ТехнологијаМакедонија е на работ на црвената зона, каде што викендов се очекува да падне кинеската ракета Делови од ракетата се очекува да паднат помеѓу 41,5 степени северна и 41,5 степени јужна географска ширина, додека Македонија се наоѓа меѓу 41,6 и 42.0 степени северна географска широчина.Делови од кинеската ракета „Долг марш 5Б“ се очекува да паднат на Земјата викендов, но поради нејзиниот неконтролиран лет, кој делумно минува низ горната атмосфера, тешко е да се процени каде и кога ќе се случи тоа. Најдобрите предвидувања го дадоа приближното време, околу 5 часот наутро во недела по наше време, со можност за пад во кое било време во текот на 16 часа, пред или после тоа време. Оваа ракета го лансира првиот модул на идната кинеска вселенска станица Тиангонг (Небесна палата) во орбитата кон крајот на минатиот месец. Откако ја завршила својата задача, ракетата продолжила да се движи неконтролирано во траекторија што ја приближува до атмосферата. Ракетата „Долг марш 5Б“ спаѓа во категоријата тешки ракети, кои можат да подигнат до 25 тони носивост во ниската орбита околу Земјата. Нејзината прва фаза е тешка околу 11 тони кога е празна, што ја прави една од најтешките објекти што може да падне назад на Земјата во последните неколку децении. Научниците веруваат дека дел од ракетата веројатно ќе согори кога ќе биде целосно навлезена во атмосферата, но делови што имаат висока точка на топење - самите ракетни мотори, евентуално резервоари за гориво - може да паднат на земјата во едно парче. Последен пат Кина ја лансира „Долг марш 5Б“, а делови од неа паднаа на Брегот на Слоновата Коска и оштетија неколку згради Бидејќи е во елиптична орбита што минува помеѓу 41,5 степени северна географска ширина и 41,5 степени јужна географска ширина, се очекува да падне некаде во областа, што за среќа не ја вклучува Македонија, чиј најјужен дел е на 41,6 степени географска ширина. Последен пат Кина ја лансираше ракетата „Лонг марш 5Б“ на слична траекторија, а делови од неа паднаа на Брегот на Слоновата Коска и оштетија неколку згради, но за среќа никој не бил повреден. Пекинг официјално тврди дека западните медиуми претеруваат и предраматизираат со пишување за падот на нивната ракета, имајќи предвид дека шансите за човечки жртви се крајно мали. „Внимателно ги следиме нејзините движења и ќе преземеме соодветни чекори доколку е потребно“, рекоа тие. Западните вселенски агенции, пак, тврдат дека станува збор за неодговорно однесување. НАСА, Роскосмос и сите други вселенски агенции со децении планираат мисии, така што тешките први фази на ракетите не можат да завршат со неконтролиран пад, туку ги ставаат во орбити за кои се сигурни дека ќе завршат во океанот. Вселенското летало на НАСА неконтролирано се сруши на Земјата последен пат во 1979 година, а тоа беше Скајлаб, чии делови го преплавија југозападниот дел на Австралија. Бројни експерти го искористија сегашното внимание на медиумите кон проблемот со паѓање на вселенскиот отпад на земјата за да повикаат на воспоставување меѓународни правила за вселенски летови, со цел во иднина дополнително да се намали ризикот за луѓето и имотот од ваквите лансирања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Сами против ситеСами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови, напиша на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски по изборите во Брвеница.Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа. Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата. Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook