МакедонијаМакедонија во петок ги почнува преговорите за укинување на роаминготМакедонија в петок ги почнува преговорите со ЕУ за системот „Роаминг како дома“, на 12ти е закажан првиот состанок меѓу министрите од Западен Балкан и претставниците на ЕК на кој треба да се разговара за главните елемнти на преговарачката рамка.Македонија в петок ги почнува преговорите со ЕУ за системот „Роаминг како дома“, на 12ти е закажан првиот состанок меѓу министрите од Западен Балкан и претставниците на ЕК на кој треба да се разговара за главните елемнти на преговарачката рамка, следните чекори и статусот на подготвеност на секоја земја, по што ќе следи индивидуално преговарање на секоја од земјите. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски е оптимист дека Македонија ги исполнува предусловите, и како што вели подготвена влегува во процесот. Очекува земјава да биде меѓу првитте од Западен Балкан која ќе ги заврши преговорите. Намерата е земјите кандидатки од регионов да добијат претпристапни бенефеиции меѓу кои е и бесплатниот романиг со ЕУ, а токму ова прашање се најде на маса и на Самитот ЕУ Западен балкан во Тиват. „Од наша страна клучниот дел од подготовките е завршен, регулаторниот пакет измените на законот за електронски комуникации и дополнителните измени на подзаконските акти се подготвени законот е утврден на седница на влада испратен до еу .... Очекуваме да добиеме повратен одговор во почетокот на преговорите. Следниот чекор е сектроски преговори на секоја од државите поеднично кој што ќе започнат со првиот состонок на министерите. “-Стефан Андоновски – министер за дигитална транфорамција. Андоновски, иако вели роковите не зависат од нас туку од ЕУ, се надева дека веќе од јануари 2027ма македонските граѓани кои ќе патуваат во Мадрид, Рим, Париз, Амстердам да зборуваат и користат интерент по цени исти како и дома. „По истите цени кои што граѓаните ги плаќаат пакетите за користење на мобилни услуги, повици, смс пораки и интернет во државата по исти цени ќе може да ги користат и поволностите на истите овие мобилни услуги во Европската унија“-Стефан Андоновски – министер за дигитална транфорамција. На денешниот брифинг со новинарите, Андоновски го презентираше и системот СМАРТ лиценци, кој вели претставува уште еден практичен чекор во дигиталната трансформација на јавните услуги. Целта според министерот е државата да престане да бара од граѓаните и компаниите да бидат курири на документи и да обезбеди податоци кој ќе бидат точни, достапни, проверливи и безбедни. Овој систем почнува со примена токму во неоговот министтерство , а псоред најавите во напредна фаза на развој и тестирање се и лиценците на Министерството за економија и труд, кои се однесуваат на ноќен клуб, дискотека, кабаре, бар и хотел, а се очекува тестирањето да заврши до крајот на јуни. Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФон Дер Лајен: Системот за гранична контрола се соочува со технички проблемиНовиот дигитален систем за влез/излез на ЕУ се соочува со „технички проблеми“, призна претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, во петокот. „Работиме со земјите-членки за да можат да се решат техничките проблеми“, изјави Фон Дер Лајен. Системот EES е предмет на загриженост од неговото постепено воведување минатата година, но проблемите станаа поакутни како што се зголемува воздушниот сообраќај за време на врвот на летната патничка сезона во европа. Аеродромите и авиокомпаниите го обвинуваат новиот систем за гранична контрола, кој бара патниците од земјите надвор од Еу да ги регистрираат своите биометриски податоци, за долгите редици, оперативните прекини и пропуштените летови за поврзување. „Сè уште има многу работа за да се решат овие технички проблеми заедно со земјите-членки“, рече фон дер лајен.Тагови: ЕУ Урсула фон дер Лајен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Правилното насочување на средствата најдобро се гледа преку растот на БДП Правилното насочување на средствата најдобро се гледа преку растот на БДП – раст во овие 2 години над 3% наспроти раст од 1,8% во периодот на претходната влада.Дали средствата од Буџетот се правилно насочени или не се најдобро зборуваат податоците за растот на БДП и буџетскиот дефицит, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во денешната расправа по Предлог измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година во рамки на собраниската матична Комисија за финансирање и буџет. „Состојбата на јавниот долг во 2019 година беше 49%, во 2020 година 8% буџетски дефицит, а во исто време јавниот долг од 49% се зголемува на 59,7%, од 49% на 59,7%. Во таа година во која што постојано се повторува дека сме имале корона криза, но во истовреме Државниот завод за ревизија излезе со податоци за колкав е износот на средства коишто се дадени за поддршка на стопанството и колку другите средства биле насочени и дека не дале ефект на економијата. Понатаму во 2020 година имаме пад на БДП од 4,7%. Во следната 2021 година раст на БДП од 4,5% на паднатиот БДП од 4,7% во 2020. Кога другите економии имаа раст поголем од тоа што го изгубија во 2020 година, ние во 2021 година не можевме да го стигнеме она што го изгубивме во 2020 година. Но во истовреме буџетскиот дефицит беше 5,3% и во истата година јавниот долг отиде на 60,3%. Можам да ги редам и натаму на пример во 2022 година дефицитот е 4,4% во минус растот е 2,8% во плус . И така ако продолжиме статистичките податоци јасно кажуваат дека просечниот раст на БДП во годините од 2017 до 2024, при тоа треба да земеме предвид дека 2018 и 2019 се години без никаква криза, а од 2020 имаме криза. Така што 1,8% просечен раст во овој период наспроти денешниот раст од над 3% јасно кажува дали парите се правилно насочени или не се“, истакна министерката. Општата расправа по предложениот Ребаланс на Буџетот за 2026 година започна вчера во рамки на Комисијата за финансирање и буџет и може да трае најмногу до 10 дена. Ребалансот, како што истакна вчера министерката во експозето, претставува одговор на променетите економски околности, инструмент преку кој Владата ги усогласува јавните финансии со реалните потреби на економијата, институциите, стопанството и граѓаните. А особено во услови кога светската економија се соочува со зголемена неизвесност, наша должност е навремено да реагираме, да ги препознаеме ризиците, но истовремено да ги искористиме можностите што се отвораат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУниверзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57
МакедонијаМинистерот Муцунски во официјална посета на КатарМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од утре ќе престојува во дводневна официјална посета на Државата Катар.Во рамки на посетата, министерот Муцунски се очекува да оствари одделни средби и разговори со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, заменик-премиерот и државен министер за одбрана, како и со државниот министер за надворешни работи. Во програмата на министерот се предвидени и средби со претставници на повеќе инвестициски фондови и катарски компании, како и потпишување на неколку билатерални документи. Се очекува за време на посетата да биде потврдена заемната подготвеност за натамошно јакнење на односите меѓу Северна Македонија и Катар во сите сфери од заемен интерес. ...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook