„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
2„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
МакедонијаМакедонија се доближува до европскиот просек на произведена струја од обновливи извори на енергијаВо Европската Унија лани 47,3 проценти од вкупно произведената електричната енергија е од обновливи извори на енергија (ОИЕ), а Македонија се доближува до овој просек, дури можеби и го надминува.Според Министерството за енегетика, рударство и минерални суровини, се уште нема збирен официјален податок за произведената електрична енергија кај нас од ОИЕ во 2025 година, но проценката е дека има зголемување од 12 до 15 отсто во споредба со 2024 година кога 41,03 отсто од вкупно произведената струја беше од ОИЕ. Најголем дел од обновливата енергија во 2024 година во земјава е произведена во фотоволтаичните централи по што следуваат хидроцентралите, малите хидроцентрали и ветерните електрани. Од вкупно произведената струја 38,43 отсто е произведена во термоцентралите на АД ЕСМ по што следи ТЕ-ТО со 20,54 проценти, фотоволтаичните централи со 18,08, хидроцентралите со 13,91, малите хдроцентрали со 5,02 и ветерните електрани со 3,16 проценти. [Северна Македонија заедно со Грција и Бугарија работи на изградба на терминал за течен природен гас во Александруполис, со што ќе се обезбеди дополнителна диверзификација на снабдувањето со г] Според податоците на Еуростат, лани во ЕУ 47,3 проценти од електричната енергија е произведена од обновливи извори на енергија што е за 0,1 отсто повеќе отколку во 2024 година. Примарен извор на обновлива енергија во ЕУ е ветерот со учество од 37,5 проценти, на второ место е сончевата енергија со 27,5, по што следуваат хидроенергијата со 25,9, биомасата со 8,5 и геотермалните и други извори на енергија со 0,5 отсто. Сончевата енергија е најбрзорастечки извор со зголемување од 24,6 отсто во 2025 година, додека производството на електрична енергија од хидроенергија се намали за 11,8 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, пак, учеството на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија во 2024 година во изнесува 39,4 отсто, а во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 35,4 проценти. Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата изнесува 1 727 киловат часови по жител на годишно ниво. Тагови: Македонија струја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Две години работа, две години резултатиОтчет на Злате Мехмедовиќ, Дитектор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за физикална медицина и рехабилитацијаЕдна љубов – Македонија Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот отчет на своите избрани и именувани функционери, затоа што за нас јавната функција не е привилегија, туку обврска да се работи и да се испорачуваат резултати. Отчетот на директорот на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, Злате Мехмедовиќ, покажува дека и институција со сериозно наталожени проблеми може да се трансформира кога има одговорно раководење, јасна визија и политичка поддршка. Во изминатите две години Клиниката е значително модернизирана. Реконструирани се амбулантите и повеќе кабинети, воведена е ехо-дијагностика, повторно е ставен во функција кабинетот за лимфна дренажа, а посебен фокус е ставен на развојот на роботската рехабилитација за возрасни и деца. Во нова медицинска и роботска опрема се инвестирани околу 700.000 евра, а обезбеден е и нов инвестиционен циклус од дополнителни 450.000 евра за современа опрема и натамошен развој на роботскиот кабинет. Особено важен доказ дека јавната здравствена институција мора да биде подготвена да реагира кога е најпотребно беше трагедијата во Кочани, по која Клиниката презеде значаен дел од рехабилитацијата на повредените преку организиран мултидисциплинарен пристап. Работата не се однесува само на медицинските услуги. Решен е и долгогодишниот проблем со употребата на мазут, со што е намалено загадувањето во центарот на Скопје. Најголемата трансформација допрва следува. Со поддршка од Светска банка е обезбеден грант од 1,5 милиони евра за целосна реконструкција и енергетска трансформација на Клиниката, вклучително и енергетска санација, нова фасада, замена на прозорците, топлотни пумпи и напуштање на фосилните горива. Ова е разликата меѓу политика на зборови и политика на резултати. ЗНАМ не влезе во Владата за да биде нем набљудувач на состојбите, ниту само коректор на туѓите политики. Нашата цел беше програмата на ЗНАМ да стане дел од владините политики и да се реализира преку институциите. Денес, овие резултати покажуваат дека таа политика може да се претвори во конкретна промена. Не велиме дека сите проблеми се решени. Велиме дека проблемите се преземаат, се решаваат и зад резултатите се застанува со име и презиме. За ЗНАМ, јавната функција значи одговорност. Политиката значи работа. А отчетот значи да се покаже што е направено. Две години работа. Две години резултати. Една обврска – отчет пред граѓаните. Една љубов – Македонија.Тагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија. „Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“. Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз. Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски. „Одраз“ Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот Кафе „Тигре“, БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРама: „Европската Унија ја лаже Украина“Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година. Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел. „Украина е земја која е измамена“, рече Рама. Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова. Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter