3Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел
МакедонијаМакедонија со најголеми загуби на вода во регионот, околу 63 отстоМакедонија е меѓу земјите со највисоки загуби на вода во регионот. Согласно податоците за 2023 година, загубите на ниво на цела држава изнесуваат меѓу 62 и 63 отсто. Според Регулаторната Комисија за енергетика, за намалување на загубите на вода од извор до чаша потребен е континуиран инвестициски циклус во водоводната мрежа, како и оптимизирање на бројот на вработени во јавните комунални претпријатија. Крајното решение го гледаат во преземање на целосна надлежност на регулаторот во формирање на крајната цена за водните услуги. - Гарантираме дека ќе ја подобриме ефикасноста на команиите, гарантираме дека ќе овозможиме поголем број на инвестиции и за сметка на тоа ќе ги намалиме загубите на вода на државно ниво, а притоа нема да предизвикаме никакви ценовни шокови. Со намалувањето на загубите, ќе се зголемат количините што ќе се фактурираат и на тој начин, нема да има никакви потреби од зголемување на цената за водните услуги.- Марко Бислимовски – претседател на РКЕ Ова беше истакнато на 32 Генерално собрание на регулаторите за вода од Европската Унија, што се оддржа денеска во Скопје. Асоцијацијата брои 35 регулаторни тела што го следат секторот за води и овозможуваат заштита на повеќе од 400 милиони потрошувачи во Европа. Претседателот на асоцијацијата Андреа Гуерини посочи дека нејзината цел е да ги усогласи дејствата на европските регулаторни тела преку поттикнување соработка, размена на знаења и искуства. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПод мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
МакедонијаМицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички брендВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од партија. ВМРО е име што се памети. Име што носи тежина. Име што буди чувство. ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од партија. ВМРО е име што се памети. Име што носи тежина. Име што буди чувство. Име натопено со солзите на генерации борци, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Струмица по повод 36 роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележи на градскиот стадион под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“. Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд, создаден од историја, борба, болка и жртва, но и од верба и љубов кон татковината, Македонија. „Со денешен речник кажано, ВМРО е најголемиот македонски политички бренд. ВМРО создаден од историја. Од борба. Од болка, од жртва. Од верба и од љубов кон татковината. ВМРО е идеја што трае. Идеја што поминала низ востанија, прогони, победи, порази, надежи и разочарувања. И сепак останала жива. За да ги предводи следните национални победи. Затоа што нејзината суштина е едноставна и силна. Македонија да биде своја, да биде горда. Македонија да биде почитувана. Во таа идеја има корен, но има и иднина. Има традиција, но има и широчина. Има патриотизам, но има и програма“, рече Мицкоски. Затоа, додаде Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ денес има сила да биде најдобриот одговор за предизвиците пред Македонија: за економија што расте, за институции што служат, за млади што остануваат дома, за држава што создава и за народ што верува. „Тоа е нашата обврска. Да ја чуваме идејата, да ја шириме. Да ја претвораме во дела. Затоа што ВМРО не е само дел од македонската историја. ВМРО е причината затоа што Македонија забрзува и Македонија има иднина“, порача претседателот Мицкоски во обраќањето, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?Колку ги чинеше граѓаните на Македонија прославата на Мицкоски и ВМРО во Струмица?300.000 евра? 500.000 евра? Или многу повеќе? Превоз со автобуси, списоци од вработени по јавна администрација од цела Македонија, дневници? Колку ги чинеше тоа граѓаните? Како да го донеле Дејвид Гета? Додека народот се мачи да врзе крај со крај, додека цените незапирливо растат а сиромаштијата се зголемува, додека економијата тоне ВМРО со народни пари и партиската војска во јавна администрација ја слави безидејноста на своето владеење и изолацијата од ЕУ. Нема пари за повисоки плати, нема пари за субвенции за земјоделците, нема пари за 600 евра минимална плата, нема пари за поддршка на младите, нема пари за мерки, нема пари за лекови, пари има само за криминални тендери и луксуз за одлепената од реалност владејачка ВМРО. Колку платија граѓаните за Мицкоски да ги слави неуспесите и извештајот на Европскиот парламент за изолацијата на Македонија?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПод мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
МакедонијаМисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во БриселМинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска (18 јуни) во седиштето на Алијансата во Брисел, ќе учествува на серија состаноци на Северноатлантскиот совет.Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска (18 јуни) во седиштето на Алијансата во Брисел, ќе учествува на серија состаноци на Северноатлантскиот совет, каде ќе стане збор за процесот на зацврстување на колективната одбрана преку континуирано инвестирање во одбраната, развојот на вооружените сили и одбранбената индустрија, распределбата на одговорности во командните структури на НАТО, како и за претстојниот Самит на НАТО во Анкара. Министерот Мисајловски освен на главната сесија на Северноатлантскиот совет, ќе учествува и на состанокот на Групата за нуклеарно планирање, како и Контакт-групата за Украина, соопштуваат од МО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter