Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
ЗдравјеМакедонија има недостиг од лекари ,фалат 52 матични лекари во руралните срединиМакедонија има недостиг од лекари, фалат 52 матични лекари во руралните средини.Ова утринава го изјави Сашко Клековски директорот на Фондот за здравство. Тој утринава ги презентираше активностите за донесување измени на правилникот за начинот на плаќање на здравствените услуги во Примарната здравствена заштита, со посебен акцент на предложената скалеста исплата на капитацијата за ординациите во руралните средини. Во моментот од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја, функционираат 44, а недостигаат 52. Тоа значи дека имаме помалку од 50 отсто исполнетост на руралните амбуланти. Неопходни се мерки кои треба да ги охрабрат младите доктори да започнат да работат во руралните подрачја, односно измени на правилникот кој тоа го регулира, да обезбедиме натамошна либерализација на условите за рурални матични доктори и да видиме кои се пречките кои оневозможуваат младите доктори да започнат да работат во руралните подрачја. Ова денеска на прес-конференција го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека ги повикуваат сите матични лекари кои работат во руралните подрачја, младите доктори кои би сакале да почнат со работат во руралните подрачја, како и кој било заинтересиран, вклучувајќи го и Здружението на приватни лекари да дадат предлози што треба да се измени во правилата за да ги потикнат лекарите да работат како рурални матични лекари. Предлозите може да ги испратат до 1 ноември на е-пошта: [email protected] . Посочи дека сите пристигнати предлози ќе бидат разгледани од посебна комисиија задолжена за подготовка на измените и доколку тие се во согласност со законската регулатива, ќе бидат вградени во новиот правилник или ќе послужат како основа на измени на законската регулатива. На 6 октомври министерот за здравство ќе го објави пакетот од 12 закони за кои се планира во наредниот период да се направат нивни измени и дополнувања, рече Клековски и додаде дека тоа што Фондот може да го направи е да се олеснат критериумите и да зголеми финансирањето. - Ако треба друг тип промени тоа ќе мора да оди преку законски измени. Тоа е посветеноста на Фондот за натамошно подобрување на правичната и еднаква здравствена заштита за сите осигуреници и за сите граѓани. Многу набрзо ќе мора да размислуваме за малите места кои не се дефинирани како рурални. Во Ресен има само тројца матични лекари. Демографската, возрасната структура на матичните лекари е исклучително лоша и за 10 до 15 години ќе имаме сериозна криза во покриеноста. И тоа не е ислучок за Македонија. Неодамна бев на консултација со Светската банка за Западен Балкан. Цела Европа е посебно погодена со криза во примарната здравствена заштита и огромни подрачја остануваат непокриени со примарна здравствена заштита и листите за чекање за базични прегледи се продолжуваат. Ако гледаме дека тоа ќе биде проблем за десеттина години, ние мора сега да дејствување, за да не се најдеме во ситуација на 30 до 40 километри да нема доктор достапен за населението, додаде Клековски. Одговарајќи на новинарско прашање истакна дека имаат дотации кои не зависат од бројот на осигуреници и за руралните подрачја има посебно плаќање кое е независно од бројот на осигуреници. Тој појасни дека една од можностите е понатаму да го либерализаат тој дел, односно да ги зголемат дотациите независно бидејќи главниот проблем на руралните подрачја е малиот број осигуреници што значи ниска капитација, ниски примања. Вториот проблем, нагласи, е составот на тимовите, бидејќи секаде се бара да има тим за таа работа. - Треба како старт ап да го помогнеме стартот. Проблем е и тоа што немаме преносливост на амбулантите условно да кажам. Нашиот систем предвидува постоечка амбуланта да згасне, па да почне од почеток што ги обесхрабрува генерациските преноси, бидејќи една од размислите што треба да ги направиме е како ќе се случува ако многумина одат во пензија во следните десет години, како ќе се случува тој генерациски процес на преносот од докторите кои одат во пензија на младите доктори да има олеснување и таму. Дел од проблемите се лоцирани, но сакаме да бидеме консултативни и партиципативни да ги поканиме луѓето да си кажат што им е потребно, бидејќи тие сепак најдобро ќе знаат. Ова е земено предвид и ќе го разговараме, бидејќи прашањето е финансиско ќе гледаме како да го решиме, рече Клековски. Тагови: ФЗОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршокЗа сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место. Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.Тагови: брзо возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПоплави ја пустошат Турција: Бројот на жртви расте (ВИДЕО)Четири лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати во поплавите што ја погодија Турција, додека Генералниот директорат за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции поради нови обилни врнежи од дожд и бурски ветрови.Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарја, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции, објави денес Хуриет. Локално се очекуваат многу обилни врнежи од дожд во Истанбул, особено од пладне, а северните и анадолските делови на градот би можеле да бидат најизложени на ризик. Многу обилни, локализирани и интензивни врнежи од дожд се прогнозираат и во Бурса, Билеџик, Коџаели, Сакарја, Зонгулдак, Бартин и крајбрежните области на Дизенгоф. Обилни врнежи од дожд и грмотевици се очекуваат и во делови од Егејското, Медитеранското, Централно и Источно Анадолија, како и во западните и централните региони на Црното Море. Метеоролозите предупредуваат и на силни ветрови и бури, со налети од 50 до 70 километри на час, повремено и до 80 километри на час. Во некои области се очекуваат налети на бура од запад и северозапад, додека во други региони ветерот ќе дува од југ. #Pianist #plays #a #melody #from "#Titanic" #while #his #hotel #in #Antalya #floods: #Record-breaking #downpours #hit #Turkey 📌 Heavy rains struck the region on October 14. According to authorities, the flooding has affected more than 800 homes and 280 businesses. https://t.co/n8bifR8KeB — Us Un (@UsUn583176) October 16, 2026 Поради ризикот од ненадејни поплави, лизгање на земјиштето, удари од гром, град, оштетување на покривите и прекини во сообраќајот, на граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и да ги следат предупредувањата на надлежните служби. На поголеми надморски височини во провинциите Бурса и Кутахја се очекуваат лапавица и снег во текот на ноќните и утринските часови. Извор: Б92Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудникИнспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник кој е забранет за увоз и користење. Дополнително, запленети и уништени се и 55 килограми подготовки од месо каде бил употребен пилешки желудник. Против две месарници кои не го почитувале донесеното Решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи поднесени се соодветни прекршочни санкции. Спроведените контроли на Агенцијата во месарниците во Охрид и Струга се дел од засилените контроли кои се спроведуваат во насока на спречување на нелегалните активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на овој вид криминал и заштита на здравјето на потрошувачите. Со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето - можна контаминација со патогени- бактерии и вируси, присуство на токсини и сл. Решението за забрана АХВ ја донесе врз основа на резултатите од спроведената анализа на ризик од можни опасности по здравјето на граѓаните од консумација на овој тип внатрешни органи од живина по здравјето на граѓаните и од резултатите од спроведените инспекциски контроли со кои тогаш беше утврдена злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter