Македонија го игра решавачкиот дуел со Чешка од ракометните квалификации - Канал 5

Македонија го игра решавачкиот дуел со Чешка од ракометните квалификации

Македонската ракометна селекција попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ против Чешка го игра решавачкиот натпревар за пласман на Европското првенство во Полска. По петте одиграни натпревари и двете селекции имаат по 5 бодови и во директен дуел ќе решаваат за второто место во групата.

Македонија го игра решавачкиот дуел со Чешка од ракометните квалификации
Последен проблем за селекторот Ивица Обрван е повредата на мускулот на Филип Миркуловски заработен на тренингот во петокот, а дополнително беше повикан Горан Кузманоски.

- Миркуловски за оваа репрезентација по Кире Лазаров е еден од најважните играчи. Сепак, ова е важен натпревар и мора да се победи за да продолжи континуитетот на настапи на големи настани. Ќе играме без „првата бековска линија“. Чешка е квалитетен состав, иако и тие имаат повредени играчи и ќе играат без Филип Јиха. Во нашите отсуства тие гледаат своја шанса и од тие причини не смееме да дозволиме кикс, изјави Филип Лазаров.

Натпреварот Македонија - Чешка почнува во 17:45 часот, а на вториот дуел од нашата група вчера Франција ја победи Швајцарија со 31:23 и со максимални 12 бода го освои првото место во групата.

Победникот од дуелот во Скопје ќе го освои второто место, додека нерешен резултат до 27:27 и одговара на Македонија, а доколку биде со повеќе голови (на пр. 28:28 и повеќе) ќе биде во корист на Чешка. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска променливо облачно со дожд претпладне и сончево попладне

Времето денеска ќе биде претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност, информираат од УХМР.

Денеска променливо облачно со дожд претпладне и сончево попладне

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

3 Попова Шапка, 5 Лазарополе, 6 Маврови Анови, Битола, Крушево, 7 Крива Паланка, 8 Берово, Претор, 9 Охрид, Виница, Прилеп, 10 Куманово, Тетово, Штип, Струмица, 11 Скопје-Зајчев Рид, 12 Велес, Кавадарци, Демир Капија, Скопје-Петровец, 14 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

21 Крива Паланка, 9 Виница, 8 Берово, 4 Куманово, 1 Штип, Лазарополе.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно, во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев: 23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија

23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија, на храброста на оние што се бореа за неа и на одговорноста што ја носиме денес кон идните генерации.

Минчев: 23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија

Идеалите на македонските револуционери се трајна обврска да ја чуваме слободата, да го градиме единството и да создаваме општество во кое правдата, достоинството и еднаквите можности се темел на заедничката иднина.

Нека нивната борба биде поттик да продолжиме со верба, одлучност и посветеност кон силна, просперитетна и демократска држава, во која секој граѓанин ќе може да ја препознае својата иднина.

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Срдечно,

Горан Минчев

Министер за јавна администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија

На 23 октомври 1893 година, во тешки и неизвесни времиња, се роди Македонската револуционерна организација, која низ годините дејствувала под различни имиња, но со еден единствен код – ВМРО. 

ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија

Таа е сопатник и главен организатор на македонската револуционерна борба, обединувајќи ги стремежите на македонскиот народ за слобода, автономија и национално достоинство. Преку својата дејност, Организацијата е длабок белег во македонската историја и симбол на непокорот, пожртвуваноста и вековниот стремеж за сопствена држава.

Македонските револуционери ги поставија темелите на борбата за слобода, национално достоинство и право македонскиот народ сам да ја гради својата иднина, слободно да ги чува и негува своите традиции, јазик, култура и национална посебност, достоинствено и рамо до рамо со европските народи.

Овој ден е сведоштво за непокорот на еден народ, за силата на една идеја и за вековниот стремеж на Македонците да живеат слободни, свои на своето, во сопствена држава.

Денес, со гордост и почит, се сеќаваме на македонските револуционери, на нивната храброст, самопрегор и непоколеблива верба во правдата. Нивната жртва не смее да биде заборавена.

Денешната слобода и македонската државност се обврска што ја носиме пред сите генерации што се бореле, страдале и верувале во Македонија. Наше е да ја градиме државата со чесност, знаење, труд и одговорност, да се стремиме кон правда, демократија и просперитет, да создаваме општество во кое младите ќе имаат причина да останат, да учат, да работат и да ја остваруваат својата иднина во сопствената татковина.

Нека 23 Октомври биде потсетник дека единството не значи сите да размислуваме исто, туку да знаеме дека љубовта кон татковината, почитта кон нашата историја и грижата за идните поколенија се вредности што нè обединуваат. Ова е наследството што треба достоинствено да им го предадеме на идните генерации.

Да го чуваме она за што се бореле нашите предци, да го почитуваме она што сме и да ја градиме Македонија каква што ја посакувале генерациите пред нас, слободна, достоинствена, просперитетна.

Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!,се наведува во честитката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер