Македонците со тројца претставници во Советот на округот Корча - Канал 5

Македонците со тројца претставници во Советот на округот Корча

Со изборот на Јован Шкемби од страна на Советот на општина Поградец, за член на Советот на Округот Корча, Македонците во советот на овој округ сега имаат тројца свои претставници.

Македонците со тројца претставници во Советот на округот Корча

Шкемби, како претставник на МАЕИ, претходно даде свечена заклетва на седницата на Советот на Општина Подградец со што и официјално стана член на советот.

-Партијата Македонска алијанса за европска интеграција во Советот на округот Корча има двајца свои членови, генералниот секретар Таќо Гроздани, како претставник на Советот на Општина Пустец и членот на Централниот комитет Јован Шкемби, како претставник на Советот на Општина Подградец. Исто така, член во Советот на овој округот е и градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, информираше Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.

Советот на округот Корча, брои 24 советници од 6 општини Корча, Подградец, Колоња, Пустец, Малиќ и Девол.

На локалните избори што се одржаа на 14 мај годинава македонската партија беше во коалиција со Социјалистичка партија и свои кандидати имаше на кандидатската листа на Социјалистите, освен за општина Пустец каде настапи самостојно, но го поддржа кандидатот за градоначалник предложен од Социјалистичката партија.

Јован Шкемби (69) е роден од селото Церје, Мала Преспа, дипломирал на Земјоделскиот факултет во Тирана во 1977 година, а живее во Поградец. Тој е член на Централниот комитет на МАЕИ и истакнат активист на македонската заедница во Албанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорност

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското државно знаме во Гостивар, бараме МВР веднаш да го расчисти случајот, да ги идентификува сторителите и да има одговорност согласно законот.

СДСМ го осудува сквернавењето на македонското знаме и бара одговорност

Сквернавењето на државното знаме е навреда за сите граѓани и чин против државата што мора да се санкционира.

Поделбите во општеството коишто ги создава криминалната власт на ВМРО и ЗНАМ, заради свои партиски интереси, постојано создаваат проблеми и генерираат кризи.

Но, граѓаните ги прочитаа намерите на власта и нема да дозволат тензии, ќе продолжат да ја градат Македонија како мултиетничка земја со взаемна почит.

Држава. Не банда! Не предавници! Не арамии!, се наведува во партиското сопоштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца Турци сакале да ја напуштат Македонија со фалсификувани бугарски пасоши- уапсени се

На 28.11.2026 околу 08:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Б.З.(36) и 14-годишник, двајцата од Турција. 

Двајца Турци сакале да ја напуштат Македонија со фалсификувани бугарски пасоши- уапсени се

При гранична и пасошка контрола било констатирано дека на увид приложиле бугарски патни исправи и лични карти за кои постои сомнение дека се фалсификувани.

Имено, при проверка во евиденцијата било утврдено дека ден претходно тие оствариле влез во државата на ГП Меѓународен аеродром Скопје со уредни турски патни исправи, а за излез се пријавиле со бугарски документи за кои постои сомнени дека се фалсификувани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вееле знаме на т.н „Голема Албанија“ во Скопје- уапсени се три лица

На 28.11.2026 во 15:10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од  Џ.Т. (40) од Скопје.

Вееле знаме на т.н „Голема Албанија“ во Скопје- уапсени се три лица

На 28.11.2026 во 15:10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Т. (40) од Скопје на кое имала истакнато две знамиња на Голема Албанија со натпис,,Autochtonous".

На 28.11.2026 во 15:30 часот на Плоштад „Скендербег“ во Скопје, полициски службеници го забележале Ј.А.(21) од с.Драчевица, скопско, кој во раката носел знаме на Голема Албанија со натпис ,,Autochtonous".

На 28.11.2026 во 21:45 часот на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.И.(21) од с.Сарај, скопско, а на кое имало истакнато знаме на Голема Албанија со натпис ,,Autochtonous".

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер