Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1Путин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 дена
2МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Други спортовиМакедонија по 60. пат избира спортист на годинатаАгенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортски федерации на Македонија и годинава традиционално ги избираат најуспешните во спортот за 2014 година.- Годинава славиме голем јубилеј, 60 години од првиот Избор на спортист на годината. Почнувајќи од далечната 1954 година кога скијачот Јахија Рефик за првпат беше избран за спортист на Македонија, оттогаш па наваму многу големи спортски имиња на државата се закитија со ова спортско одличје за нивните врвни спортски резултати на меѓународната спортска сцена, изјави на денешната прес-конференција директорот на АМС Марјан Спасески. Тој ги информира присутните за кои категории ќе се гласа, начинот на изборот на спортистот и кој ќе учествува во гласањето. - Номинирани спортисти во девет категории за кои што ќе се гласа, како и три категории за најуспешните училишни спортски клубови во делот на основното, средното и високото образование. Номинациите произлегоа пред се од националните спортски федерации, од спортските новинари кои ќе учествуваат во самото гласање заедно со седумчлениот Совет за спорт, рече Спасески. Во категориите со по пет кандидати ќе се гласа со 1,2,3 4 и 5 поени, додека во категориите со три номинации ќе се доделуваат 1,3 или 5 бода. Категории и номинирани спортисти, спортски работници и федерации: СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА ЕМИЛ ПАВЛОВ – Карате 1-во место ЕП (прв златен медал на Европско првенство во историјата на Македонското машко карате во Тампере, дисциплина кумите ИГОР СТЕФАНОВСКИ – Автомобилизам 1-во место ЕП (Прв европски златен медал во историјата на Македонскиот авто спорт – ридски патеки) АЉОША НЕДЕВ - Трад. карате 1-во место СП (Прв светски златен медал во историјата на македонското трад. карате во Египет, дисциплина кого – кумите) ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ - Маратон пливање 2-ро место Гран при пливачки маратони (Вицешампион на светската серија во далечинско пливање) ЗДРАВКО ДЕЈАНОВИЌ - Алпинизам К-2 (прв Македонец кој се искачил на вториот највисок, истовремено најтежок врв за искачување во светот). СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА МИРЈЕТА БАЈРАМОВСКА – Ракомет Пласман меѓу 12-те во ЛШ (најдобар стрелец во Лигата на шампионите за Крим, најзаслужна за пласман меѓу 12 најдобри во ЛШ) ЈАДРАНКА НЕДЕВА ЈАРЧЕВСКА - Трад. карате 1-во место СП (прв златен медал на Светско првенство во Египет во традиционално карате, дисциплина кого – кумите) ЛИНА ЃОРЧЕСКА - Тенис (освоен турнир во Софија и вкупно 3 финалиња на меѓунадорни турнири) НАТАША АНДОНОВА - Фудбал 1/2 финале ЛШ (репрезентативка на Македонија, една од најдобрите во Постдам - полуфиналист во женската ЛШ) ЈУЛИЈА НИКОЛИЌ - Ракомет, 3-то место ЛШ (трето место во ЛШ во Европа и освоени првенство и куп на Македонија со ЖРК Вардар). МЛАД СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА БЕРАТ ЈАКУПИ - Карате 1-во место ЕП јуниори-кадети (европски шампион на првенството во Лисабон за постари јуниори - 21 година) ДАВИД БАБУНСКИ - Фудбал (член на млада и на сениорска репрезентација на Македонија и член на Барселона ) ФИЛИП ТАЛЕВСКИ - Ракомет (член на млада и на сениорска репрезентација, четвртфиналист во ЛШ) АЛЕКСАНДАР СОКОЛОВСКИ - Куглање 3-то место СП (освоен бронзен медал на светско првенство во Брно, во комбинација микс – тандем) БОБАН ИЛИОСКИ - Кик бокс 3-то место СП јуниор. првенство (бронзен медал на Светско првенство во Римини, дисц. лоу – кик). МЛАДА СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА КАТАРИНА МАРИНКОВИЌ - Тенис 13-то место во Тенис Европа до 18 г. (победник на турнир „Дема куп” во Софија) ПУЛИКСЕНИЈА ЈОВАНОВСКА - Карате 3-то место на ЕП јуниорки (прв Европски медал за македонското карате во Лисабон во кати) МЕРИ ЈАНЕВА - КУГЛАЊЕ 3-то место СП (освоен бронзен медал на светско првенство во Брно, во комбинација микс - тандем) АНАСТАСИЈА БОГДАНОВСКИ - Пливање (во Сент Морис во САД собори 5 државни рекорди а на 100 слободно избори норма за СП во Казан 2015 година ... Носител на стипендија од меѓународна категорија од АМС) ИВАНА ЃОРЃИЕВСКА - Ракомет учество СП младинци (младински шампион на Македонија со Металург, член на спортската академија – категоризирана од АМС). НАЈУСПЕШЕН МАШКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ ОДБОЈКАРСКА - Полуфинале во Европска Лига (пласман меѓу најдобрите 4 репрезентации во европската лига) РАКОМЕТНА - 10 место на ЕП (пласман на 10 место на Европско првенство во Данска, и обезбедено учество на светско првенство во Катар 2015) КОШАРКАРСКА - Пласман на ЕП (успешни квалификации и обезбеден пласман на ЕП 2015 година). НАЈУСПЕШНА ЖЕНСКИ НАЦИОНАЛЕН ТИМ ЖЕНСКИ СЕНИОРСКИ КАТА ТИМ - 1-во место Балканско првенство (златен медал во екипна конкуренција – кати на Балканско првенство во Охрид) ЖЕНСКА СЕРВА РЕПРЕЗЕНТ.- 3-то место СП (бронзен медал во категорија двојки микс на Светско првенство во Северен Кипар) ЖЕНСКИ ШАХОВСКИ ТИМ - Учесник на шаховска олимпијада (во Тромсо 5 победи 1 нерешено и 5 порази, на шаховска олимпијада). НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ НА ЛИЦЕ СО ИНВАЛИДИТЕТ ОЛИВЕРА НАКОВСКА - БИКОВА - Стрелаштво 3-то место СП (бронзен медал на светско првенство во Сул во стрелање со пиштол од 10 метри, обезбеден пласман на Параолимписки игри во Рио 2016) ВАНЧО КАРАНФИЛОВ- Стрелаштво 7-мо место СП (пласман на 7 место на светско првенство во Сул во стрелање со пиштол од 25 метри, обезбедено учество на Параолимписки игри во Рио 2016) АНДРЕЈ СТОЈАНОВСКИ - Глуви пливање 4-ти места на ЕП (два пласмана на 4 место во Саранск, во трките на 400 мешано и 1.500 слободно). НАЈУСПЕШЕН СЕЛЕКТОР ЖАРКО РИСТОВСКИ - Одбојка - (1/2 финале во европска лига и пласман меѓу најдобрите 4 репрезентации) ПЕЦЕ БЕЛИСТОЈАНОВСКИ - Карате - (прв златен медал на Европско првенство во историјата на Македонското машко карате со Емил Павлов) БРАНИМИР ЈОВАНОВСКИ - Стрелаштво (бронзен медал на Светско првенство во стрелање со пиштол од 10 метри со Оливера Наковска – Бикова) ИВИЦА ОБРВАН - Ракомет - (пласман на 10 место на Европско првенство во Данска, и обезбедено учество на светско првенство во Катар 2015) АЛЕКСАНДАР ЏИКИЌ - Кошарка (успешни квалификации и обезбеден пласман на ЕП 2015 година). НАЈУСПЕШНА НАЦИОНАЛНА СПОРТСКА ФЕДЕРАЦИЈА КАРАТЕ ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА - (За првпат организација на сениорско Балканско првенство во Македонија и првпат најуспешна земја во регионот - Златен медал на Европско првенство во историјата на Македонското машко карате со Емил Павлов) РАКОМЕТНА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА - (Организација на Светско младинско првенство за кадетки до 18 години, пласман на 10 место на европско првенство во Данска и обезбедено учество на светско првенство во Катар 2015) ОДБОЈКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА - (Прво учество во квалиф. за Светско првенство, и прво учество во европска лига со пласман меѓу најдобрите 4 репрезентации –органзизација на 38 турнир „Чајка”) КАЈАКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА – (Домаќин на Европско првенство за јуниори и сениори до 23 години во Скопје – организација на 47 „ИКАС” - победник Атанас Николовски) МАКЕДОНСКА КОШАРКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА – (организација на Европско првенство за кадети до 16 години во Македонија, и обезбедено учество на Европско првенство 2015 година). Свеченоста на доделувањето на наградите ќе се одржи во сабота на 27 декември во 20 часот и 15 минути во Македонскиот народен театар. Најдобрите ќе добијат позлатена статуетка – силуета на спортист во движење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сидни Свини повторно се соблече И покрај негативните коментари на социјалните мрежи, холивудската убавица, актерката Сидни Свини сними нова реклама за спортската платформа „Novig“. Ниту овој пат сексапилната русокоса актерка не се срамеше да се покаже пред светот. Пред еден месец, Сидни Свини предизвика бурни реакции во јавноста откако сними реклама за спортската платформа „Новиг“ (Novig), која промовира обложување. Таа се појави целосно гола, а фотографии и видеа од нејзиното голо тело масовно се ширеа на социјалните мрежи. Спортисти од целиот свет бурно реагираа на овој потег на познатата актерка. View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney) Иако рекламата предизвика силни негативни реакции во јавноста, се чини дека тоа немаше поголемо влијание врз јавниот имиџ на Сидни. Сега, и покрај оние што ја навредуваа, таа го сними продолжението на оваа контроверзна реклама. За таа прилика, таа носеше само бели гаќички и две рагби-топки што ѝ ги покриваа градите. Сепак, вниманието на јавноста беше привлечено од зборовите изговорени во рекламата: Како што можеше да се претпостави, рекламата предизвика поделени реакции кај луѓето, а некои предвидуваат дека таа ќе покрене лавина од коментари и осуди од страна на жени и спортистки. „Пак ќе ги налути“, „Ужива во тоа што луѓето ја мразат“, „Сите тие љубоморни девојки пак ќе се јавуваат, а јас ќе уживам читајќи го тоа“ – беа само дел од коментарите на нејзините обожаватели.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера изненади со провокативен стајлинг Светската музичка ѕвезда, 45 годишната Кристина Агилера привлече големо внимание на хуманитарен настан организиран од здравствената платформа „MISTR“ во Лос Анџелес. Русокосата пејачка се појави во смела црна комбинација со проѕирни детали, високи чизми и жартери; нејзиниот изглед многумина потсети на периодот кога го објави хитот „Dirrty“. Проѕирно боди и високи чизми За оваа пригода, Агилера избра црно боди од проѕирен тил со кадифени мотиви во форма на крст. Под него носеше мал чипкаст градник со врзување, додека долниот дел од комбинацијата се состоеше од црни кожни гаќички со висок струк и врзување од страните. Посебно се истакнаа лентите за жартери што се спуштаа од колковите и се поврзуваа со мрежести чорапи во боја на кожа. Таа го комплетираше изгледот со велурени чизми над колена, со тенки високи потпетици, шпицести врвови, врвки и проѕирни делови со геометриски дезен. Изглед што потсетува на раните 2000-ти. Целокупната комбинација беше инспирирана од готската естетика, како и од провокативните модни избори по кои Агилера беше позната во раните 2000-ти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ЕвропаПутин е подготвен за прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, Зеленски бара 60 денаРускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Истовремено, Москва го отфрли предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за 60-дневен прекин на огнот, кој би овозможил одржување на претседателски избори. „Претседателот веќе зборуваше за ова, но сега, во негово име, можам со полна одговорност да изјавам дека доколку Киев навистина сака да одржи избори, претседателот на Руската Федерација – врховниот командант – ќе биде подготвен да издаде наредба да не се вршат напади врз Украина на денот на изборите. -Тоа е многу важна напомена“, рече Песков, како што пренесе руската државна новинска агенција ТАСС. Изјавата уследи по најавата на Зеленски дека Украина е подготвена да одржи претседателски избори доколку Русија се согласи на целосен прекин на огнот во траење од 60 дена. Украинскиот претседател смета дека такво примирје е неопходно за да се обезбеди безбедна организација на гласањето во земја која речиси пет години е изложена на руска инвазија. Сепак, Кремљ го отфрла таков предлог. „Не ни треба примирје, туку траен мир за многу идни генерации“, изјави Песков. Портпаролот на Кремљ исто така тврдеше дека Украина всушност не сака да одржи избори, туку би го искористила 60-дневното примирје за прегрупирање на своите сили, закрепнување и продолжување на војната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter