Македонците од Голо Брдо од владата бараатподобра патна инфраструктура - Канал 5

Македонците од Голо Брдо од владата бараатподобра патна инфраструктура

Македонците од Голо Брдо апелираат до албанската влада да го реализира ветувањето за подобра патна инфраструктура.

Македонците од Голо Брдо од владата бараатподобра патна инфраструктура

Македонците во областа Голо Брдо и понатаму се соочуваат со повеќе проблеми, како што е водоснабдувањето и лошата патна инфраструктура и покрај ветувањата дадени од секоја албанска влада дека патиштата ќе бидат асфалтирани, наведува весникот „Илинден“.

При тоа како пример го посочува патот од Мостот на Серец-Стеблево што ќе ги поврзува Пешкопеја со Либражд, кој моментно е во повеќе од незавидна состојбата.

- Македонците во двете административни единици Острени и Требиште во областа Голо Брдо, се надеваат дека ветувањата ќе се реализираат, патот ќе биде асфалтиран и дека ќе биде побезбеден за користење. Како информација за јавноста, да кажеме дека проширувањето на патот и неговото тампонирање е направено во 2012 година, со што патот тогаш беше подготвен за асфалтирање, стои во написот.

Се додава дека „поминаа скоро 11 години, но ветувањата кои постојано се повторуваат никако да се реализираат“ и оти последното ветување датира од пред три години кога почнало асфалтирањето на делницата Либражд - Стеблево.

- Корисниците на овие патишта, најчесто возачите велат дека ова што се случува со инфраструктурата е скандал, и за областа и за жителите, на кои им се прави недозволиво зло со неасфалтирањето на оваа делница. Жителите потврдуваат дека тој не се одржува со чакал, и дека станува тешко да се помине патот во текот на секоја сезона од годината, пренесува весникот „Илинден“.

Областа Голо Брдо, која се протега долж албанско-македонската граница, во делот кај Дебар, е една од најнеразвиените области во Албанија. Со донесувањето на законот за нова територијална поделба во 2014 година и покрај противењето на македонските друштва и партијата, беа укинати трите општини Требиште, Острени и Стеблево и станаа административни единици, па така првите две се припоени кон општина Булќиза (округ Пашкопеја), додека третата кон Либражд (округ Елбасан).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фаталната русокоса е во топ форма

Фатална русокоса е во топ форма, комбинезонот „доаѓа до израз“ за време на тренинг, а секој дел од телото изгледа како извајан.

Фото: Фаталната русокоса е во топ форма

Една од најубавите спортски новинарки на светот, Италијанката, Дилета Леота уште еднаш докажа зошто важи за една од најатрактивните жени во светот, а нејзините најнови фотографии од теретана никого не оставија рамнодушен.

Популарната италијанска спортска новинарка Дилета Леота речиси секојдневно споделува активности на социјалните мрежи, привлекувајќи големо внимание.

Покрај својата одлична фигура, детали од приватниот живот и емотивни семејни моменти, таа често ги прикажува и резултатите од напорните тренинзи и дисциплинираниот начин на живот – токму затоа, по второто породување, таа успеа за многу кратко време да се врати на теренот.

Овој пат, таа објави серија фотографии и видео од тренинг, а најмногу внимание привлече нејзиниот атрактивен стајлинг.

Убавата Италијанка носеше виолетов комбинезон што максимално ја истакнуваше нејзината фигура, а сподели и неколку фотографии на кои позираше од различни агли.

„Мама миа“ – гласи коментарот на еден следбеник, а најпознатата 35-годишна италијанска спортска новинарка на Инстаграм има повеќе од 9 милиони следбеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јакната на Мајкл Џексон од „Thriller“ повторно на аукција: Се продава за 1,8 милиони долари

Црвената кожна јакна од музичкиот спот за „Thriller“, костимот од „Smooth Criminal“ и други предмети што му припаѓале на Мајкл Џексон се изложени во Њујорк, во пресрет на аукцијата што ќе се одржи во Абу Даби.

Јакната на Мајкл Џексон од „Thriller“ повторно на аукција: Се продава за 1,8 милиони долари

Исто така, изложен е и костумот во крем боја што Џексон го носеше во спотот за „Smooth Criminal“ од 1988 година.

Црвената кожна јакна од музичкиот спот за „Thriller“, костимот од „Smooth Criminal“ и други предмети што му припаѓале на Мајкл Џексон се изложени во Њујорк, во пресрет на аукцијата што ќе се одржи во Абу Даби на 7 декември. Предметите беа претставени во вторникот во Њујорк.

Меѓу нив е изложен и костимот во боја на крем, кој Џексон го носел во музичкиот спот за „Smooth Criminal“ од 1988 година. Исто така, изложени се потпишана црвено-црна кожна јакна од спотот за „Thriller“, како и две јакни од турнејата „Bad“ (1987–1989): една потпишана јакна со токи и јакна со натпис „Special Officer“ (Специјален службеник) со кожни ремени.

Колекцијата вклучува и две бели ракавици со светкави детали – едната од настапот на „Motown 25“ во 1983 година, а другата од турнејата „Victory“ во 1984 година.

Изложени се и чевли носени за време на сценски настапи во 1990-тите години, како и ремен од периодот на „Bad“, изработен од сребро и 18-каратно бело злато, кој Џексон го носел на доделувањето на наградите „American Music Awards“ во 1989 година.

Предметите се дел од аукцијата „Мајкл Џексон: Модното наследство“ („Michael Jackson: The Fashion Legacy“), организирана од аукциската куќа „Џулиенс“ (Julien's Auctions).

Од аукциската куќа соопштија дека ова е најголемата колекција на сценски костими, модни додатоци и облека од музичките спотови на Џексон, која некогаш била понудена на продажба. Аукцијата се одржува во хотелот „Роузвуд“ (Rosewood Hotel) во Абу Даби и опфаќа повеќе од 100 предмети.

Се очекува најголемо внимание да привлече јакната од спотот за песната „Thriller“, чиј дизајн е дело на костимографката Дебора Надулман Лендис. Од „Џулиенс“ не наведоа проценка за нејзината цена.

Во 2011 година, истата аукциска куќа продаде јакна од истиот музички спот за 1,8 милиони долари. Ракавица од настапот на „Motown 25“ – за време на кој Џексон пред телевизиската публика за првпат го изведе „одењето на месечината“ (moonwalk) – е проценета на вредност меѓу 600.000 и 800.000 долари.

„Џулиенс“ (Julien's) ја продаде истата ракавица во 2009 година за 430.000 долари. Јакна од турнејата „Bad“, потпишана од Џексон и подарена на фондацијата „Т. Џ. Мартел“ (T.J. Martell Foundation), се проценува на вредност меѓу 60.000 и 80.000 долари.

„Јакната од ’Thriller‘ е онаа за која светот никогаш не престана да зборува“, изјави Мартин Нолан, коосновач на аукциската куќа „Џулиенс“, кога во октомври беше најавена продажбата.

Покрај колекцијата на Џексон, во Абу Даби ќе се продаваат и предмети што ѝ припаѓале на принцезата Дијана – вклучувајќи фустани и лични предмети, како што е кошулата од „Ралф Лорен“ што таа ја носела за време на посетата на Босна и Херцеговина во 1997 година. На аукцијата ќе се најдат и предмети поврзани со Курт Кобејн, Брус Ли, Мадона и Ејми Вајнхаус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер