ЖивотМакедонија лани произведе 705 илјади хектолитри пиво, ЕУ, пак 41 милијарда литриМакедонија минатата година произведе 705 илјади хектолитри пиво, наведува Државниот завод за статистика. Од него најмногу пиво се извезе во Косово, додека, изнанадувачки, најмногу се увезе од Романија. Во Европската Унија во 2017 година се произведени над 41 милијарда литри пиво, покажуваат податоците на Еуростат, што е за 2,5 милијарди литри повеќе во однос на 2016 година. Расчленето, ова производство на пиво во ЕУ, покажува дека секој жител на Унијата испил по речиси 81 литар. Дополнително, во ЕУ се произведени околу 900 милиони литри или два отсто безалкохолно пиво, односно пиво со помалку од 0,5 проценти алкохол или без алкохол. Германија - најголем производител на пиво во ЕУ Две третини од производството на пиво во ЕУ доаѓа од шест земји членки. Германија е најголем производител на пиво во 2017 година со 8,1 милијарди литри или 20 проценти од вкупната продукција во ЕУ. Со други зборови, секое петто пиво во ЕУ е произведено во Германија. По Германија следи Велика Британија со 5,6 милијарди литри производство (14 проценти), Полска четири милијарди литри (10 проценти), Холандија 3,9 милијарди литри (девет проценти), Шпанија 3,6 милијарди литри (девет проценти) и Белгија со 2,4 милијарди литри (шест проценти). Споредено со 2016 година, Холандија бележи најголем раст, од 48 отсто, на производството на пиво. Втора е Велика Британија со раст од 14 проценти и Португалија со 11 проценти. За споредба производството на пиво во Грција е намалено за девет проценти, во Словачка за пет проценти и во Бугарија и Литванија по четири проценти. Во регионот најголем производител на пиво минатата година беше Србија со произведени 541 милион литри пиво, по што следи Бугарија со 485 милиони литри пиво, Грција со 384 милиони литри, Хрватска со 333 милиони литри, Босна и Херцеговина со 93,6 милиони литри и Црна Гора со 37,7 милони литри пиво. Спред податоците на Државниот завод за статистика во Македонија минатата година произведени се 705 илјади хекто литри пиво. Производството на пиво на годишно ниво во земјата бележи континуиран раст, од 621 илјада хекто литри во 2013 година, на 641 илјада хекто литри во 2014 година, 642 илјади хекто литри во 2015 година, на 672 илјади хекто литри пиво во 2016 година. На територија на Македонија има пет регистрирани пиварници и тоа Пивара Скопје, Прилепска Пиварница, Битолска Пиварница, Кожувчанка Кавадарци и Горска. Македонија најмногу пиво извезува во Косово, а увезува од Романија Минатата година од Македонија извезени се осум милиони и 61 илјада килограми пиво, а увезени се седум милиони и 307 илјади килограми пиво. Најмногу пиво минатата година е извезено во Косово, односно три милиони и 292 илјади килограми пиво во шишиња и еден милион и 223 илјади килограми пиво во амбалажа до 10 литри. Следува Албанија со извезени 989 илјади килограми пиво во шишиња и 175 илјади килограми пиво во амбалажа до 10 литри и Австралија со извезени 108 илјади килограми пиво во шишиња. Интересно е дека во Србија извезени се само 101 илјада килограми пиво во шишиња, додека пиво во амбалажа од над десет литри се извезени еден милион и 974 илјади килограми пиво. Според податоците од Макстат базата, во 2013 година во Македонија вкупниот извоз на пиво во килограми изнесува седум милиони и 704 илјади, додека увозот изнесува осум милиони и 499 илјади, во 2014 година извезени се седум милиони и 119 илјади, а увезени шест милиони и 26 илјади килограми пиво. Во 2015 година извезени се седум милиони и 996 илјади, а увезени шест милиони и 310 илјади килограми. Во 2016 година извозот е зголемен на седум милиони 391 илјада, а увезени шест милиони 131 илјада. Најмногу пиво минатата година е увезено од Романија, од каде во земјата влегле еден милион и 807 илјади килограми пиво, потоа 551 илјада од Полска и 385 илјади килограми пиво од Бугарија. Според податоците од Макстат базата, најмногу пиво во шишиања во 2016 година од Македонија е извезено во Косово, каде се извезени три милиони и 293 илјади килограми, потоа следи Албанија со 960 илјади и Австралија со 121 илјада килограми, додека најмногу пиво е увезено од Романија еден милион и 502 илјади, 509 илјади од Бугарија и 389 илјади од Полска. ЕУ: Холандија најголем извезувач, а најмногу се увезува од Мексико Холандија има извезено 1,9 милијарди литри пиво во 2017 година. Со тоа е најголем извозник на пиво во ЕУ, пред Белгија и Германија, двете со по 1,6 милијарди литри пиво, по што следи Франција со 0,7 милијарди литри и Велика Британија со 0,6 милијарди литри пиво. САД се најголем увозник за европските пива, каде 1,1 милијарда литри пиво од ЕУ се извезени во 2017 години, или 31 отсто од целокупниот извоз на пиво од ЕУ. Следи Кина со 520 милиони литри (15 проценти), Канада со 210 милиони литри (шест отсто), Кореја со 175 милиони литри (пет проценти), Русија со 138 милиони литри (четири проценти), Швајцарција со 111 милиони литри ( три проценти), Австралија со 100 милиони литри (три проценти) и Тајван со 95 милиони литри (три проценти). Пазарот на пиво произведено надвор од ЕУ е незначително, сепак, најмногу пиво увезено од земји надвор од ЕУ има од Мексико со 211 милиони литри или 52 проценти од целосниот увоз на пиво во 2017 година во ЕУ. Следи пивото од Србија со 48 милиони литри и 12 проценти, пивото од САД со 39 милиони литри, Белорусија со 23 милиони литри (6 проценти), Кина со 16 милиони литри ( четири проценти), Украина со 11 милиони литри (три проценти), Русија ос 10 милиони литри (три проценти). Според податоците на големите интернационални производители на пиво за продажбата во светот во 2017 година, најмногу пиво по глава на жител консумираат Чесите, со 137 литри по човек годишно, по што следат Полска и Германија со 98 и 96 литри. Македонците во 2017 година имаат испиено по 28,8 литри пиво по глава на жител. Во регионот меѓу поголемите уживатели на пиво се Хрватите со 81 литар, Словенците со 76,5 литри и Бугарите со 75,5 литри пиво годишно. Микропивари или крафт-пиварници На глобално ниво бројот на пиварници во 2016 година изнесува над 19 илјади, според истражувањето на Алтеч, од кои 17.732 или 94 проценти се дефинирани како крафт-пиварници или мини пивари. Глобален лидер по бројот на крафт пивари се САД со 4.750 микро пивари во 2016 година, додека во Европа се Велика Британија со 1.655 и Германија со 1.295 микро пивари. Крафт пиварниците во САД се дефинираат како мали, самостојни и традиционални. Тоа подразбира пиварници со годишно производство под пет милиони литри, со користење на состојки и суровини кои се традиционални или иновативни и каде 75 проценти од компанијата се контролирани од главниот сопственик на пиварницата. Во Европа крафт пиварници се пиварници кои произведуваат не повеќе од еден-два милиона литри пиво годишно и кои имаат еден сопственик, кој најчесто е и самиот основач. Користат традиционален или оригинален начин на производство на пиво со акцент на квалитетот и вкусот. Првaта домашно-занаетчиска крафт пивара во Македонија е „Темов“, и е отворена во 2009 година. Минатата година во Скопје се одржа собир на домашни производители на пиво, каде се претставија околу десетина љубители со повеќе видови домашно произведено пиво./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЖивотНа денешен ден пред 35 години падна Берлинскиот ѕидНа денешен ден, на 9 ноември во 1989 година, падна Берлинскиот ѕид.По капитулацијата на нацистичка Германија, Сојузниците ја поделија земјата и главниот град Берлин на четири окупациски зони – американска, британска, француска и советска. Германските региони кои тогаш беа под контрола на САД, Велика Британија и Франција се обединија во мај 1949 година, со што ја формираа Сојузна Република Германија, т.е. Западна Германија. Тајна одлука за затворање на границата Со поддршка на сојузничките земји, Западна Германија се разви во контекст на економија на слободен пазар и демократска структура во следниот период. Од друга страна, од Источна Германија, чија економија и политичка структура се темелеа на советскиот социјалистички систем, десетици илјади луѓе избегаа во правец на многу попросперитетна Западна Германија. Најповолното место за преселба во Западна Германија беше Берлин. Се проценува дека помеѓу 1949 и 1961 година, повеќе од три милиони луѓе избегаа од Источна Германија во Западна Германија, вклучувајќи значителен број образовани млади луѓе. За да го спречи масовното бегство кон западниот дел од земјата, Источна Германија тајно одлучи на 12 август 1961 година да ја затвори границата во Берлин. Следниот ден, источногерманската армија ја затвори областа под советска контрола со бодликава жица, но тоа не ги спречи преминувањата. Комунистичкиот режим одлучи да го спречи заминувањето на Источногерманците, а ноќта на 17 август 1961 година започна изградбата на Берлинскиот ѕид висок 3,6 метри. Изградбата, одржувањето и следењето на ѕидот беа многу скапи и претставуваа значителен товар за источногерманската економија. 44 километри од ѕидот минуваа низ самиот Берлин. Отворени се осум гранични премини помеѓу Источен и Западен Берлин. Контролниот пункт Чарли беше еден од најпознатите гранични премини помеѓу 1945 и 1990 година. Се наоѓаше на Фридрихштрасе, помеѓу американскиот и советскиот сектор, како и помеѓу градските области Центарум во Источен Берлин и Кројцберг во Западен Берлин. За време на посетата на Западен Берлин во 1987 година, тогашниот американски претседател Роналд Реган го повика тогашниот руски лидер Михаил Горбачов: „Разурнете го овој ѕид!“ Во јануари 1989 година, долгогодишниот лидер на ГДР, Ерих Хонекер, јавно предвиде дека Берлинскиот ѕид ќе стои уште 50 до 100 години, но низата настани, која подоцна беше препознаена како мирна револуција во ГДР во 1989 година, го негираше ова. Во септември 1989 година, низ Источна Германија избувнаа демонстрации. Првично, демонстрантите беа главно луѓе кои сакаа да емигрираат на Запад, но демонстрациите продолжија и стануваа сè помасовни. Нивниот врв беше на 4 ноември, кога околу половина милион демонстранти се собраа на Александарплац во Источен Берлин. Уште на 9 ноември, луѓето почнаа да рушат делови од ѕидот по сопствена иницијатива, а на 13 ноември, источногерманската армија започна со организирано отстранување на некои делови. На граѓаните на ГДР веднаш им беше дозволено да преминат од Источен во Западен Берлин, меѓутоа, граничната служба го ограничи влезот на граѓаните на Западна Германија во Источен Берлин до 23 ноември. Официјалното обединување на Германија се случи на 3 октомври 1990 година. Најмалку 138 лица загинаа обидувајќи се да избегаат преку ѕидот Помеѓу 1961 и 1989 година, граничарите на Источна Германија убија најмалку 138 лица обидувајќи се да избегаат преку ѕидот. Имаше 5.075 успешни бегалци преку ѕидот, од кои 574 беа војници чија задача беше да го чуваат Берлинскиот ѕид. Првите двајца луѓе кои ги загубија животите обидувајќи се да го преминат Берлинскиот ѕид беа Ида Зикман и Гинтер Лифтин. Ѕидот беше исто така олицетворение на Студената војна, па затоа самото негово рушење го означи почетокот на ослободувањето од комунистичката идеологија и нејзините структури. Одлуката за падот на ѕидот беше објавена – случајна Падот на Берлинскиот ѕид започна откако лидерот на Источна Германија, Гинтер Шабовски, погрешно објави дека патувањето до Западен Берлин е дозволено. На тој ден, Шабовски ги информираше новинарите од целиот свет за најновите одлуки на режимот, но не откри веднаш информации за отворањето на границите. Одговарајќи на новинарско прашање, Шабовски гласно прочита документ во кој пишува дека визите за патување и емиграција од земјата ќе се издаваат без никакви услови. „Од кога?“ го праша новинарот. Шабовски се двоумеше за момент, а потоа почна да импровизира: „Колку што знам, веднаш, од овој момент.“ Неколку новинари веднаш ја напуштија салата, а информацијата стигна до новинските агенции: „Источногерманците можат да патуваат во странство од овој момент.“Тагови: Берлин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПопладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава. Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора. * 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство * 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија. Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје. Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија. Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.Тагови: ветеринарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter