Македонија под снег, надлежните уверуваат дека патиштата се проодни - Канал 5

Македонија под снег, надлежните уверуваат дека патиштата се проодни

Македонија утринава се разбуди под снежна покривка... Во делови од државата сообраќајот се одвиваше отежнато, а на некои патни правци имаше и забрани за движење... 

Македонија под снег, надлежните уверуваат дека патиштата се проодни

Блокади, забрани и апели за внимателно возење – снегот во земјава предизвика проблеми на повеќе локации.

Сообраќајот на целата територија се одвива во зимски услови, а поради снежните врнежи, некаде се одвива отежнато. Па таказабрана за движење на камиониимаше на патните правци Плетвар и Стража, Пресека и кракот Маврово – Дебар, Струга – граничен премин „Ќафасан“ и Демир Капија – Смоквица.

Како што информираа од Министерството за транспорт и врски, сите расположливи ресурси се на терен и во континуитет се врши чистење на снегот од патиштата.Оттаму апелираа на внимателно возење, со почитување на правилата во сообраќајот.

„Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот – велат од Министерството за транспорт и врски.“

И од ЈП „Македонија пат“ потврдија дека сите патни правци се проодни во државата и досега не се забележани никакви проблеми во сообраќајот.

Од Центарот за управување со кризи велат дека има помали проблеми во велешкиот крај и во општина Ранковце. Апелираат, луѓето кои живеат во повисоките места навремено да се снабдат со основни намирници (храна и лекови) и се препорачува внимателно движење на пешаците, бидејќи е можна појава на голомразица.

Врнежите веќе престанаа, а од УХМР најавуваат постепен пораст на дневните температури се до викендот, кога повторно не очекуваат врнежи од дожд и снег.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер