Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветМакедонецот Дејанчо Л. и двајцата Срби биле брутално претепани во Боливија- телата им ги нашле во црни кеси Телата на Македонецот и двајцата Срби убиени во Јужна Америка, како што објавија медиумите, биле пронајдени во црни пластични кеси.Според неофицијални информации, убиените мажи биле мачени, а потоа егзекутирани во Боливија, објави Блиц. „Телата се испратени на обдукција за да се утврди точната причина за смртта. Жртвите сè уште не се официјално идентификувани. Врз основа на првичните индиции, се сомнева дека прво биле брутално мачени, потоа убиени, а потоа спакувани во црни пластични кеси“, наведуваат извори од истрагата. Се сомнева дека Македонецот и српските државјани, кои живееле во Ниш пред да ја напуштат земјата, биле убиени пред два дена. Македонецот е идентификуван како Дејанчо Лазаревски (43) од Струмица, објави српски Курир. Познаници на убиените добиле информации за нивната егзекуција од српски државјанин кој престојувал во Јужна Америка со нив. „Тој пријавил дека тројца од нашите жители на Ниш, за кои сите знаеме дека се во Јужна Америка веќе некое време, биле убиени завчера во судир со нарко-банди. Тие биле таму под лажни имиња, имале фалсификувани документи“, рече тој. Сè уште не ги знае точните детали за тоа како биле убиени, вели тој. „Целото нишко подземје зборува за ова од утрово. Последните информации што пристигнаа се дека едниот од нив е Миљан Ѓ., познат како Хитри, другиот Дејанчо Л., кого сите го знаеме по прекарот Македонац, а третиот е познат како Мали Коста“, додаде изворот. Патем, се сомнева дека тројцата убиени биле во Боливија подолго време и дека тесно соработувале со таканаречениот „балкански картел“ во трговијата со кокаин. „Јавна тајна е што правеле и зошто отишле на другата страна од светот. Тие наводно се поврзани со криминална група за која работеле во „логистика“, односно дел од работата поврзана со набавката, пакувањето и товарењето на кокаин на океански бродови.“ Патем, сè уште нема официјална потврда за убиството на српските државјани во Јужна Америка. Познато е дека членовите на таканаречениот „балкански картел“ тесно соработувале со криминални групи од Јужна Америка, од кои набавувале кокаин, а потоа го испраќале во Европа со прекуокеански бродови.Тагови: Боливија Дејанчо Л. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook