Македонија е подготвена за полошо сценарио со Ковид-19 наесен, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

Вториот бран на вирусот, според Филипче, бил резултат на непочитувањето на мерките за заштита. 

Евентуалното полошо сценарио со вирусот Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување на болниците со пациенти и тоа да не може да се изменаџира. Ова сценарио, како што вчера нагласи министерот за здравство Венко Филипче, би можело да се избегне, но доколку тоа не се случи, здравствените власти ќе го дочекаат подготвени.

Вториот бран на вирусот, според Филипче, бил резултат на непочитувањето на мерките за заштита. Тој смета дека мора да има санкции таму каде не се почитуваат мерките. Изминатиот период, како што рече, имаше потфрлања, не се контролирале луѓето и местата каде се организирале настани. И граѓаните мора да се свесни дека мерките треба да се почитуваат за да го заштитат сопственото и јавното здравје.

За секој еден пациент со Ковид-19, Филипче тврди дека е направено се што треба и во однос на стадиумите пред поставувањето на респираторна машина, и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина.

Тој вчера соопшти и дека во следните недела до две ќе се знае дали од септември ќе почнат со работа градинките и училиштата. Веројатноста, како што рече, е голема, но да се усогласат сите протоколи.

Во земјава вчера беа регистрирани 113 нови случаи со Ковид-19. Од нив во Скопје-35 нови, Штип-23, Гостивар-15, Куманово-12, Битола-седум, Охрид-шест, Тетово-пет, Кочани и Демир Хисар по два, а Прилеп, Струга, Пробиштип, Македонски брод, Валандово и Виница по еден случај.

Починаа шест пациенти, три од Скопје, на 64, 22 и 83 годишна возраст, еден од Куманово на 72 години, еден од Струга 48-годишен и еден од Охрид на 75 годишна возраст. Дваесет и двегодишниот пациент од Скопје, како што соопшти вчера Министерството за здравство, имал Даунов синдорм. Тој во тешка општа состојба бил примен во болницата „8 Септември" на 16 јули. Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Оздравеа 259 пациенти од: Скопје-103, Штип-75, Тетово-31, Гостивар-19, Куманово-13, Свети Николе-4, Битола, Кавадарци, Кочани, Пробиштип, Кратово и Ресен по двајца, Демир Хисар и Дебар по еден пациент.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 83 пациенти од кои на кислородна поддршка се 49 пациенти, а еден е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и шест деца позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември" вкупно хоспитализирани се 78 пациенти од кои на респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 11.399, бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.402.

Во Скопје има најмногу активни случаи 1.231, а од нив во општината Чаир– 164, Аеродром – 139, Кисела Вода – 129, Гази Баба – 121, Карпош – 110, Центар – 101, Шуто Оризари – 100, Бутел – 80. По Скопје, најмногу активни случаи во земјава има во Штип – 381, потоа во Гостивар – 283, Куманово – 260, Струга – 187, Тетово – 186, Свети Николе – 130, Дебар – 117, Кичево – 109.

Досега во земјата се направени вкупно 109.946 тестирања на Ковид -19.

Правилната употреба на маската или прекривката за лице е клучна за ефикасно спречување на ширење на вирусот Ковид-19. Носењето заштитна опрема за покривање на носот и устата е задолжително во сите јавни затворени простори, како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори, каде нема можност за одржување дистанца од два метри меѓу граѓаните, како што се пазари, отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично.

Министерството за здравство вчера потсети дека клучно за справување со вирусот е доследно да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од страна на секој граѓанин – носење лична заштитна опрема – маска, одржување на растојание од два метри, честа хигиена и дезинфекција на раце.

Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи

Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 часот, а на полицијата ѝ дале на увид два пасоши на Руската Федерација, додека, според КП, немале визи за патување во Косово.

Маж и жена со руски пасоши се приведени синоќа на граничниот премин Јариње меѓу Србија и Косово од страна на косовската полиција, поради сомневање дека претходно влегле во земјата преку нелегални патишта, јави дописникот на МИА од Приштина.

Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 часот, а на полицијата ѝ дале на увид два пасоши на Руската Федерација, додека, според КП, немале визи за патување во Косово.

„На излез на граничниот премин Јариње се затекнати две лица со руски пасоши (едно машко и едно женско) кои немаа визи на Република Косово, а по проверката е утврдено дека лицата немале влез/излез во Република Косово. Според нив, истите дошле од Ниш, Србија, и завршиле на граничниот премин Јариње. Се претпоставува дека дошле по илегални патишта. По налог на обвинителот, двајцата осомничени се испратени во притвор“, се вели во соопштението.

Во врска со случајот против нив Основното обвинителство во Митровица поднело обвинителен акт со барање за депортација надвор од територијата на Косово.

„Основното обвинителство во Митровица за двете приведени лица поднесе обвинителен акт со барање за депортација надвор од територијата на Косово, поради сторено кривично дело ‘Неовластено преминување на гранични премини или гранична линија’“, изјави за медиумите портпаролот на Обвинителството во Митровица, Ваљон Претени.

На 30 септември 2022 година, Владата на Косово донесе одлука дека за сите руски државјани, вклучително и оние со дипломатски пасоши, кои сакаат да влезат, транзитираат или престојуваат во Косово, е потребна виза.

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Илјадници навивачи на Спортинг се собраа во главниот град Лисабон и до раните утрински часови денеска го славеа успехот на својот клуб кој по 20 пат во историјата стана фудбалски шампион на Португалија.

Спортинг ја освои титулата откако Бенфика загуби со 2-0 на гостински терен од Фамаликао, со што тимот предводен од Рубен Аморим стекна осум бодови предност на врвот на табелата на два натпревари до крајот на сезоната.

Набргу по поразот од Бенфика, илјадници навивачи се собраа на централниот плоштад во Лисабон, каде што играчите пристигнаа со автобус со отворен покрив и еден по еден се качуваа на големата бина поставена на плоштадот, додека навивачите вееја знамиња и шалови.

Капитенот на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, кој настапува за саудиски Ал Наср, се огласи на социјалните мрежи за да му честита на Спортинг, клубот во кој ја почна својата професионална кариера.

„Честитки шампиони!“ напиша Роналдо на Инстаграм.

Спортинг ја врати титулата три години по последниот трофеј во 2021 година, кога прв пат стана шампион по пауза од речиси две децении. Шампионската прослава во 2021 година се одржа за време на пандемијата на Ковид – 19 и беше во сенка на судири меѓу полицијата и навивачите.

Спасовски: Просечна плата од 1100 евра, минимална од 600 евра

Просечна плата од 1100 евра, минимална од 600 евра, на младите им нудиме европска иднина!

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2, предводена од СДСМ и коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи ја сподели понудата на парламентарните изборите 2024 година.

„СДСМ има конкретна, издржана и остварлива Програма за следниот мандат во којшто ќе ги завршиме преговорите со ЕУ, за до 2030 година да го осигураме полноправното членство.

Минималната и просечната плата и пензиите досега ги донесовме на историски највисоко ниво. Ветивме просечна плата од 500 евра, а не само што го исполнивме тоа, туку успеавме да го надминеме ова ветување и просечната плата достигна 650 евра.

За речиси три пати ја зголемивме минималната плата, којашто сега изнесува 22.500 денари. Минималната и просечната пензија се зголемени за 50 проценти.

Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе биде 600 евра. Во наредниот мандат минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари.

Ќе продолжиме со силната поддршка на домашните компании. Порано, домашните компании беа поддржани со 0 денари. Ние поддржавме над 919 компании со над 100 милиони евра, што значеше поттик на 500 милиони евра нови инвестиции во домашната економија. Во следниот мандат ќе има нови 180 милиони евра директна поддршка за домашните компании, плус 3,5 милијарди евра капитални инвестиции и плус 750 милиони евра поддршка за земјоделството.

И ако во претходниот мандат ја намаливме невработеноста на 12,6%, во наредниот мандат најавуваме дека за првпат во историјата на Македонија, ќе постигнеме едноцифрена невработеност од 7 проценти.

Младите дополнително ќе ги поддржиме да бидат достоинствено платени на пазарот на трудот. Во следниот мандат предвидовме по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, во првите 12 месеци.

Ќе воведеме и данок на личен доход од 0% за бизнисите што исплатуваат минимална плата, за да им помогнеме на малите фирми, а со тоа ќе ги поддржиме и граѓаните со најниски примања.

Го подготвуваме најголемиот и најамбициозен план во независна Македонија за модернизација на инфраструктурата во целата држава со инвестиции од над 2,7 милијарди евра. Предвидуваме изградба на 194 километри нови автопатишта и реконструкција на 950 километри патишта до 2028 година.

Следуваат дополнителни перспективи и за македонското земјоделство. Проектиравме рекордно производство на храна во износ од една и пол милијарда евра, извозот на прехранбени производи да достигне 1,25 милиони евра, финансиска поддршка за земјоделците во висина од 1,35 милијарди евра.

Младите сакаат и имаат право да растат, да се образуваат, да живеат родната земја, во држава со европски вредности и стандарди, со висок животен стандард, со модерно образование, со современо здравство, во чиста животна средина.

Сите сакаме и можеме да живеемо во прогресивна држава и во солидарно општество, со еднакви права и одговорности за секој граѓанин.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија може и знае како од Република Северна Македонија да изгради таква европска држава, да ја поставиме меѓу развиениот европски свет, затоа што целта за европска Македонија ја темелиме на реална Програма за развој.

Сите заедно на 8ми мај заокружуваме број 1 – нема откажување од иднината!”, напиша Спасовски на Фејсбук.

притисни ентер