Македонија се солидаризира: Се нуди згрижување на семејствата на повредените во Скопје - Канал 5

Македонија се солидаризира: Се нуди згрижување на семејствата на повредените во Скопје

Скопје се мобилизира по страшната трагедија која се случи рано утринава во Кочани, кога во дискотека животот го загубија најмалку 59 лица.

Македонија се солидаризира: Се нуди згрижување на семејствата на повредените во Скопје

Граѓаните се солидаризираат со катастрофата, а на социјалните мрежи се појавија повеќе објави во кои семејства, но и објекти кои имаат сместувачки капацитети, нудат сместување за најблиските на настраданите кои се згрижени во болниците.

Градоначалникот на О. Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека студентскиот дом Томе Стефановски Сениќ и интернатот Партенија Зографски се на располагање за помош.

Од интернатот додадоа дека сите вработени се мобилизирани и ќе одговорат на најдобар можен начин на семејствата.

Од МОН ифнормираа дека покрај домовите Сениќ и Партенија Зографски, отворени за семејствата на повредените ќе бидат и студентските капацитети на Гоце Делчев, и државното училиште за рехабилитација „Димитар Влахов“ во Кисела Вода.

Исто така, градоначалникот на О. Центар, Горан Герасимовски соопшти дека семејствата и блиските на повредените можат бесплатно да се сместат во скопските хотели.

Помош понудија и од Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. Оттаму информираа дека отвориле шест дополнителни телефони за психолошка прва помош за децата и нивните семејства.

YouTube video

Турски суд осуди 18 вработени во општина Истанбул

Турскиот суд денеска осуди 18 вработени во општина Истанбул, кои ќе чекаат судење во затвор по обвинение за корупција, објавија локалните медиуми.

Турски суд осуди 18 вработени во општина Истанбул

Апсењето се случи во рамки на се поголемиот притисок врз опозицијата и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е во затвор, пренесуваат агенциите.

Имамоглу, главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој води на анкетите, е затворен во март и чека судење по обвинение за корупција.

Тој се соочува и со обвиненија за помагање на терористичка група.

Градоначалникот на Истанбул на судењето рече: Овие обвинувања се политички; јас сум претседателот во срцата на 86 милиони. Тој ги негираше сите обвиненија, а неговото апсење предизвика големи протести, економски проблеми и обвинувања дека судството е политизирано.

Владата ги отфрла тие тврдења и истакнува дека судството е независно.

Турската телевизија НТВ објави дека 34 од 52-те лица кои беа уапсени во текот на викендот во рамки на истрагата се пуштени со судски ограничувања.

Турските медиуми објавија во саботата дека властите уапсиле десетици вработени во општина Истанбул како дел од правните истраги кои се фокусираа на Имамоглу.

Меѓу уапсените беа генералниот секретар на општината, началникот на кабинетот на Имамоглу, претседателот и потпретседателот на општинската управа за водовод и канализација, како и раководител на оддел во управата. /МИА

Финска донесе закон за ограничување на употребата на мобилни телефони за време на настава

Финска усвои закон со кој се ограничува употребата на телефони и други мобилни уреди за време на наставата во основните и средните училишта, поради страв од нивното влијание врз благосостојбата и учењето на учениците.

Финска донесе закон за ограничување на употребата на мобилни телефони за време на настава

Според измените, кои финскиот парламент ги одобри вчера, а ќе стапат во сила на 1 август, мобилните уреди ќе бидат строго ограничени за време на наставата, пренесува Гардијан.

На учениците ќе им биде дозволено да ги користат само со дозвола на наставникот поради здравствена причина или за учење.

Финска е најновата европска земја која воведе законски ограничувања за употребата на телефони и други мобилни уреди во училиштата поради сè поголемиот број докази за нивното влијание врз децата и младите, вклучувајќи го вниманието и самодовербата.

Претходно годинава, Данска соопшти дека ќе забрани мобилни телефони во сите училишта.

Претседателот на финската комисија за благосостојба, Расмус Мејер за Гардијан изјави дека мерката е неопходна за да се спречи училиштата да бидат „колонизирани од дигитални платформи“ и го повика остатокот од Европа да го следи нивниот пример.

Ограничувања за мобилните телефони воведе и Франција, која во 2018 година им забрани на учениците од основните и средните училишта користење телефони во училишните простории, како и Норвешка, која неодамна објави строга минимална старосна граница од 15 години за користење социјални мрежи.

Полскиот режисер Кемпински ќе режира претстава во Македонија

Грзегорз Кемпински е еден од најреномираните полски режисери, добитник на голем број меѓународни награди од областа на театарот и филмската уметност.

Полскиот режисер Кемпински ќе режира претстава во Македонија

Еден од најдобрите полски режисери Грзегорз Кемпински ќе режира македонска претстава. Во продукција на независниот театар „Отпишани“, македонската публика, наесен, ќе има можност да ја види претставата „Животот е краток и нејасен“, чиј автор е македонскиот драмски писател Марјан Анѓеловски.

Сатиричната драма „Животот е краток и нејасен“, како што посочуваат од театарот „Отпишани“, преку еден апсурден начин зборува за системот на загубени вредности, кој го разорува корупција и колективно безумие. „Животот е краток и нејасен“ доаѓа по успехот на претставата „Среќен мртовец“ во продукција на театарот „Отпишани“, каде главната улога ја толкува легендарниот актер Благој Чоревски.

Грзегорз Кемпински е еден од најреномираните полски режисери, добитник на голем број меѓународни награди од областа на театарот и филмската уметност.

притисни ентер