Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
2Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
3Славјанка Петровска: Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.
3Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
МетеоМакедонија ги „преживува“ највисоките температури летово – брзата помош регистрира зголемен број сообраќајки и колапсиСкопје засега останува портокалово и само на чекор до црвената фаза иако денес и утре се очекува живата на термометарот да го достигне или надмине 40 тиот степен и да биде најтопло досега. Скопје е близу, но и далеку од „црвениот аларм“ што вклучува ослободување од работа за најризичните групи на граѓани, бидејќи од четврток се прогнозираат пониски температури, а според акцискиот план на Министерстото за здравство за месец август тој ќе се вклучи доколку два последнователни дена температурата е 40 степени Целзиусови. Синоптичарите велат дека иако се чини дека топлотниот бран нема крај, односно трае континуирано од пред почетокот на август, или околу петнаесетина дена, од четврток, особено петок се очекува да здивнеме од екстремните жештини. Сепак, тоа ќе биде кратко бидејќи од наредната недела температурите повторно ќе бидат во пораст. Топлотниот бран зема данок во однос на здравјето на граѓаните бидејќи статистички, според повиците на Итна помош, во просек деновиве имало 5 до 6 колапси на улица, исто толку сообраќајки со возила, зачестени се и незгодите со мотори во кои за жал има и жртви. А, не изостануваат ни секојневните мозочни удари, велат од Итната медицинска помош. -Зголемен број на интервенции има во нашата служба. Имаме колапси на јавно место, на дневно ниво 5 до 6 колапси, тоа се граѓани кои се претпоставува дека не ги почитувале препораките. Впечатливо е тоа што имаме зголемен број на сообраќајни незгоди, со моторциклисти имаме два до 3 повици за незгоди со моторциклист, а останатите во просек 5 до 6 сообраќајки со моторни возила. Мозочни удари од типот на инхемични, каде што имаме тромп, а не се изклучени и мозочни крварења кои се доста чести овие денови,- д-р Маргарета Атанасовска Трипуновска – Итна медицинска помош. Препораките остануваат исти, да не се изглегува кога е најтопло ако не мора, а ако е нешто неодложно да се носи лесна и светла облека, да се пие вода дури и кога не се чувстува жед. Од климатизирани простории да излегува постепено и да не се прават огромни разлики во температурите внатре и надвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКралицата на Ноќта на вештерките шокира со страшен костим: Огромна крвава дланка ги исплаши луѓетоСлавниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ Славниот топ модел, велемајстото за костими за Ноќта на вештерките, манекенката Хајди Клум уште еднаш докажа зошто ја носи титулата „Кралица на Ноќта на вештерките“ – по овие фотографии, сигурно нема да ви биде важно ништо друго. Познатиот германски модел, Хајди Клум, приреди вистински спектакл на јубилејното, 25-то издание на нејзината прочуена забава за Ноќта на вештерките во Њујорк, појавувајќи се во костим од кој на многумина им застана здивот – стануваше збор за огромна, крвава, отсечена човечка рака! Иако со денови наназад наговестуваше детали за тоа каков би можел да биде костимот, никој не можеше да претпостави вакво нешто. Традиционалната забава се одржа во областа „Катедрал“ на Менхетен и собра бројни славни личности, кои вложија максимални напори да привлечат внимание со своите костими. Сепак, како и секоја година, најголем интерес предизвика домаќинката на вечерта, која уште еднаш ги помести границите на креативноста и трансформацијата. Годинава, Хајди се одлучи за прилично морничава идеја – човечка рака со црвени нокти, масивни златни прстени и верна реплика на нејзиниот венчален прстен. Целокупниот изглед беше заокружен со крвави детали, поради што моделот изгледаше како огромен, отсечен дел од човечко тело. Инаку, Хајди низ годинитеизгради репутација на жена која многу сериозно ги сфаќа костимите за Ноќта на вештерките, а нејзините трансформации редовно се главна тема на разговор по секоја забава.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06
МакедонијаДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачитеСпоред пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија. Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробениПарите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, по одлуката на гувернерот Трајко Славески за воведување привремена администрација на Алта банка, со која на граѓаните им се ограничува подигнувањето готовина на 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема ограничување. Филипче посочи дека партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите, а народот ќе остане без своите пари. „Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х. Скопје, 1.11.2026 СДСМТагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook