфликс го објави првиот трејлер за „The Further Mis-Adventures of Cliff Boot“, продолжението на хитот на Тарантино од 2019 година „Once Upon a Time... in Hollywood“. Сценариото е на Квентин Тарантино, додека Дејвид Финчер е режисер, поради што проектот со месеци привлекува големо внимание од филмските фанови. Сместен кон крајот на 1970-тите Приказната се одвива во 1977 година, осум години по настаните од оригиналниот филм. Клиф повеќе не е дублер на актерот Рик Далтон, кој го играше Леонардо Дикаприо во „Once Upon a Time... in Hollywood“. Холивуд во меѓувреме се промени, а Клиф сега работи како еден вид „поправач“, односно лице ангажирано од влијателни луѓе во филмската индустрија кога сакаат да решат проблеми подалеку од очите на јавноста. Трејлерот сугерира дека неговата работа вклучува насилство, уцена, кражба и изнуда, па затоа филмот би можел да покаже многу потемна страна на Холивуд во 1970-тите. Враќање на улогата што му донесе Оскар Пит така се враќа на улогата на Клиф Бут, која му донесе Оскар за најдобар спореден глумец во 2020 година. Клиф беше еден од најпаметните ликови од филмот „Once Upon a Time... in Hollywood“, лежерен, харизматичен и непредвидлив во исто време. Новиот филм го задржува светот и сценариото на Тарантино, но овој пат режијата ја презема Дејвид Финчер, режисерот познат по филмовите „Seven“, „Fight Club“, „Zodiac“ и „The Social Network“. Пит и Финчер повторно соработуваат по филмовите „Seven“, „Fight Club“ и „The Curious Case of Benjamin Batton“. Познати и нови актерски имиња Трејлерот открива и што се случило со Рик Далтон. Кога го прашале зошто повеќе не е негов каскадер, Клиф одговара дека Рик „се здебелил премногу“ за да биде негова замена. Леонардо Дикаприо не се појавува во новиот филм, но Тимоти Олифант се враќа од оригиналната екипа како Џејмс Стејси. Новите членови на екипата се Елизабет Дебики, Скот Кан, Карла Гугино, Јахја Абдул-Матин II и Питер Велер. Сценариото на Тарантино, визијата на Финчер Особено е интересно што Тарантино овој пат не ја презеде режијата. Тој го напиша сценариото, но му ја остави режисерската палка на Финчер, па публиката ќе го види истиот лик и истиот свет за прв пат преку естетиката на друг автор. Трејлерот веќе ја покажува таа разлика. Разиграниот Холивуд од 1969 година беше заменет со посуров и потемен приказ на Лос Анџелес кон крајот на седумдесеттите години. Кино, Нетфликс и роман „Понатамошните погрешни авантури на Клиф Бут“ првпат се прикажува во IMAX кината на 25 ноември, каде што ќе се прикажува ексклузивно две недели. Доаѓа на Нетфликс на 23 декември. Филмот ќе биде и првиот наслов на Нетфликс што ќе има глобално IMAX издание. Приказната за Клиф Бут нема да остане само на филм. На 8 декември, Тарантино го објавува романот „Авантурите на Клиф Бут“, неговиот втор роман по книжевната верзија на филмот „Си беше еднаш... во Холивуд“.Тагови: Бред Пит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ЕвропаМасовна тепачка во мало гратче во Словенија- се тепаат дваесетина момчиња и девојки (ВИДЕО)Во Постојна во Словенија се случи масовна тепачка во која учествуваа повеќе од дваесет млади мажи и жени.Снимките од минатиот викенд од улицата Тржашка во центарот на Постојна покажуваат млади луѓе како викаат, се тепаат и уништуваат инвентар пред Музичкото кафе. Градоначалникот Игор Марентич, исто така, ги гледал видеата. „Не, сè уште не сум го доживеал ова. Не се сеќавам дека сум видел сличен случај во Постојна“, рекол тој, пренесува РТВ Словенија. „Ситуацијата стана неподнослива“ Жителите со години страдаат од ноќна бучава, но велат дека ситуацијата станала неподнослива. Се жалат на оштетени автомобили и пречести интервенции на брза помош поради пијани млади луѓе. Во последните месеци, тие документираат сè и ги предаваат снимките на полицијата. Не сакаат јавно да излегуваат бидејќи се плашат од последиците. Градоначалникот Марентич потврди дека Општината е свесна за проблемот. „Добивме две писма од станари во непосредна близина. Знам дека полицијата интервенирала во тој бар и претходно“, рекол тој. Во саботата, полицијата пристигнала во 1:30 часот наутро. Младите избегале, а на местото на настанот бил пронајден само еден лесно повреден 22-годишен маж. Полицијата истражува сомнителни кривични дела закани и насилно однесување. Официјалното работно време на барот е до 22:00 часот, а еднаш месечно е дозволено да работи до 2:00 часот наутро. Пазарните инспектори спроведоа неколку инспекции од 2022 година, и само еднаш утврдија прекршок и издадоа опомена. View this post on Instagram A post shared by RTV Slovenija info (@rtvsloinfo) Општината размислува за намалување на работното време Жителите ја предупредуваат Општината од мај и бараат реакција, но тврдат дека досега ништо не е преземено. Градоначалникот, сепак, сега најави конкретни чекори. „По овој последен настан, ја анализиравме ситуацијата. Во Општината одлучивме дека сериозно ќе размислиме за издавање дозволи за работа ноќе. Можеби до единаесет или дванаесет, но веројатно не подолго“, изјави тој за РТВ Словенија. Менаџерот на барот не сакаше да даде изјава пред камерата, но во разговорот рече дека настаните на улицата немаат никаква врска со нив. Сопственикот, пак, изјави дека се обидуваат да спречат проблеми, но не појасни на кој начин. Жителите се убедени дека месечните забави привлекуваат проблематични гости. Тие очекуваат Општината да го почитува најавата и да го скрати работното време за настаните што се организираат однапред еднаш месечно.Тагови: словенија тепачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter